Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Премногу либерализам" - зло за човековото општество

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 24 јануари 2018.

?

Што би значело премногу либерализам?

  1. Зло за човековото општество

    63 глас(а)
    69,2%
  2. Добро за човековото општество

    28 глас(а)
    30,8%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Според Канадскиот закон, оние поединци кои сакаат да поседуваат или да стекнат огнено оружје во Канада мора да поседуваат важечка лиценца за поседување или поседување на поседување (PAL / POL); било која од овие лиценци му овозможува на стекнувачот на лиценцата да купи муниција.

    Освен тоа, постојат три главни чекори кои мора да се поминат и тоа:

    1. Обука за безбедност - за да може кандидатот да добие PAL, тој мора успешно да го заврши Канадскиот курс за безбедност на огнено оружје;

    2. Аплицирање за лиценца - засега постои само еден вид на лиценца за новите апликанти, лиценцата за поседување стекнување (PAL);

    3. Безбедносен скрининг - се вршат позадински проверки, како и референтни интервјуа. Во овој случај сите апликанти задолжително се проверувани, а задолжителниот 28-дневен период на чекање им се наметнува на кандидатите за првпат, но конечното одобрување може да биде подолго;

    Ама кога станува збор за законитоста на правото на самоодбрана со огнено оружје, како во USA, мислам дека тоа е сеуште предмет на контроверзност.

    Познато ми е дека правото на самоодбрана е секако легална, ама исто така би рекла дека е и многу ограничена и покрај фактот што Кривичниот законик ја признава самоодбрана со огнено оружје.

    Со други зборови, Законот за огнено оружје обезбедува законска рамка во која поединец може да стекне, да поседува и да носи ограничено или (одредена класа) забрането огнено оружје за заштита од други лица кога полициската заштита се смета за недоволна ама овие ситуации и околности се многу ретки во поглед на такво прикажување и достапност во јавноста.

    Исто така, имам впечаток дека ова право на самообрана со огнено оружје е најчесто применливо ако одреден поединец се одбранува од некое опасно диво животно.
    Освен тоа, дури и некој да биде доведен во ситуација да мора да се самоодбрани од друг поединец со огнено оружје, сè додека обвинетиот може да докаже дека неговиот живот е во опасност.

    Според листата која @Bender Rodriguez ја постирал, видов дека Канада се наоѓа на 10-то место, што сепак е високо.
    Но да бидам искрена, малку се изненадив кога видов дека РМ не се наоѓа толку далеку на листата како што очекував, односно на 19 место...

    Во моето семејство би рекла дека никогаш немало потреба да се набави огнено оружје за самоодбрана, можеби бидејќи во авенијата каде што живеев најчесто немаше многу случаи кои беа опасни по живот, иако се сеќавам дека многу често беше повикувана полицијата од страна на соседите околу зградата или поради пијанство, поради еден маж што сакаше да претепа жена со baseball палка, дрогиран човек кој гол трчаше на снегот и ред други работи :D

    Ама моите блиски роднини кои живеат во USA имаат многу видови на огнено оружје кое го поседуваат и го набавиле од таму, можеби не толку за самоодбрана колку што причината е чисто ловџиска и колекционерска. И голем дела од нивната колекција на оружје сум го видела дури и овде во РМ ...
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Мислам дека во Америка проблемот е менталитетот - оставштина од Дивиот Запад, па затоа секогаш имале висока стапка на криминал, а оттаму и овие ненормални испади со решетења, коишто се најчести таму.
     
    На Joi и Briar Rose им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не се доискажав. Криминалците сигурно нема да бараат дозвола, во секое време ќе имаат оружје и пристап до него, па сметам дека не е ниту фер, под такви околности, на нормален граѓанин да му биде одземено правото на самоодбрана, само затоа што е некој друг ненормален, не може да си ја контролира болната психа, и би искористил оружје за некаков упад на јавен простор.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    @Briar Rose

    3. Безбедносен скрининг - се вршат позадински проверки, како и референтни интервјуа. Во овој случај сите апликанти задолжително се проверувани, а задолжителниот 28-дневен период на чекање им се наметнува на кандидатите за првпат, но конечното одобрување може да биде подолго;

    Мислам дека ова доволно говори за целата листа што е поставена и за тоа што е разликата меѓу Америка и Канада. Србија оставете ја, тие оружја што ги има Србија се резултат на граѓанската војна, војна во која без психолошки тестови се пријавуваа и можеа да војуваат: четници, наркомани, убијци и така натаму. После војната голем дел од овие луѓе си го задржаа оружјето зошто беше хаос во Србија. Слично како со Либија после падот на Муамер Гадафи каде владееше безредие и големиот арсенал на оружје заврши на црниот пазар.

