Здраво мајки! Бидејќи ваква тема не најдов конкретно за овај проблем решив да отворам, но доколку има, а не сум видела слободно во канта. Епа вака ние имаме голем проблем. Родени сме пред време 33 недела, поради инфекција и недоразвиени бели дробови 28 дена беше во инкубатор и беше рането со сонда. Од 9ти Април сме заедно на неонатологија. Од пред една недела пробуваме со шише ама нејќи и нејќи да пие. Многу помали дечиња од нас запиле и си заминале ние никако, инаку сосема сме во ред докторите велат нема причина да не пие таа од 30 мл што и е дозата само максимум 15 мл пие на шише после тоа си држи шише во уста и спие или плука, а јас нерви кинам. Млеко јас немам пие адаптирано и млекото и го сменаа да не не ја бендисва ама ништо таа пак не пие и не пие неможиме дома да си одиме. Секакви шишиња пробавме море Томи Типи, Медела Калмита, Чико, Авент еден куп други обични и Мам ја чекам да стигни уште таа не е пробана. Пробав и на двапати да и го давам 15 мл па пауза пола сат па пак 15 мл и тоа џабе. Па некој совет мислев ако знајте да ми дајте, дали имал некој ваков проблем јас повеќе незнам што да правам, без надежна сум.
Мојата во болницата ги пиеше 10, 15 мл 20мин и повеќе, а останатото преку сонда. Во среда и ја ставија сондата, во сабота ѝ ја извадија иако пиеше по малку. Педијатарот ни рече подобро е дома да одиме и да пие колку што пие отколку да седеме таму и да закачиме нешто друго. Дома продолжи на 1 саат по 20мл. Ќе ги испиеше и ќе застанеше. Педијатарот ми кажа да и го држам шишето во уста цело време и горе меѓу тврдото и мекото непце да стимулирам со цуцлата. Кога повлече кога не, ама постепено го намалувавме времето кое беше порано потребно да го испие млекото. Јас те уверувам дека кога ќе си одете дома ќе биде подобро, ама проблемот е додека ве пуштат. Колку кг е? Лажливка и даваш така? Мислам не е ни до шишињата едноставно си е бебето такво помрзеливо, научено преку сонда и сега не сака да цица. Ама со тек на време ќе почне. Немам некој совет да ти дадам, само утеха, оти знам како е. Ќе мине.
Многу ми е жал.. А да пробате со некое од шишињата што веќе ги имате ама со побрза цуцла? Нешто со поголеми дупчиња. Знам дека е мало бебето и брзо се изморува, па со цуцла за над 1 месец или побрза. Е сега од тоа може да се засркнува, но не знам друго што би можело... Пробај па види бидејќи овие медела,авент,томи типи најчесто такви се малку тече млеко за да не се одвикнат од доење и тоа може да ја заморува малата и затоа да не пие..
Даа и јас така мислам инаку научена е сонда ја мрзи ептен ама и веќе не можат да не држат и ја извадија сондата 2220 е иначе константно напредва лаживка да ја цуца нема никаков проблем ќе видиме сега како ќе јади.
На мајчино млеко беше на почеток и ептен малце напредуваше, по 10гр на ден. Дадов ад пренан, почна да напредува по 25гр.дневно. Скоро минимално ама битно напредува. За 2 недели беше качила 350гр, денес пак треба да одиме на мерење. Се роди 2400гр, не испуштија по 5 дена со 2250, на 2 месеци имаше 3350. Мојата се роди на термин, ама немаше рефлекс на цицање и педијатрите ја сметаа за недоносена и заради некои други знаци
Мојава ќерка е родена 33 недела, со 1810 гр. Беше во инкубатор 6 дена и два дена во топло креветче. Од почетокот си дишеше самостојно, фала му на господа немавме никаков проблем, во инкубатор беше само затоа што беше мала и предвреме родена. Во Систина беше научена на медела, ама дома не ми прифати ниту медела, ниту авент, ја прифати само цуцлата на бејби нова, најефтината што се вика, и уште си тераме со неа. Многу ни беше тешко првите денови за хранење. Препорачана доза 30 мл на три часа, таа едвај 10, 15 мл. испиваше. Ние ја храневме почесто, секој час, час и половина, па постепено почна побрзо да пие, и за една недела отприлика дојдовме до 30 мл.на три часа.
Така ми е планот и мене само овде неможам да топлам млеко ми носта мојата се роди со 1930 кг 33 недела , 28 дена беше во инкубатор заради инфекција и не доразвиени бели дробови иако 2 дена сама дишеше. Ја имаме и таа цуцла. Тука сме 14 дена на неонатологија од кои 8 само заради тоа што не пие 30 мл на секој оброк со шише тоа што нема да го допие ме тераа сонда да додавам денес конечно ја тргнаја. Па сега ќе видиме.
Пишевме ние неколку пати ,ти кажав дека немам појма какво шише и дале и што како . Мојава беше лакома тоа дома видов. Ама забелешка ми е лажливката,мислам да не е подобро да не и ја даваш ? И цуцла да бараш што не мора многу да влече , бејби нова се такви. Нема сила да влече многу затоа е таква И гледај ако не за пола саат понуди после 40 минути... бидете добри
Многу и течи бејби нова и плука, лажливка не давам повеќе и онака, немам многу избор тука млеко ни носат еднаш на три сати
Не се разбирам, само како идеја, во болница ги ранат со шприц...да пробаш така наместо со шише? Сега дочитав си пишала за шприц. Ништо полека и само упорно ти со шишето, ќе јаде,ќе огладни ќе нема друг избор
Моите близначиња првиот ден дома исто не фатија цуцли од шишињата кои им ги имавме купено. Нервоза невидена е, знам. Првиот ден го минавме со шприц. Ама беа лакоми многу па јадеа. Ама не е работа така. Наредната ден пробавме неколку. И двајцата ја прифатија каучуковата на Нук. Потоа ни бркаше работа и на бејби нова исто од каучук. Две одат го пакување,60+ денари се.Не давај силиконска, потешко оде цицањето со неа. Мислам дека треба да пробаш погореопишаната на Нук. Стискам палци. Многу добро знам како се чувствуваш.