1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Премногу либерализам" - зло за човековото општество

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 24 јануари 2018.

?

Што би значело премногу либерализам?

  1. Зло за човековото општество

    63 глас(а)
    69,2%
  2. Добро за човековото општество

    28 глас(а)
    30,8%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Свесна сум дека либерализмот, сам по себе, се однесува на идеологија и филозофско мислење која што го зазема мислењето дека слободата и еднаквоста претставуваат основна вредност во едно општество.

    Поради тоа и денес има многу луѓе кои во денешново модерно општество се нарекуваат либерали и често поддржуваат работи кои во минатото биле забранети или се сметале за неморални.

    И како што човековото општество се развива се повеќе и повеќе, така и либерализмот е застапен скоро секаде во светот.

    Меѓутоа, се смета дека на некој начин, премногу либералност може да доведе многу проблеми во општеството.

    Неспорен е фактот дека општеството има потреба и треба да биде регулирано со закони и правила, дури и без нив ние природно создаваме правила засновани врз сопствените ставови на нашето општество за моралот.

    Ако одиме до крајност и речеме дека луѓето треба целосно да се ослободат од правилата и власта тогаш тоа би создало проблем.

    Сепак во овој случај, акцентот се става на правилата, а под правила може да се земаат во предвид и научните и религиозните правила.

    Всушност, мислам дека тоа и би било невозможно - луѓето имаат потреба од организација да направат нешто заедно, така што секогаш ќе има некаква лидерска личност или група луѓе кои се одговорни.
    Овие работи се дел од човечката природа, бидејќи тие се социјални а не индивидуални суштества.

    Освен тоа, на луѓето им е потребна општествена организација да функционираат како посебен вид.
    А и не сум сигурна дали воопшто постои нешто како навистина егалитарно или бескласно човечко општество ...
     
    На kikikikirika, kikkki, Ginger^ и 10 други им се допаѓа ова.
  2. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Роуз, ова бара надополнување мислам.
     
    На daylight и Briar Rose им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Во која смисла?
     
  4. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Па тоа “се смета“... Кој смета така и зошто?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    Се што е претерано не е добро, па и либерализмот. Јас сум за либерализам додека е во нормалните граници, сепак тоа значи дека сме понапредни од минатото и со поотворен ум. Но премногу либерализам може навистина да направи проблеми во општеството. Ако секој прави што сака без почитување на никакви правила би било хаос. Така да, се што е претерано е зло.:)
     
    На LiliBoz, glosipgirl, YoungandBeautiful и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ова е инспирирано од една тема за која пишував во при крај на моето основно образование во училиштето во Канада. Беше дадена како есеј и многу деца од класот имаа различно мислење, но одреден дел сметаа дека премногу либерализам може да доведе до неправилно функционирање на општеството во поглед на занемарување на правила и норми кои отсекогаш се почитувале и се сметале за нормални (религиски и научни).
     
    Последна измена: 24 јануари 2018
    На Scott Weiland и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Amellie13 ти благодарам на твојот одговор во темата. Во генерална смисла можам да кажам дека се согласувам со тебе.
    Само ако општесвото започне одредени работи да ги перцепира за "сосема нормална и модерна појава" без разлика дали тоа ќе биде од религиска или од научна гледна точка, тоа не значи автоматски дека тоа општество напредува, туку напротив - ќе започне да се распаѓа со тоа што ќе почне да ги губи своите вистински вредности под изговор дека еднаквоста и слободата се основните вредности.
    Да, тие и се такви но истите мораат да имаат и одредена граница.
     
    На Lianna Anna и Amellie13 им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ни едно, ни друго. Либералите се главно, незрели луѓе со кои премногу се манипулира. Во време кога сечиј глас и став се зема предвид, тие служат како алатка за остварување на интересите на дел владејачки структури. А истото она што е лошо за мене, пример, или за една група - за некого, или за друга група, е добро, затоа насловот не ми е прикладен, ниту анкетата.
     
