1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Премногу либерализам" - зло за човековото општество

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 24 јануари 2018.

?

Што би значело премногу либерализам?

  1. Зло за човековото општество

    63 глас(а)
    69,2%
  2. Добро за човековото општество

    28 глас(а)
    30,8%
  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Па и Русите не се баш далеку од тоа, кога ќе видиш и двете страни ја користат вселената за воени цели и тоа особено за време на Студената војна. :)
    А и сега искрено, таа војна сè уште трае според мене.

    Но, да се вратиме на темата.

    Токму од таа причина што човекот не е совршено суштество треба да има закони и треба да се разграничат работите меѓу добри и лоши т.е. меѓу добро и зло.

    Стивен Хокинг има пишувано на оваа тема во врска со интелигенцијата дека таа еден ден ќе го уништи човекот. Можеби и не, сепак тоа е само теорија.

    Затоа сметам дека претеран либерализам не е во ред.

    Инаку од психолозите Зигмунд Фројд тврди дека човекот во генерала е несреќен затоа што од мал му се наметнуваат тие општествени норми и правила и смета дека човекот е подобро да живее без било какви правила и било какви системи и без било какви закони. Ја имам дома книгата.

    Ама не се согласувам целосно со ова. Едноставно мора. Ние поседуваме интелигенција која колку што може да биде добра толку и лоша. По тоа се разликуваме од останатите живи суштества на планетава.
     
    Последна измена: 25 јануари 2018
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Да, конкретно збора за културата. Вели дека човекот во првобитно општество, кој не можел да се задоволи сексуално ради строгите правила, се освртнувал кон културата, уметноста. Смета дека културата и правилата и законите кои идат со неа, ја потиснуваат еротската енергија на човекот.
    Ама, убаво беше кажано на претходната страна, свет без правила и претеран либерализам е анархија.
    Према мене мора да има правила, ама сметам дека и истите треба да бидат доста флексибилни. Не е добро да се нема правила и да се прави што се сака, ама и лошо е да имаме реалност како книгата 1984, со претерана контрола и правила.
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Asistentkа и 8 други им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Сега видов извини, дека си пишала и за законите. Не само еротската енергија туку и тие нагони за убивање т.е. за правење лоши работи. Да те надополнам само. :D
     
    На Someonespecial, theowndemon и Briar Rose им се допаѓа ова.
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058




    Russian man 'marries' a pizza because love between humans is 'too complicated'



    [​IMG]



    https://www.mirror.co.uk/news/uk-news/russian-man-marries-pizza-because-6846784

    The un-named man married a pizza after becoming fed up with being single.

    Вакви работи има и во поконзервативните општества, не само на Западот.

    Најмногу игра улога за вакви работи и домашното воспитување, што знам, искрено реков јас еднаш во една тема, деца се раѓаат во Јемен под катастрофални услови и во најсиромашната земја на светот и пак има деца кои не „забегуваат“ вака.
     
    Последна измена: 25 јануари 2018
    На Asistentkа, Briar Rose и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.126
    Пол:
    Женски
    Видете, не за џабе постои една супер поговорка: „премногу од што и да е не е на арно“, или така некако.
    Сметам дека во анкетата треба да има повеќе понудени опции; вака, не би можела да гласам.

    Во глобала се сложувам со скоро сѐ досега што било напишано.
    Работата е, во општество како нашево, малку е и апсурдно да се говори за премногу либерализам, кога најголем дел од граѓаните се толку... конзервативни, иако тој збор не е ни доволен да се опишат некои, што на било што гледаат како на либерализам. Т.е., сосема е во ред да се каже и дека најголемиот број граѓани кај нас потполно погрешно го интерпретираат зборот либерализам.
    За едно општество да постои и функционира правилно, потребно е добро балансирање на конзервативните и либералните ставови, нешто што не секогаш е толку лесно колку што се чини, и без разлика на времињата и мислењата, секогаш треба да преовладуваат здраворазумните морал и етика.
    На закоравен конзерватизам е одвратно и да се помисли - чиста диктатура; кон премногу либерализам не треба да се стремиме - доведува до евентуална анархија. Затоа - златна средина, со отвореност кон нови мислења, ставови и искуства, но и определени морални граници.

