1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Премногу либерализам" - зло за човековото општество

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 24 јануари 2018.

?

Што би значело премногу либерализам?

  1. Зло за човековото општество

    63 глас(а)
    69,2%
  2. Добро за човековото општество

    28 глас(а)
    30,8%
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Премногу либерализам е кога во име на еднаквоста и слободата, општеството ќе стане толерантно кон појави, доктрини, движења... кои го подриваат самиот либерализам, демократијата... кои не се здрави за општеството и неговиот развој. Кога форсирањето на индивидуалната слобода или правата и слободите на една група му штетат на колективот.... Политичката коректност со која ја убиваат критиката кон неразумното, лошото.
    пример е и подемот на ултра десничарските партии на западот што некои го коментираа иронично дека бар тоа покажува колку се они либерални и отворени и демократски општества. Пример се и ултра либералните.
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Прифаќањето на едно нешто како нормално не значи автоматски прифаќање нешто друго.
    Всушност, тоа нема никаква логика, со оглед на тоа дека станува збор за сосема различни нешта.
    Сè додека како еден вид објективна морална вистина имаме секс помеѓу consenting adults, нема да има легализирање педофилија, зоофилија, некрофилија, објектофилија итн.

    Легализирање геј бракови не влијае на менувањето на таканаречените објективни морални вистини (делумно бидејќи самото бидување геј не може да се стави на морална дебата бидејќи не повредува никој). Сè додека ги имаме објективните морални вистини како граница, нема да има негативни исходи од ,,претеран" либерализам.

    Проблемот се јавува ќе сфатиме дека во суштина не постојат објективни морални вистини, па некои луѓе тоа го сфаќаат како зелено светло за сè, а некои други луѓе ова му го припишуваат на либерализмот и (say it with me) каде отиде светот.
    Сепак, непостоењето на објективни морални вистини не е пречка за да се зададат морални стандарди со кои општо сите се согласуваат, како на пример да не се повредуваат психички и физички други луѓе или пак во сексот да учествуваат единствено согласни и свесни индивидуи. Верувајте, сите се согласуваат со ова, вклучувајќи ги и либералите, што значи дека либерализмот не води кон рамнодушност кон педофилија и убиства од трет степен.
    Кон тоа водат исклучиво педофили и убијци.

    Ама океј е, гејовите се криви. :)
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Лела во ред е , како психијатар ми објасни :)
    Не сакав погрешно да ме сватите за геј браковите :)

    Еве на пр : Да беше жив Јосип Броз Тито сега ке беше во затвор за педофилија (првата жена беше 13 годишно девојче)
    Нештата со тек на годините сосема се менуваат и поинаку се гледа на некои работи . Тоа ми беше поентата дека светот ке се смени за 20-30 години и претераниот либерализам којзнае што ке ни донесе
     
    На Rebecca_R, sjdgo и Briar Rose им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Повеќето кои се изјаснувате така, всушност не сте доволно либерални. Вие би сакале светот да ги прифати оние нешта кои се прифатливи во ваши очи, а она што не ви се допаѓа, би го игнорирале, или репресирале.
     
    На Rebecca_R, faye, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @sjdgo потполно се сложувам со тебе :)
    Но што би се случило доколку луѓето би почнале буквално се да прифаќаат?
    Како ќе наликува тоа општество, односно со какви карактеристики и тенденции?
     
    На Rebecca_R, theowndemon и Justicija им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Во државите во кои се живее во благосостојба, либерализмот е добар за општеството. Всушност доаѓа сам по себе, кога задоволните луѓе не се замараат со појави кои нив им се не важни.
    Кај нас е обратно.
    Не можејќи да си ги надминеме и решиме личните проблеми, си ја билдаме психата со борба кон појавите кои ни се лично не прифатливи. Со самото тоа борејќи се кон нешто што некому му е посакувано или право на избор, општеството се соочува со зло заради било кој либерален потег.
    Јас лично тешко прифаќам либерализам. Се што не е традиционално ми е чудно. Кога смачкана враќајки се од работа ќе видам некој травестит, ми е пу пу.
    Кога шетам во некоја метропола растеретена од секакви грижи, истите тие не ги приметувам...да не речам се понашам белосветски :^):D
     
    На Rebecca_R и Briar Rose им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Ова го зборував цело време , што значи дека не е ништо чудно некогаш и педофилијата да биде легална и за тоа би се бореле педофилите . Нели нивното тело е нивна работа ФРИДОМ !
     
    На Rebecca_R и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Пасивно, индолентно, неинхибирано, можеби посреќно, можеби подосадно...
    Декларираните либерали не се ништо од набројаното погоре (освен досадни), тие само вршат притисок нивните ставови и идеали да бидат широко прифатени и наметнати врз другите.
    Јас не се декларирам како либерал, бидејќи сум личност која не води толку сметка за чувства. Но, веројатно сум поголем слободар и сум повеќе кул со туѓиот избор од гротото либтарди. Мене не ме засега кој што прави со својот живот за да се мешам. Овие не престануваат да напнуваат кој како треба да живее и размислува.
     
