Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Премногу либерализам" - зло за човековото општество

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 24 јануари 2018.

?

Што би значело премногу либерализам?

  1. Зло за човековото општество

    63 глас(а)
    69,2%
  2. Добро за човековото општество

    28 глас(а)
    30,8%
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Дај не зафркавајте веќе со ова муабетиве.:)
    Баш верувам дека ако беше секој друг од досадните хетеро ликови, а не некој „гејиш-лукинг“ поинаку ќе зборувавте.
    Трагично е ако во 21 век човек треба да зборува за обична ствар ко... човек, стварно треба да носи панталони кога излегува од дома и шета по јавни места. Не е ова, мој, субјективен проблем и гадење кобајаги од неговата сексуална определба. Ова е мој и проблем на колективот со голотијата и недоличното однесување во јавност. Не треба јас и сите луѓе во метрото да се привикнеме на потребата на дивата или на било кој друг да шета полугол/гол и да игра стриптиз. Кое тоа право и слобода им се повредува нив пак, за да биде во ред и дозволиво?

    И не, не е ова проблемот со „конзервативните“ и она нивното: „премногу“ либералност. Вие сте премногу татковски настроени кон ЛГБТ луѓето.
    Се однесувате заштитнички дури и во ситуации како оваа оти се водите од претпоставка дека на луѓето им е грдо да го гледаат само заради тоа што е он од „различните“ сексуалности. Дури и 'аргументите' ви се такви.

    Детето нема да остане истрауматизирано, јас нема да умрам од тоа што ќе му го видам голиот задник...не ми го попречува патот, видикот... ама, нема ни тој право и слобода да го прави она во метрото само заради неговата сексуална ориентација и момент на инспирација.

    Ако јас бев во метрото, и јас немаше нешто посебно да реагирам иако ќе ми го наруши раатлукот и мирот. Поскоро ќе реагирам на пијаниот, насилниот...

    И јас ако бев со дете ќе ми беше незгодно ако секој ден налетуваме на такви ликови како овој.
    И јас ќе мислев, во каков свет живееме ако напредокот го мериме според слободата некој да шета гол и да игра стриптиз во јавност и тоа го објаснуваме како: „негов избор да го живее така животот“. Е како бе избрала? -Да шета гол у метро? Аманте бе :) Суштински битно за неговата личност е веројатно тоа. Секој со капацитетот, работава. Дај секаква глупост да поддржиме и величаме ко така.

    Еднакво одвратен ми е ко и Биг Брадер и слични шоу-а по телевизии. На исто равниште по простотилук. Не е никакво право да се демонстрира тој простотилук кај ќе се стигне. Ако не му сече, тогаш со закон и полиција треба да му се пресече.:)

    Прашајте на колкумина од тие што биле во метрото ќе им олесни ако следен пат кога ќе се качат, нема да налетаат на такви и слични ликови па и оние, насилници, пијаници и сл. :) Прашајте колку луѓе избегаваат јавен транспорт, заради вакви и дамбетер егзибиционисти.
    Не може едноставно се' да ви е во ред и да си се тапшате по рамо дека тоа ве прави либерални наспроти нас, останатите. Не ве.:)

    И баш јас сум таа што прва спомна за детето. Јас не сум конзервативна.
    И баш го спомнав ради една дискусија за голите девојки во излози кај нас, кога аргумент на прашањето како тоа во среде бел ден танцуваат (и слика имаше од дете таму, не се сеќавам во детали кој,што,како) некој од групата „силно за ЛГБТ“ набаци ... „виновен бил таткото/мајката што го однеле таму“.
     
    На bittersweet, Ginger^, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Јас избегнувам јавен превоз заради луѓе кои не внимаваат на хигиена и се допираат до мене.
    Најискрено ова.

    Ако забраниме претерана голотија, да забраниме и претерана облеченост.
    Не се зезам, најсериозна сум, еднакво ми е незгодно кога гледам некој ваков и некоја со хиџаб или калуѓерка. Стварно не ми е пријатно.

    Зошто едниве да ги толерирам, а другиве не?

    Ни едното ни другото не ми е пријатно за гледање и ме вознемирува...
     
    На Aquamarine93 и Joi им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Ко прво, јас не зборам за јавен превоз во МКД. Македонија е далеку од држава која има не знам ти какви проблеми со вакви испади.

    Обидов со контра-аргумент ти е доста смешен и не заслужува одговор. Вреѓа интегеленција богами :)

    Прогуглај закони против голотија. Распрашај се за кодекси по институции за „недолично однесување“...едно ќе те однесе на друго, да не се објаснувам.
     