    Последна измена: 24 јануари 2018
    На RedRevolution, Abeja, Tanjamm и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Либерализмот како политичка идеологија се залага за почитување на слободата и изборот на индивидуата, еднаков правен статус за сите и ставање на личноста пред државата, со разни подвидови на истиот (класичен, неолиберализам итн.)
    Не се стреми за ослободување од правилата или пак државата, туку само почитување на рамката на тие вредности како такви, а не на контролирање на целиот живот на една личност:)Само што либерализмот често оди во многу погрешни правци и наметнува одредени вредности на сите други со што се губи неговата суштина:)
     
    На Asistentkа, honest girl, YoungandBeautiful и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Monna.Monna да, знам дека либерализмот е и политичка идеологија но концептот овде е претеризмот на еднаквоста и слободата која им е понудена на луѓето.
    Зборувам и од религиски и од научен аспект, како на пример стапување во брак со предмет и тоа сите да го сметаат за нешто нормално - дали тоа ќе доведе до напредок или до распаѓање на основната цел на човековото општество;
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.421
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам ни со едното, ни со другото, од таму - нема да гласам на анкетата.
    Сум била во водите на либерализмот и од сегашна гледна точка сфаќам дека не е добар. Супер е да си отворен кон нови работи, ама добро е и да знаеш зошто си отворен за тие работи. Има работи кои за мене се точни и вистинити, или не, и се водам кон мој морален, идеален код на живеење. За некој е либерален, за некој е конзервативен, ама како личност се водам дека средината е секогаш вистината, а ако се најдиш себеси во некој краен дел - тогаш веројатно или не размислуваш или си длабоко предводен од срцето, некоја лична траума и слично (ова го сфатив во една тема, на форумов. Секогаш сум некаде во средина, ама во оваа конкретно тема се забележав себеси премногу наклонета кон другата страна и после неколку дена откако ми оладија мислите на темата сфатив дека претерав. Згрешив, претерав, зошто премногу се наклонив кон едната страна додека бев предводена од лични чувства).
    Така да, ни либерализмот е зло, ни пак е добро. Туку е неопходно, особено во младинска култура. Мора да има конзерватизам, мора да има либерализам и мора да има нијанси во средината. За секој конзервативен човек, мора да има и еден либерален и обратно. Впрочем, така е со се во животот. И во ред е да има луѓе на двете страни, и во ред е да има луѓе кои не се пронаѓаат целосно во ни едно.
    Ама, кога би подразмислила, кога државата е во криза, во распад, кога постои ропство, се шири националното чувство, за да се зачува традицијата и тоа што постои, но при едно глобално оштество, мора да постои либерализам за да сите различни култури се вклопат совршено едни со други.
    Сепак, како личност сум порасната да ги почитувам желбите и изборите на другите луѓе, па можам да кажам дека сум благо наклонета кон него, ама не значи дека целосно го поддржувам, или пак дека целосно се согласувам.
    Заклучок би било, дека е најисправно да ги правиме нашите избори со размислување и наша глава, а не само да прифатиме нешто зошто ја почитуваме одредената идеологија.
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Asistentkа и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @theowndemon golden middle ;)

    Сепак во денешно време не би можела да кажам дека поголемиот дел од светот се толку конзервативни, односно имам впечаток дека луѓето стануваат се полиберални дури и за нешта кои се навистина апсурдни.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Многу зависи од тоа како се перцепира тој поим „премногу“ либерализам. За некои и мешани бракови (меѓу различен етникум/вера/боја на кожа) се сѐ уште ((пре)многу) либерална појава. Некои и сега, во ова конкретно наше не толку развиено општество, како узречица се жалат „каде одел светот“... Итн.

    Јас лично се гледам себеси и се декларирам како либерал (по идеологија, не ориентација која ја користат домашни или партии каде било во светот). Јасно и отворено го кажувам тоа, самостојно отсекогаш во тој правец ми се развивале ставовите за општеството и никој не може да ме навреди или исмее со тој епитет.
    Околу себе во реалноста многу ретко, речиси ич не познавам луѓе кои одат во крајности со либерални идеали во врска со општеството. Баш напротив, на секој чекор слушам и читам обиди прогресивните ставови кои и тоа како се здраворазумски и против дискриминации која навистина сѐ уште постојат – да се исмеат, поистоветат со неморал, површно следење мода и идоли од западот. А луѓево не се свесни дека да не се развиле во некои други времиња такви прогресивни ставови и идеали кои тогаш исто биле перцепирани, и самите можеби по некоја основа би биле дискриминирани како тие категории што ги гледаат како неморални, и и самите не би ги имале правата и слободите што ги уживаат, посебно слободата на говор.