    На Rebecca_R, Briar Rose, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    До кога ќе ги ставате хомосексуалците во ист кош со педофили и зошто е толку тешко да се види разликата?

    Либералност значи слободен си да правиш што било додека не повредуваш некој друг или скратуваш нечија туѓа слобода. Претерана либералност би било претерана слобода додека не повредуваш некој друг или скратуваш нечија туѓа слобода.

    Педофилијата ќе биде нелегална сè додека е нелегално да повредуваш некој друг, а педофилите можат колку сакаат да бараат права.
    Никакво ниво на либералност не поттикнува ниту оправдува повреда на некое друго суштество, па ниту претерана либералност.
    Може сега да ги извадиме педофилите, силувачите и убијците надвор од дискусијава, бидејќи нивните идеи не се поклопуваат со либералност?

    Ова е многу кул да се кажува сè додека фурија конзервативни не го искористат против тебе кажувајќи дека треба да прифаќаш мислење на расисти, хомофоби и религиозни фанатици.
     
    На CameliaMiller, +++, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    А мислиш мене како индивидуа ме засега тоа што е некој расист, хомофоб или религиозен фанатик? :D Негов проблем.
    И заборавив да напишам дека либералите ги преувеличуваат негативните страни на нивните неистомисленици. Секогаш демонизираат, иако во поголемиот дел случаи, нема потреба.
     
    На Rebecca_R, faye, Bridget и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Сфаќам, некст левел си, и јас имав таква фаза.
    Но знаеш, иако ни јас не се сметам за емпатична личност, сфаќам дека светов не треба да се остави на расистите и хомофобите во никој случај.
    Се сметаш за поголем слободар бидејќи кулираш пред расисти и хомофоби, а суштината на слободата е да не постојат расисти и хомофоби. Рамнодушноста кон нив не е почитување нивна слобода, туку соучесништво во нивното ограничување на туѓата слобода. :)
     
    На CameliaMiller, +++, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Зошто? Ај за расистиве океј, ама од кога е забрането човек да ги следи природните закони? (Маж си иде со жена, жена си иде со маж и тоа е така природно). Треба сѐ нормално да се плука а за ненормално да се шират раце? Твоево мислење е доказ колкаво зло е претерниот либерализам. Страшно. Подобро хомофоб отколку толку жестоко да напаѓам поединци или група луѓе за нивни конзервативни ставови, кои притоа се нормални и реални ставови.
    Либералните некако немаат така отворен ум. :wasntme:
     
    На Briar Rose и Justicija им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Како тие ја ограничуваат слободата, како светот ќе остане на нив, и како ќе спречиш тоа да не се случи? Лела се конфронтирала со хомофоб, што знам, на форум и мисли дека прави херојски чин, го спасува човештвото од прангите на хомофобијата. Во нашето општество, 99% луѓе кои не ги прифаќаат хомосексуалците, еве, од овие на форумот сум сигурна дека се 100%, не кренале рака на хомосексуалец, ниту имаат храброст и волја тоа да го направат.
    Веќе кажав, преувеличувате и демонизирате. На крајот на краиштата, за какви фази зборуваш ти, законите и институциите одамна предвидуваат казна за секое загрозување на слободата и безбедноста на граѓанинот, причинето од друг граѓанин. Што сега, вие измислувате топла вода?
     
    На Rebecca_R, Briar Rose и Bridget им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Прашуваш како расистите и хомофобите ограничуваат нечија слобода? Токму бидејќи го прават тоа ги добиле тие етикети.
    Веројатно сами ќе се истребат евентуално, ама ако јас влијаам барем малку да се забрза процесот, секако ќе го сторам тоа.
    Не зборувам само на форумов за ова, конкретно за хомофобија сум зборувала со комшии, професори, врсници... некои од нив сум ги убедила, па ако имаат геј деца еден ден нема да им попуваат над глава. Не мислам дека ќе го спасам светот со ова, ниту пак дека тоа што ќе убедам еден човек ќе влијае на тоа Трамп да си ги извади идеите за conversion therapy од глава.
    Подобро е еден хомофоб помалку, отколку ниеден.

    Инаку, секако дека има закон да не убиеш хомосексуалец, ама за жал нема закон за перење мозок на мали деца кажувајќи им дека љубов постои единствено меѓу маж и жена, дека Бог не сака да ги мешаме нашите супериорни гени со црнците, дека жената треба да си го знае местото дома со тенџерињата...

    Сите овие нешта кога ќе им се кажат на деца, луѓе без развиен разум, им ја загрозуваат слободата да се заљубат во некој од ист пол, во црнец итн.
    Да не беа пречка хомофобите и да беа само луѓе со обично мислење кои немаат никакво влијание немаше да постои coming out кај геј луѓето, исто како што не постои кај стрејт луѓето.
     