    П.С.: Линков погоре, што го споделил @+++, тоа не е либерализам - тоа е чиста патологија :fubar:
     
    На Rebecca_R, Asistentkа, Joi и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Вистината е дека сум либерал. Но до умерена граница. Сметам дека треба да се напуштат многу конзервативни аспекти, освен оние кои носат вистински вредности, а најмногу во рамките на моралот и културата. Така би се задржала една рамка, која не би дозволила анархија.

    Човечката природа се карактеризира со флексибилност. Но луѓето имаат и ограничувања, а истите, во рамките на целокупното општество. Либерализам, надвор од рамките на нормалата, како и негово погрешно перцепирање, ги намалува шансите за културни варијации во модерниот свет. Концептот за човечка варијабилност, со чувството дека се е можно и морално соодветно, доведува до обликување на човечкиот живот врз основа на друг образец, преовладување на нови, несоодветни и поинакви можности. Така слабее улогата на личноста во рамките на културата, моралот и останати општествени сфери. Секој поединец, во одредена смисла е реплика на културата, што значи е одговорен за одржување на истата.

    Од друга страна, ако човечката природа и општеството не се менуваат, тогаш, сегашното општество, никогаш не би било можно. Либерализмот, нуди ветување за слобода. Луѓето го живеат својот живот, слободно го изразуваат своето мислење, но под услов да не ја ограничуваат слободата на другиот. Државата сепак, треба да обезбеди сигурна правна рамка која не дава можност за апсурдни идеи. Но истата, не треба да има цврсто закотвени правила, кои ограничуваат сосема нормални идеи за денешното општество. Истото важи и во рамките на традицијата, воспитувањето, образованието. Либерализмот е позитивен, освен ако погрешно се толкува и злоупотребува.
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Joi и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Кои конзервативни аспекти треба да напуштат Македонците кога кај нас не постои конзерватизам? Тоа е изумрено уште пред 30-40 години. Просечен Македонец не живее ништо повеќе конзервативно или помалку либерално од некој Скандинавец. Исто е буквално. Еве ќе ги земеме жените Македонки на пример.

    Македонките се сигурно во топ 5 жени во Европа по број на пушачи.
    Слободно излегувате по кафичи, дискотеки, кафани. Пиете алкохол и никој не ве ограничува или казнува.
    Имате комплетна слобода да патувате и шетате без машка придружба.
    Обезбедено ви е право на образование и работа. Никој не ве спречува да учите. Напротив државата и општеството ве стимулираат на секој начин.
    Имате право да одберете кој да ви биде партнер или општо ако не сакате да имате партнер никој не ве казнува.
    Константно е во пораст број на сингл и разведени девојки, а притоа функционираат и живеат најнормално без никаков притисок.
    Македонките воопшто не се облекуваат поконзервативно од поголемиот дел на Европа. Напротив мислам дека се облекуваат дури и послободно и кич. Притоа никој не фрла камења и клетви ако се прошетате со фустанче на улица.
    Ретко која Македонка практикува религија или на ретко која и се наметнува како норма. Притоа сите девојки што ги знам се сексуално активни пред брак и никој не ги каменува. Ако пред 40 години ти требало 1 година да ја водиш женска ти за да ти даде да ја допреш за задник денес ти треба 1 месец да ти даде секс.

    Што се однесува до Македонците генерално ќе споделам и ова. Ние сме демократска држава. Децата учат за еволуција, а не за креационизам. Православието е одвоена од државата и сведена на маргинална заедница која нема никакво влијание во општеството. Јас не познавам некој од мое опкружување да практикува религија или да чита за тоа. Повеќето немаат појма буквално. Голотијата е дел од нашата секојдневна култура и музика. Нема никаква цензура на филмови и интернет. Се ти е достапно да гледаш.