    На bittersweet, Rebecca_R и Lilit им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    @zhap4e, за голотијата мислам дека во склоп на жешките летни денови имаше тема од аспект на легалност/нелегалност и тоа чисто за топлес, не за ваква „точка“ :D И сите се согласивме дека и за двата пола подеднакво (пошто тоа беше поентата на темата), за сите возрасти и за сите сексуални ориентации треба да важи истото во врска со голотијата во јавност - не само легално, туку и во склоп на основни манири, одлика на цивилизација, разум и воспитување. Голотијата, егзибиционизмот не се никаква потреба, слобода, кауза... што би требало да спаѓаат под идеали :)

    Исто така, мислам дека не си во право со поврзувањето на твоето видео со ЛГБТ, барем мене воопшто на тоа не ме потсети, а и ги читав коментарите околу истото и не приметив ни кај другите таква алузија. На ист левел на екстремност, егзибиционизам, weirdness, awkwardness... би ми бил дечково со, на пример, некоја Ким Кардашијан стајл девојка (која е скроз во рамките на својот пол, хетеронормативна и што „пали“ многу мажи со површен вкус и склоност кон вулгарности) во истава ситуација. :)

    @Bender Rodriguez најмногу обрна внимание на прашањата на (идните) деца, за кои и помислата предизвикува непријатност кај нас како идни родители и тоа како би им ги објасниле сите овие peculiarities (...и тука имаше доста широк дијапазон за тоа што сè би било толку непријатно и peculiar).
    ...Не знам дали сум спомнала, но лично сметам и преферирам дека во моменти во јавност пред куп луѓе не се баш неопходни лигавења и нежности, подеднакво меѓу партнери од било која сексуална ориентација и комбинација на полови. :D Ама еве, глетка - бакнеж меѓу двајца мажи или две жени не мислам дека треба воопшто веќе да претставува нешто контроверзно и тешко за објаснување.
    Тетоважи и пирсови па уште помалку, тоа е веќе е само стил и мислам не треба ни да се коментира. Од она на @bittersweet само тоа со фетишот во јавност го гледам како ridiculous и премината граница која стварно е во рамките на незгодна ситуација.

    Иначе Жапке, и мене ми е одвратен Големиот брат и слични реални шоуа, а еве плус тоа една од причините што толку плукам и по турбофолкот е невкусот во смисла на вулгарноста и сексуализацијата :) Можам да се кладам дека им се исто одвратни и на останативе... „колеги“ либерали, посебно на Бендер како професионален мрчатор против секаков булшит. :D
     
    Последна измена: 15 февруари 2018
    На Rebecca_R, crimson и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial

    Знам за темата, и знам за ставовите кои беа таму. Конкретно ставот на Бендер многу добро го памтам за шетањето на жените со голи гради.
    За тоа со ЛГБТ, ех, Специ. Сигурно не сум јас таа што се замара со неговата секусална определба. Ама, симптоматично е ако набацуваме како тоа било проблем на конзервативните.
    Извини ама, Битерсвит изреагира на ист начин:)
    Живее во далеку полиберална држава каде се има изнагледано се и сешто. Повеќе од сите нас, многу веројатно. Така што, не е тоа конзервативни наспроти либерали, туку е нормален човек и родител наспроти луд свет коj си ја крие лудоста зад демек либералност и Openness Кон се и сешто. Ко родител, се што ја занима е во каква личност ќе порасне нејзиното дете/деца. И е сосема нормален и оправдан страв на секој родител :) Оти да, не е работата дека е некој геј, исти прашања деца поставуваат и за тетката и чичкото што се фаќаат и сл.
    Туку, не еднаш имам видено како се бранат дури и вакви егзибиционистички булшити:D само затоа што некој му се чини некому геј или било што друго. Малку е, како да ти кажам, симптоматично:D
    А, ликов, каков сака нека е. Нек само облече панталони. Секако и јас сум од либералните:D ама ете, не сме си „колеги“:D Пошто мојот детектор за булшити е насочен и кон вакви ликови и е подеднакво 0 толеранција:D
     
    На bittersweet, Ginger^, Rebecca_R и 4 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Дали законите се нешто непроменливо?

    Во болнички кревет и поп и порно ѕвезда ќе носат иста спаваќа.
    Некои места имаат и треба да имаат и кодекс на однесување и кодекс на облекување.

    Да, некултурно и невкусно службеничка на шалтер да седи со канџи и деколте и да зборува на дијалект, ама тоа е во одредена институција. Таа жена, таму, не е океј така да зборува и така да изгледа.
    Надвор од таму нејзино е како ќе зборува и изгледа.