    Во Америка загарантирано ти е правото на оружје со устав. Во Канада не ти е. Огромна разлика. Што значи може секоја будала да купи оружје.

    Во Мексико на пример сите продавници за оружје се контролирани од страната на армијата. Ама пак има криминал зошто се купува на големо оружје преку граница во САД и се шверцува истото.

    И листата говори за 300 милиони парчиња оружје на популација од 325 милиони луѓе. Ова е огромна бројка.


    According to the Congressional Research Service, as of 2009 there were roughly twice as many guns per capita in the United States as there were in 1968: more than 300 million guns in all.[5][7]
     
    Последна измена: 18 февруари 2018
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @sjdgo проблемот е што, покрај криминалците, барем 95 % од Американското население, па и луѓето кои живеат во слично општество, имаат нарушено здравје.
    Како што ти би ги нарекла "нормални граѓани" тоа не значи дека тие навистина се такви, зборувајќи и од аспект на самиот менталитет.
    Со самото право и слобода секој да поседува огнено оружје, тоа не значи дека населението ќе биде безбедно.
    Постојат којзнае колку луѓе кои имаат искривена перцепција на нештата и мислат дека ако имаат оружје, можат да прават што сакаат под изговор дека тоа било во самоодбрана.

    @+++ Знам, всушност тоа беше и концептот кој сакав да го доловам овде. Разликата меѓу USA и Canada, кога станува збор за правото и слободата на поседување огнено оружје за самоодбрана, е голема.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Во ред, my bad. :)

    Самата бројка на листата за САД говори. 300 милиони парчиња оружје на популација од 325 милиони луѓе. Претерано многу е. Чудо досега како не се измасакрирале.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Да не претеруваме, не се испоуби цела Америка меѓу себе, далеку од тоа. Гледано на некој начин, луѓето ширум целиот свет не се нормални, исто околу 80-90%.
     
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Да, тоа што го кажуваш е точно, меѓутоа сакав да потенцирам дека според мене претставува премногу слобода буквално секој да го ужива правото во поседување на огнено оружје во една земја бидејќи реално гледано, не секој поединец е психички и ментално способен да поседува таков вид оружје. Па дури и да е, не постои гаранција дека во иднина неговата психичка состојба нема да се влоши и под таков ефект го искористи тоа право за да загрози нечиј живот.
     
  9. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    @Briar Rose

    Инаку кога сме веќе кај Трамп и Марко Рубио (најголемите поддржувачи на оваа глупост), не знам дали знаеш но Трамп за неговата изборна кампања токму од лобито за оружје доби дваесет милиони долари, додека пак Рубио доби шест милиони долари. Сега види зошто Трамп толку жестоко го брани ова.

    Искрено, Обама беше најдобриот претседател што го имала некогаш Америка. Сите го сметаа за слабак зошто не покажуваше сила и се насочи кон тоа да ги намали трошоците на Америка и досега единствениот претседател (барем така мислам) кој досега бил за тоа да се смени ова во уставот на Америка. Ама не успеа поради републиканците. Сега дури сфаќам дека бил најдобар претседател.

    Америка има исто така огромни долгови и сега Трамп (бидејќи сака да покажува мускули) донесе најголем буџет досега кој бил постигнат во историјата на Америка за војската: 700 милијарди долари.

    Само вака гледам многумина веќе сфаќаат дека е фолирант и нема да остане на власт повеќе од четири години. Ако успее да остане четири години.

    Зошто сега се спроведе истрага поради вмешаноста на Русија во изборите на САД. Има и докази. Русите фрлиле за таа кампања вкупно еден милион долари, а троловите оперирале од зграда во Санкт Петербург. Водач на операцијата бил готвачот на Путин. :)
     
    На Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @+++ во врска со твојот пост, само би рекла дека се потврдува она во коешто цврсто верувам а тоа е дека во денешно време либерализмот има лажно значење за разлика од порано, односно сега скоро и не постои.

    Како што сум коментирала и порано на темава, оној кој се наоѓа на врвот на хиерархијалната пирамида ќе ги убеди останатите луѓе кои се наоѓаат под негова власт дека им е обезбедено поддршка и заштита, кога во реалноста сето тоа претставува една голема лага да може да продолжи да ги користи нивните способности и права, кои се од гласачка и од лукративна цел.

    Ова е само една од причините поради која го перцепирам човековото општество како ропство со екстра чекори.

    Ако ропството денес се асоцира на црните луѓе, тогаш тоа е една голема заблуда - вистината е дека скоро сите луѓе на планетава се робови, а ропството како концепт никогаш не изумрело...
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Hекој може да работи во полиција, војска или како обезбедување, па да му се влоши психичката состојба и да стане опасност.
    Некој чие здравје се нарушува, може да загрози животи додека управува возило.