    Кај нас владее буквална слобода во секоја смисла на зборот. Залудно се жалите. Дали е тоа добро или лошо ќе суди историјата за 50 години ако сме живи секако :D
     
  8. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Има тука огромна разлика. Скандинавец и Македонец е огромна разлика, исто како и општеството.
    Македонија е демократска држава и либерална држава, ама на хартија. А богами голем дел од Македонците се и робови на стереотипите од минатото.
    Има и на Запад стереотипи и има во секоја земја стереотипи ама не се толку застапени колку што се во Македонија. Тука повеќето гледаат на некои работи кои веќе одамна треба да се прифатат сè уште како на „ѓаволски“ работи.

    Тоа дека Македонија е на хартија демократска земја и ориентирана кон Западот е, ама работата е тоа што голем број на работи од минатото како и во политиката така и во општеството сè уште се применуваат.

    Ако гледаме вака и Русија е веќе капиталистичка земја и секој има право да има сопствен бизнис па пак се местат избори сè со цел еден човек да остане на власт, исто како во времето на социјализмот кога беше само еден човек на власт без избори и пак голем број на компании ги држат во сопственот луѓе кои се на власт. А богами се и робови на доста стереотипи.

    Разлика меѓу западно општество и источно општество има, и тоа огромна.

    @MagsDestiny

    Што ќе ти недостасува ако земеш за маж да речеме парче пица со кулен и екстра кашкавал и кечап? :D
    Ќе можеш да ставиш на врвот на парчето и бурма, изгравирана па со кечапот ќе можеш да си црташ смајлиња по ѕидовите. :)

    Се шегувам. Токму овие работи треба да се забранат во едно либерално општество. Тоа е веќе тешка глупост искрено и такви работи треба да се забранат.
     
    Последна измена: 25 јануари 2018
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Briar Rose и 4 други им се допаѓа ова.
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.126
    Пол:
    Женски
    Па, да речеме, на „прва брачна ноќ“ ќе го изедам, или од жал ќе го оставам неколку дена и ќе мувлоса, за на крај да излезе дека после 1-5 дена брак ќе сум... вдовица? :drunk:
    Пократок брак и од оној на Ким Кардашијан јбт.
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Тоа е она што го зборувам.
    Вакви одвеани со виорот нешта не се либерализам туку се чиста патологија :x
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Зло за општеството.
    Пример ќе наведам само за лезбејките и хомосексуалноста.
    Се знае за што е створен маж, а што жена.
    Одвратно ми е кога се спојуваат овие два поима.
     
    На Vitaly, Tanjamm и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Кои се тие работи што постојат на Запад, а кај нас се доживуваат како ѓаволски? На кои стереотипи се робови Македонците?

    Кои стереотипи се присутни на Истокот?
     
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058

    Нема проблем, еве:

    1. Ако се изјасниш јавно дека си хомосексуалец, лезбејка, човек болен од СИДА и ред други работи ќе те отфрли мнозинството. И на Запад ама не толку како кај нас. Во Србија и Русија ова на пример е порадикално, во Србија на пример попови после Парадата на гордоста ги светеа улиците во Белград. Во Русија се уште полоши;

    http://emagazin.mk/vesti/vest/12974...mnogu-policija-i-popovi-koi-go-chistea-gradot

    2. Ако тука некој е политичар кој припаѓа на друга националност (освен не српска, хрватска, босанска и.т.н.) а сепак е образован и има речник и е интелигентен тој е сепак „предавник кој ѝ мисли лошо на Македонија“ иако тој не ја мрази Македонија на пример;

    3. Ако не служиш војска во државава си хомосексуалец и не си маж;

    4. Види ја, оваа излегува надвор и се шета наместо дома да биде, ааа оваа е курва (а всушност дома на истата таа децата и се средени и чувани, али на Македонче важен му е животот на некој друг, но не и сопствениот.) На Запад ова малку потешко, ако го има веројатно тогаш по селата.


    Можам уште многу работи да ти набројувам ама реалноста е дека овој тип на луѓе во Македонија се ограничени главно од луѓето кои ги негуваат овие стереотипи.

    А всушност секој треба да има право на свој личен избор и да не се интересира за животот на другите.
    Претеран либерализам не, ни јас не поддржувам ама ова се едни од тие работи кои мислам дека треба конечно да ги отстраниме од нашиот начин на размислување.
     
