Прематурна ретинопатија

Дискусија во 'Бебе' започната од ivence69, 7 ноември 2014.

  1. ivence69

    ivence69 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Темава ја создадов за сите ние што имаме предвремено родени бебиња и имаат ретинопатија ако има некој да си пишеме искуство совет и како нашите малечки ја пребродеа болеста.
    Вака малку да појаснам за што се работи
    Прематурна ретинопатија или Retinopathy of prematurity-ROP, претставува заболување на окото кај предвремено родени деца, која ги зафаќа крвните садови на ретина во тек на нивниот развој.
    За развој на прематурната ретинопатија одговорни се бројни фактори на ризик кои го пречат нормалниот развој на васкуларизацијата на ретина, а меѓу нив најзначајни се: гестациска старост, телесна тежина при породување, долготрајно давање на вишок кислород и многу други, кои меѓусебно се комбинираат и дополнуваат.
    ретинопатија [1] [2] [3] [4].
    Со подигнување на неонаталната нега, овозможено е преживување на децата со ниска гестациска старост и ниска телесна тежина, што ја зголемува инциденцата на прематурна ретинопатијаи развивање на тешки форми [5] [6] .

    Е сега да ви ја раскажам мојата приказна за борецот на мајка најголем, се проди во 34 недела со 2550 тежина во болница бевме 26 дена од кои 15 во инкубатор со кислород.Кога излеговме од болница ни кажаа дека треба да го носиме на скрининг за Роп (тогаш појма си немав што е мислев некое обично испитување)по скринингот следеше ласер кој го направи др Беким Татеши кои ни кажа дека ласерот е успешен,ни преостануваат понатамошни конторли на 3 месеци па на 6 месеци и сега кога правевме годинка ни беше последна контрола ехо на очињата.Сега за 4 месеци ни закажаа некој преглед каде ке се утврди дали ке треба диоптија или како се развило окото дали има последици или оштетувања од ласерот.
    Сакам да прашам доколку се пронајде некој во темава да ми пише искуство за поголеми дечиња со РОП како ке биде понатака што да очекувам дали има некоја препрека.:?::worried:
    Извинете за долгото објаснување ако сметате дека не е адекватна тема може да се избрише слободно