    Јас мислам дека треба да бидат вршени психолошки тестови пред поединецот да се стекне со право на поседување оружје. But then again, црн пазар, или предмет оставен во наследство...

    Со толку парчиња по жител, тие се подготвени за civil war :D

    Мене па овие со пасија кон оружјата ми се најсомнителни :D
    Јас во оружје гледам само средство за заштита и одбрана, од ниту една друга причина не ме интересира.
     
    На Joi, Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Јас веќе се согласив со тебе во врска со тоа дека луѓето се на еден начин робови. Ваков вид на ропство имало во секое општество, а има и сега. Кога станува збор за економија и лични интереси, ниту еден систем нема милост. Ама од друга страна ако престане овој начин на функционирање ќе престане и глобализацијата.

    Од друга страна човекот мора да подлежи на закони. Не велам дека не си во право донекаде ама ги гледаш работите еднострано, не ме сфаќај погрешно.

    Во моментов едноставно нема подобра опција. Не ни е на нас до толку развиена свеста за да функционираме онака како што си замислуваме јас и ти: без влади, политички партии и.т.н.
     
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @sjdgo во врска со психолошките тестови, потполно се согласувам со тебе, но тогаш претспоставувам дека во USA значително би се намалил бројот на луѓето кои би поседувале огнено оружје.

    @+++

    [​IMG]
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    На луѓе со такви дијагнози не им се дава дозвола за оружје, што сепак не значи дека и секој недијагностициран не е потенцијална закана, ама има некакви ограничувања законот, се прават проверки. Инаку процентуално најмногу убиства со огнени оружја се случувале помеѓу гангстерски групи а нив и забрането да им е пак ќе дојдат до оружје. Друго, во статистиката се вбројуваат и самоубиствата а нив веројатно ќе ги имало во сличен број дали со пиштол дали со апчиња или јаже, и трето читав е дека голем процент на криминални дејствија се спречиле заради тоа што оние што биле загрозени поседувале оружје. Демек, во одбрана, потребата од поседување оружје се јавила заради криминалот што веќе владеел, а не дека тој е зголемен со дозволата да се поседува оружје. Па по статистика Америка и не е ниту меѓу првите 10 или јас грешка статии отварам?
     
    На Bender Rodriguez и Briar Rose им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Иронија на судбината. Истите тие кои биле прогонувани наместо да се придржуваат до традицијата која ја налага нивната мудрост, учествуваат во технолошкиот напредок на САД на еден начин, и во неговото општество. Претерано се ретки тие кои живеат на овој начин.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @+++ не сум сигурна за во USA, ама верувај дека во Canada е огромна реткост да видиш оригинален индијанец.Низ сите овие години, мислам дека максимално сум видела индјанец два или три пати во мојот живот.
    Мислам дека живеат во посебни места или резервати, и скоро и не се мешаат со Канадското население, што е навистина трагично.
    Џабе им е што не плаќаат данок кога не можат слободно да чекорат на сопствената земја, а да не спомнувам колку пати на вести сум видела како се без причина брутално убивани, силувани, продавани и слично.
     
    На CameliaMiller и +++ им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Сакаш да кажеш дека домородните американци се виновни за криминалот а дојденците се душички? Најголемиот геноцид во историјата е извршен врз домородните американци од страна на колониите, убиени биле преку 9 милиони.
    Зошто мислиш дека е трагично што не се мешаат со канадско население? Ако за нив е тоа убаво и тие тоа го практикуваат без присила нема што тоа да биде трагично.
     
    На Scott Weiland и Briar Rose им се допаѓа ова.
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    @Briar Rose

    Мислам дека дијалогот што го постави со Индијанецот го толкував погрешно. Дали Индијанецов сака всушност да каже дека грешката во „белите луѓе“ е тоа што всушност се стремат кон експлоатација и лична корист?
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Секогаш кога се ограничува нечија лична слобода за сметка на општото добро, истото мора да се прави многу, многу внимателно, зашто во спротивно, резултатот може да биде во спротивност со посакуваната цел.

    On point муабет на дискусијата за gun control и спречувањето на вакви инциденти во школите во САД:

    28055726_231638100717252_4395085525584361503_n.png
     
    На Scott Weiland, CameliaMiller, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Професорите да носеа пиштоли до сега, кој знае колку вакви трагедии ќе се спречеа.
    Влагаш со пушка во школо и знаеш дека нема кој да те скине зашто сите се невооружени. Друго е кога знае дека има има на пример 20 наставници со пиштоли плус обезбедување.