    Последна измена: 25 јануари 2018
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Mrs.Brain и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Зависи од тоа што тоа значи „премногу“ и како би го дефинирале поимот „зло“.

    Јас би рекол вака - ако нечија желба или постапка нарушува туѓи права и слободи или на некој начин му го намалува квалитетот на животот, тогаш би можела да се оцени како „зло“.

    Некое типче, како она од примерот погоре, кое сака да се ожени со пица нема на ниту еден објективен, реален и опиплив начин да го тангира ниту мојот, ниту нечиј друг живот. Така да, нека му е со среќа! :D

    Од друга страна, кога се збори за либералност, секогаш се земаат некои такви екстремни примери, како „доказ“ дека либералноста не чини. Ама да бидеме реални, дури и да е со закон дозволен брак со италијански гастрономски специјалитети (или со какви било други предмети), колкав би бил бројот на луѓе кои навистина би го направиле тоа?

    Мое мислење е - многу мал, а со тоа и статистички незначаен за да може да се земе во предвид како нешто што придонесува кон „злото“ на светов. А и да не се оженеше со пица дечково, чисто сумњам дека ќе допринесеше за некаков општествен или цивилизациски напредок. :D

    Конзервативците сакаат со ваквите глупи примери да не' предупредат од опасностите на „претераната“ либералност - демек, да имаше таков закон, утре сите ќе се земевме со пици и тестенини. Yeah, right.

    Кога свеста на едно општество е на доволно високо ниво, никаков екстрем на либералност, па дури и баба Рогата наречена анархија не е проблем.

    Пред неколку години, кога Јапонија ја зафатија земјотреси, цунамија и нуклеарна катастрофа, по улиците на разурнатите градови лежеа купишта пари кои луѓето ги имале по домовите. Јапонците кои ги нашле, наместо да ги стават во џеб, тие ги собирале и ги однеле во собирните центри, затоа што - не биле нивни. И тоа го направиле иако реално ќе немало никакви законски последици и да си ги задржале - кој можел да докаже дали тие кеш пари се твои или не?

    Истите тие Јапонци уредно си чекале пред центрите за помош, во организирани редици - иако биле бездомни, гладни, жедни и уморни - можеле и да се тепаат меѓу себе, да се буткаат преку ред и да си вадат очи за да стигнат први. Ама, не го направиле тоа.

    Сликите од Јапонците пред таквите центри беа подисциплинирани и покултурни од редица во која било наша банка или пошта - во најобичен работен ден.

    Така што, либералноста како појава не е никаков проблем, главниот проблем е ниското ниво на свест кај луѓето. Либералноста произлегува од високоразвиената свест и меѓучовечка култура во одредена средина - не е нешто што е вештачки создадено или наметнато. А уште помалку е некакво „зло“.
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, green.eyes и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Нема тука менталитет за либерализам, бар не кај популација постара од 40 која уште живее во социјализам и се крсти на Тито.
    Премногу стереотипи, премногу мешање во туѓи животи, премногу контрола и лажно продавање на морал, затоа ни е државата каква што е.
    Најлибералните општества имаат највисок квалитет на живот, тоа е факт ние може уште 100 години да расправаме и очи да си копаме за педери, лезбејки, промискуитет и национализам и пак ќе трпиме за леб и сол и ќе ќутиме, зашто македонче не е способно за никаква промена (и другиве ни поблиски и подалечни соседи)
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Често размислував на оваа тема.
    Јас сум либерална личност , ја подржувам секоја позитивна промена во светот . Но .... некои работи стварно одат до изнопаченост , ако на пр се легализирани истополовите бракови , понатаму и педофилијата ке биде "легализирана" , кон таква промена оди светот , и се прашуваш што е следното ? Легализација на убивство од 3 степен ?
    За 20-30 години како што е тргнато сите работи што сега ни се ненормални тогаш би биле нормални.
     