    На CameliaMiller, Briar Rose, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Тоа што во Античка Грција (пример) било нормално (вклучувајќи ја и хомосексуалноста) сега во христијанските и муслиманските општества не е нормално.
    Има доста индиции исто така дека и самиот Аце бил хомосексуалец па голем број на луѓе во државава се крстат во него.
    Сега секој има право на сопствено мислење. Проблемот е тоа што доста од конзервативците се мешаат во личниот живот на овие кои им се загрозени правата. Ете ја како пример Ана Брнабиќ, на пример црквата во Србија се мешаше и не ја сакаше како премиерка. Тоа е нејзин личен живот и нема никој право да ѝ се меша во животот па дури и црквата. Треба едноставно да се остават на мира овие луѓе.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    И тукa ли зa гејoви ќе се збoри, немa штo другo пa aј пa зa нив. Мaјкa му стaрa :D пред 20 гoд имaв другaр геј и не прaвевме дрaми oд тoa, уште ли херoи нa сметкa нa хoмoсексуaлнoстa? Луѓе сo мaчки се женaт ние геј пa геј. Сергеј нoжички лиже нa инстaгрaм ние геј. Дaјте мaлку рaзврaт, пoлигaмијa, легaлизaцијa нa прoституцијa, свингер клубoви, инцест...бреееј зaoстaнaти.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Кај ти преку леб-погача сакаш :D
    Ние уште 'се привикнуваме' на хомосексуалци,бисексуалци и проституција.
    Некои од поимите што ги спомна сигурна сум дека повеќето 'нелиберални' ќе ги гуглаат8-|
    Мое мислење за либералност оди вака некако...Колку маса на народ-толку либералност.
    Во држава со два милиони народ неможеш да ожениш пица,оти сите два милиони ќе те камшикуваат.
    Во држава со 350 милиони,само си очаен и глуп.А може и никој нема да дознае,освен ако не објавиш на интернет.
    A и општеството како такво,си го добило името следејќи закони и норми.
    Премногу либерализам води до општествено безредие и хаос.
     
    Последна измена: 27 јануари 2018
    На Bridget и Briar Rose им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    8.460
    Едно видување за либералното општество и нејзините чеда - генерацијата либерални снегулки..
    Видеово трае скоро половина час, ако е многу фатете го сижето од 3.30 до 9.10 минута.
    Please dont be offended, анти-либерал сум. :*
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Еве на пример експеримент во Русија како се прифатени таму хомосексуалците, и тоа во Москва:

     
    На CameliaMiller, theowndemon, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Па и твоето е перење мозок :D Луѓето се лабилни, лесно прифаќаат сугестии, особено дадени на паметен и одбран начин, кој знам дека ти го владееш.
    Една индивидуа би имала слободен ум, кога би израснала и би се развила без било какво влијание, либерално или конзервативно. Ама тоа не е изводливо при живот во заедница со луѓе.
    Конзервативците денес се маргиналци, кои не можат да попречуваат слободи (во западниот свет), тие се немоќни пред секуларизмот и државата. Вашиот редовен исмејувачки и потценувачки однос кон нив, вашата борба против нив, се нарекува kicking a man when he's down.
    Инаку, и забележа на @Justicija околу коментарот за педофилијата, но јас ја разбирам аналогијата. Педофилското лоби има слична тактика на твојата. Тие инсистираат преку разговор, дебата, воспитно-образовен процес, да се сузбијат табуата околу сексуалноста на децата. Шиндре го прочитавме сите. Мислиш дека кога би им се дозволило, нема да го постигнат тоа? Јас сум уверена, преку перење мозок, за децата би станало сосема нормално да имаат односи со возрасни. Тебе ова не ти се допаѓа, сметаш дека легален треба да биде единствено сексуалниот однос меѓу возрасни и свесни личности. Но, утре ќе се појави некој кој ќе те убедува дека кога малите деца имале искуство со педофил, нив не ги трауматизирало самото искуство, туку нашите правила и забрани, и дека ние ја загрозуваме слободата на децата и на педофилите.
    Не ми објаснувајте, знам која е разликата меѓу двајца хомосексуалци кои се привлекле, од една, и педофил кој злоставува мало дете со детски памет, од друга страна - и психолошки, и морално и пред законот.
    Но, мора да се има предвид дека пропагандата е нешто фасцинирачки моќно.

    А јас, колку што сум толерантна кон хомосексуалноста, толку сум отворена и кон помислата дека не знаеме се за неа, as in, кај кого на кој точно начин се развива, дали е неповратен процес, и т.н.

    Да дообјаснам (иако сметам дека нема потреба). Кога спомнувам либерали, мислам на современи декларирани либерали. Гледам дека се повикувате на либерални постулати од пред 100-200-300 години, но либерализмот оттогаш еволуира.
     
    Последна измена: 28 јануари 2018
    На Angie1432, Rebecca_R, Bridget и 4 други им се допаѓа ова.