1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преку тунелот (Through the Wormhole) [Discovery channel]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Shana, 8 септември 2011.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    За љубителите на науката, одличен сериал од Discovery Channel. Преку тунелот (или буквален превод: дупката на црвот) нема никаква врска со споменатото животинче туку се однесува на мистеријата на нашето постоење. Научници од целиот свет преку својата истражувачка работа се обидуваат да одговорат прашања како: што имаше пред постанок на светот; дали сме сами; постои ли еден и единствен творец; како функционира космосот; дали има повеке од три димензии итн.

    Инаку појаснување за името. Wormhole се однесува на кратенка т.е тунел, теоретска креација поддржана од Теоријата на релативноста, процеп во просторот кои поврзува две различни локации или времиња. Аналогијата со црвчето е како тоа прави дупка преку средината на јаболкото поврзувајки ги двете страни.

    Morgan Freeman е во улогата на раскажувач. На серијава и давам 10/10.
     

    Прикачени фајлови:

    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Through the Wormhole (Преку тунелот) [Discovery channel]

    Мислам дека има вкупно 11 епизоди (поправете ме ако сум грешка). Си ги симнав јас сите, уште кога почнаа да ги прикажуват на Дисковери, али ги најдов mkv фајл и многу ми кочеа.
    Како и да е, ги гледав првите 2 епизоди. Првата посебно ми беше интересна, за настанокот на универзумот од 3 гледни точки.
    Доколку некој има торент нека постира :)

    ЕДИТ: Сега видов во Јуни излегла и 2-ра сезона. :)
     
  3. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Повели линк :)
    Комплетна прва сезона 8 епизоди во .avi формат и од втората има 9 епизоди кои треба да ги симнеш индивидуално.

    http://torrentz.eu/search?f=through+the+wormhole