    На Vitaly, Tanjamm, Asistentkа и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Дефинирај "претеран" либерализам.
    Либерализмот во мноштво случаи е подведен под закон, (на пример легализација на истополови, инцестуозни бракови, или легализација на оружје на пример), ама пак тоа не е апсолутна слобода, прво затоа што законот можеби гарантира order, но ја исклучува слободната волја, а друго зошто секогаш ќе сведочиме на контраст, односно на луѓе кои нема да се согласуваат со таквите уставни принципи и законски регулативи, што покажува дека либерализмот со себе носи двојни аршини, дури и кога е надвор од законски рамки. Со цел да задоволи една група луѓе, друга става во ''субмисивна'' позиција. Всушност, она што сакам да ти го кажам е дека "премногу" либерализам е еднакво на поимот премногу слобода. Двата термина се контрадикторни и непостоечки, зошто не можат да бидат апсолутни и врхунски, од причина што човештвото не поима максимуми на одредени вредности. Точно е дека секогаш може повеќе, но исто е толку точно дека тоа честопати е надвор од нашите умствени капацитети.

    Какви крајности, што е тоа што треба да се доведе до "крај" за да предизвика проблем, а до сега не постоело? :P Зошто и анархијата сме ја виделе на блиц периоди, во одредени ситуации. Сведоци сме биле на мноштво ескалации и девијантни поведенија, ако мислиш на тоа.

    Едит: Ме мрзеше да читам. Дел од поентите веќе ги опфатиле членовите горе, не мора да ми реплицираш.
     
    Последна измена: 26 јануари 2018
    На Lianna Anna и +++ им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Немој да се навредиш, но не знам баш колку можеш да се наречеш либерална личност кога по (легализирање на) истополови бракови, на ред ти иде на памет педофилија, па дури и убиство. :)

    Либерализмот се залага за прифаќање и давање слобода на различности кои првенствено не штетат и не загрозуваат никој друг. Поради напредувањето на општеството во прогресивен правец, нормални стануваат појави од таков тип што сепак порано биле ненормални. Педофилијата, како изопаченост од која страда некој (и тоа најневините - децата) секако дека не спаѓа во нив, а уште помалку посегнување или не дај Боже (брутално) одземање нечиј живот.
    Повеќето вистински и најголеми либерали што ги познавам (и што се залагаат за права на останатите сексуални ориентации), се најстрого против педофилија (беа најгласни, на пример, со згрозени коментари околу случајот со Кевин Спејси - како што се и гласни во борбата против сексуално вознемирување :)).

    Токму затоа анархијата е таа на која од страна на повеќето се гледа оправдано со огромна скептичност и неодобрување, поради целосното беззаконие што би го предвидувала, па и насилство ако е потребно против секакви „опресирачки авторитети“ што го вклучуваат идеите на истата.

    Би сакала тука да разјаснам и некои други заблуди во врска општо со либерализам денес и во реалноста, па и со закачен прилог „премногу“ во нечии очи. :)
    Прво, како што рекоа повеќето членови погоре, многу е нерелевантно користењето бизарно-трагикомични случаи како брак со предмети, како некаква асоцијација за либерализам и можни последици од истиот и како аргумент во дискусија со open-minded луѓе.
    Второ, за да си навистина „докажан“ либерал не треба на пример стриктно да трчаш по луѓе од друга раса/националност/етничка припадност и да избереш како партнер некој од нив како партнер, да ги величаш само таквите врски и парови или пак само хомосексуалност/бисексуалност како special trait. Туку финтата е во еднаквата почит и права за сите такви заедници и различности.
    И трето, не значи дека ако си либерал следиш трендови, гледаш Кардашијанс и такви ствари, сакаш кич и вулгарност и сл. Најмалку дека си незрел и некогаш кога ќе пораснеш сигурно ќе ти поминат тие ставови, па ќе се сетиш на мудрите зборови на патријархално воспитаните, макар и оние анонимни на форум. Yeah, right! (tumbleweed)

