Уште не го преземавме тој чекор Откако дознав дека сум бремена спие до татко му,со цел малку да го оддалечам од мене зошто беше многу приврзан,а и за да не ме клоцне по стомак. Спие на кревет прилепен до спалната,а како ми тргнала работава од другата страна ќе го монтираме креветчето и ќе бидиме сите на куп изгледа. Освен ако не се решиме летово за детска...
Мојата госпожа е 6 години и спие или со мене или со мм, големка е и на спална не не собира сите тројца. Јас не сум ни пробала да ја легнам во друга соба сама, убаво ми е да е до мене да ја чувствувам. На пролет сме во план да и направиме соба па тогаш ќе пробаме да спие сама.
Син ми почна да спие на 2.5 години во детската соба, од првата вечер како беше готова собата, се префрли без проблем, без будење ноќе, ниту да доаѓа кај нас во спалната. Од 2 години заспиваше сам во неговото креветче што беше сместено кај нас во спалната, така да верувам дека и тоа беше олеснителна околност, што не го заспивавме со мм. Едноставно го миев заби, пижами, книга и легнуваше да спие сам, додека ние во дневна гледавме серија или средував по дома нешто. Детската му ја спремивме се комплет, со мебел, полици, слики на зид, детски тепих, сите играчки таму и кога влезе првиот пат беше воодушевен, многу се радуваше. Одма прифати дека тоа е негово катче, за играње, за спиење. Сега е 4год, без проблем уште си спие во собата.
Темата оддамна не е активна ама да прашам тука, се надевам некој ќе види. Планор е за некој месец на околу 2 години да го префрлиме во неговата соба. Разгледуваме каков кревет да земеме. Немаме многу простор за таков голем на под што е. Некоја да ми даде совет што димензии да барам и која висина да е, дали заграден или отворено понизок? Ми требат практични совети, кревет кој би траел повеќе години да не е за 2-3 години да купуваме друг
И јас така некако пред 2 години ја префрлив во соба, иако 99% од времето се префрла кај нас. Јас земав ваков со намера до кај 5-6 год да го користи. На земја не сакав пошто сакам да чистам доле. Малку е нестандардна димензија, помал е, ама здравје кога ќе тргне во школо ќе има сигурно друг концепт собата па ќе земаме нов, можеби со екстра душек за ако има sleepover и сл. Ако не планираш да го менуваш минимална димензија за единечен по мене е стадард 90х200. Ќе ставиш заштитна ограда и нема да паѓа, има во икеа. Мојата ни еднаш од овој не паднала, а од спалната колку и да ставам бариери ми се има утепано. И доле до кревет обавезно ставам од подлогите за играње или тепих меко за секој случај. Висината нека биде доволна да може да се качи и симне, да не е превисок, не мора да е на земја, 2 години се веќе се пентарат.
Neznam kolku prostor imate i kaj nas ne e golema sobata . Nie kupivme od Ikea odozdola ima fioki i uste eden krevet moze da se izvlece vo slucaj da mu doaga gostince ponataka. Na samiot krevet nemaseograda ama poracavme dopolnitelna i ja montiravme.
Супер идеја ви е со додатната ограда, фала ви ќе го разгледам овој избор. И тоа со фиока за душек не е лоша идеја, секако ќе има вечери кога ќе бара некој од нас таму да е па да имаме каде да легнеме, за друг кревет плус во детска немаме место. Добри насоки ми дадовте фала ви женски