    За мене барем, неморалот (под што подразбирам постапки што повредуваат некого и се косат со вистински хумани вредности и здрав разум) не спаѓа во либерализам. А анархија како општествено уредување, пак, е нешто сосема трето.
    Е, ова третово јас го сфаќам како „премногу либерализам“, коешто би било штетно – исто како и било што друго кога ќе се доведе до екстремни граници.
    Сепак, одговорите на прашањето се многу субјективна и релативна работа :)
     
    Последна измена: 24 јануари 2018
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Asistentkа и 12 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.421
    Пол:
    Женски
    Мора да има и средината врска со тоа колку некое население глобално земено е конзервативно или не. Во непосредна околина и не среќавам толку либерални мислења и ставови, наспроти другите. Ама, таму каде што е позастапен либерализмост се качва една скала повисоко, односно оние примери кои ги наведи ти - веначавање со предмет на пример. Што према мене, е навистина претерано. :D
     
    На Rebecca_R, Asistentkа, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Да е либерализам како што треба не би имало проблем но либералите ептен си земаат за право да се мешаат во други животи. Штом не си и ти либерал веднаш те декларираат како дискриминатор, фашист и слично, а зборуваат за слободна воља.. :lol: Модерен вид на диктатура.
     
    На Abeja, elimkd, faye и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Ќе се сложам со амели, спешл. сдјго, овндимон, мона и со тебе Брајар, ништо што е во екстрема не може да биде добро.
     
    На YoungandBeautiful, Lianna Anna, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Претеран либерализам е анархија. Анархијата секако не е нешто добро, далеку од тоа, морално и правно безредие. Секако мора да има норми за да се регулира општеството.

    Од друга страна, мислам дека би било идеално либерализмот да го достигне максимумот, највисоката граница пред да премине во анархија. That is, без стапување во брак со предмет или животно или пица (не знам зошто на ова им текнува на луѓето кога ќе помислат на либералност) бидејќи не опфаќа consenting adults.

    Но, за да фукнционира едно такво општество треба луѓето да ги уживаат своите слободи без да ги попречуваат туѓите. :) За жал, конзервативците не можат да си го дозволат тоа.
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Asistentkа и 11 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Премногу либерализам е зло кое од жената направи вулгаризам...
    Единствената штета е само тука;)
     
    На elimkd и Briar Rose им се допаѓа ова.
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    И јас сакав ова да го потенцирам. За општество без правила и без некаков систем т.е. власт се залагаат само анархистите. А човекот сигурно дека нема да ја достигне таа точка пред сè зошто човекот не е совршено суштество и сите се свесни за тоа. Премногу слобода не е на арно. Сепак има држави кои се нуклеарни сили и имаат потенцијал да го уништат целиот свет. Ако не постојат закони тешко дека човекот ќе опстои долго време на планетава.

    @Someonespecial

    Затоа и Западот е светлосни години понапред од нас и од Истокот бегаат главно на Западот. Поради тие прогресивни ставови. Тоа што и таму има работи кои не се за оправдување да, се согласувам тука, ама во генерала тој начин на размислување се покажа како далеку подобар во секој поглед од размислувањата кои ги негуваат тука конзервативците.
     
    Последна измена: 25 јануари 2018
    На kikkki, CameliaMiller, Asistentkа и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе овде и оваа реченица всушност ме потсети на шансата за војни во вселената, бидејќи и покрај тоа што во Договорот за космосот јасно стои членот кој вели дека вселената смее да се употребува и истражува само за мирни цели, сепак USA има се поголеми тенденции вселената да го претвори во едно големо воено поле.

    Така, голема е веројатноста USA да го прекрши, или јавно и тајно, овој член кој не дозволува вселената сеуште да не стане како the wild west ...
     
    На kikkki, Asistentkа и +++ им се допаѓа ова.