    П.С. На @Bender Rodriguez постот мислам дека треба да трепка во општи дискусии, психологија, религија, политика... секаде каде што има по некоја тема која задира во судир на конзервативни/либерални ставови. :D
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, green.eyes и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial истополовите бракови ги зедов за пример (погрешно свати) јас сум ЗА истополовите бракови ( имам пријателки , пријатели што се геј и ја имаат мојата целосна подршка) ваљда не си ги читала моите мислења за хомосексуалните бракови :)
    Поентата ми беше дека премногу либерализам води кон друг свет. Како што кажав за 20-30 години постои можност некои работи што ни се ненормални сега , тогаш да бидат легални .
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Место анархија, претеран либерализам нели би била радикална политички коректна култура? Зошто да се убие некој е одземање право на живот. Да се биди со дете е грешно зошто детето лесно се манипулира, па од таму се одзема правото на безгрижно детство. Едино канибализмот би поминал, нели ако некој сака да е изеден па да волонтира, па некој да го прифати тоа. :D Се останато би било свет со себе центрирани луѓе кои одат и се вреѓаат зошто соговорникот диши. :rofl: Евентуално ако некој неќи да излези со некој човек ќе биди идиот зошто го дискриминира зошто е третина азијец и две третини, хомосексуален црнец, фан на Пелистер, живее Македонија ама по потекло е од Британија. Нема да прифати дека едноставно некој неќи да биди со него, или дека е shitty person, без разлика шо во суштина е.
    Феминизмот го сакам, PC култура ја сакам, ама неминовен факт е дека низ годините и двете, и сличните на ова, ги губат своите корени и стануваат bullshit millennial thing. :shake: Со тек на време ги губат своите корени и се радикализираат, а јас навистина не сакам радикализации. Да се бориш за нечии човекови права, права на живот, еднаквост, не повредување на соговорник - е за аплауз, ама кога ќе се премини тоа, а се преминува константно, e претерано.
    Вчера се карав со себе за анархијата, нешто дур излегував ми кликна, па со дечко ми продолжив на темава.
     
    На Rebecca_R, Lianna Anna, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Либерализмот сам по себе треба да биде поддржуван со цел да се развие човековото општество, и секако дека тоа не претставува никакво зло, туку добро.

    Сепак, главниот концепт овде е дека не сите луѓе подеднакво го разбираат вистинското значење на слободата и еднаквоста, па така може тоа да доведе со некои навистина бизарни и апсурдни појави кои некои ќе ги сметаат за нормални, додека останатите не.

    Кога станува збор за поимите конзервативност и либералност, треба да се сфати дека ни едното ни другото не е лошо, туку е само дефинирање на свеста кај поедниците.

    Екстремните точки и на конзервативноста и на либерализмот, секако дека ќе имаат лошо влијание врз општесвото и живеењето на луѓето.

    Сепак, се зависи од свеста на луѓето и како тие ќе сметаат дека општеството треба да се развива, односно во која насока.

    Кога го читаме делот од насловот на оваа тема кој гласи "зло" се мисли на една насока која го доведува човековото општество да се здобие со одредени бизарни, невообичаени, неморални карактеристики, и самото општесво како такво би ја изгубило својата цел и вредност, како и начин на функционирање, а луѓето кои ќе живеат во тоа општество се повеќе и повеќе би ги губеле основните вредности, здравиот разум и начинот и принципите на цивилизираното живеење.

    Сепак, напоменувам дека сето ова зависи од нивото на свеста кои луѓето го поседуваат, а тоа може да биде и ниско и високо. И сметам дека токму во оваа разлика лежи и веројатноста да се појави нешто како што е "премногу либерализам"

    Доколку бројката на луѓе кои поседуваат високо ниво на свест е поголема и истите ја сфаќаат вистинската смисла на слободата и еднаквоста како основните вредности, тие секако нема да дозволат човековото општество да излезе надвор од контрола.

    И обратно, доколку бројката на луѓе кои поседуваат ниско ниво на свест е поголема и истите ја сфаќаат слободата и еднаквоста како нешто екстремно, тогаш е неизбежна појавата на претеран либерализам каде луѓето ќе ги губат основните вредности.
     
    На Mrs.Brain и blonde_supergirl им се допаѓа ова.