    И мене на пример, многу ми е лицемерно да може да се дои дете во воз, а да не може за било која друга намена цицка да се извади, зашто.... голотија. Страшна работа.
    Мене ете ми е вреѓање на интелигенција да ми се кажува дека однесувањето на една група на луѓе е оправдано, на друга не е.

    За мене е многу лесна дилемава - што не ти чини да гледаш - сврти поглед. Освен ако е насилство. Тогаш не врти поглед, реагирај.

    И да, моите чувства не се помалку важни од било чии. Калуѓерка и маж облечен како калуѓерка еднакво ми се језиви.
    Само на првава и се простува, а вториот е бљак.
    Мене ете не ми чини такво општество, ни тука, ни било каде на светот.
     
    На Rebecca_R, crimson и Lella им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Инаку!
    На мене глетката не ми е пријатна. Значи не ми се допаѓа. Не ми е убаво.

    Ама! Тоа е мој проблем. Не негов :)
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Теорија се' трпи, а во автобус да сте биле сведоци на вакво нешто верувам дека не само непријатно туку и страв би пoчувствувaле, oти непредвидлив е типoт, штoм гoл нa сред aвтoбус стриптиз игрa oд кaј дa знaм декa некoјa другa лудoст немa дa нaпрaви сo штo ќе ме зaгрoзи? И Сергеј нa истaнгрaм некa си лижи нoжички и чекaни aмa дa е сo мене ќе пoмислaм декa ќе ме удри сo чекaнoт пo глaвa. Мoј прoблем е тoa, мoј стрaв? Oк, зoштo тoгaш се пoтресувaте oд мaжјaци кoи чекaaт некaде женa дa се пoјaви и дa се слечaт? Мaнијaци ги викaте? Вo aвтoбусoт oк ви е oти имa луѓе oкoлу вaс пa пoсигурни се чувствувaте. А дa сте сaми? А дa е вo уличкa некoјa нoќе, дури чекaте aвтoбус сaми пример? А дa е сaмo вaшетo дете? Ништo дa не се случи, стрaв секaкo ќе пoчувствувaте, не туку глумете мнoгу искулирaни.

    @CameliaMiller. Тoa е твoј прoблем a не негoв? Кaкo ти се грижиш зa негoвите чувствa a тoј зa твoите не? Демек негoвoтo е oк a твoите чувствa требa дa се сменaт? Сите вo вoзoт требa дa си ги искoнтрoлирaaт свoите чувствa и реaкции зa еднa будaлa?
     
    Последна измена: 15 февруари 2018
    На bittersweet, Ginger^, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Да не барам статистики (ако сакаш и ќе побарам) ама оние вистинските убиства, а не можеби убиства, не се направени од навидум ексцентрици, туку во најголем дел се од навидум "нормални", бели луѓе.

    Ако е некој ексцентричен не значи дека е опасен :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ај мУри бегaј, еднo БУ дa ти нaпрaви некoј вaкoв ќе се пoтресеш не пaк стриптиз дa ти игрa :D
    Ексцентричен |( Еднo време збoрoт сo oригинaлнoст и уметнoст гo пoврзувaвме, сегa сo будaли.
     
    На Ginger^, Rebecca_R, Lilit и 3 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.014
    Пол:
    Женски
    А бе луѓе гадно е, не за џабе носиме облека, не сакам некој да си го трие гзот кај што друг ќе се потпира и седи после.
    Плус општо ме нервираат луѓе што до толку имаат потреба да замараат наоколу, вози се у метро и не ги гњави тие околу тебе, никој не е должен да трпи било какво однесување што отстапува од нормалното кога си купил карта како и останатите патници.

    Си има време и место за се, па и место да тресеш гол гз без да те суди никој, јавен градски превоз не е такво место.
     
    На bittersweet, Ginger^, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Види... јас се плашам од се'.
    Така што не сум баш соодветен испитаник за "од што ти е страв" :D

    Секоја епоха си има свои "отпадници", тоа што е за нас грдо, неморално, лудост... не знаеме што ќе биде за идни генерации :)

    Не толку одамна за многумина чиста лудост беше жена да има моќ, да гласа, да се моча со црнец во исто вц, за гејој ич да не зборам... денес се' помалку се тие вака што размислуваат, си имаме и збор за нив - затуцани.

    @crimson мене генерално ми се гадни луѓето во јавен превоз (теророт мој од 19ка :( ) ми беше гад да се допрам сама себе после возење.
    Ама.... ете ги, уште си смрдеат во 19ка.
     
    На Rebecca_R и crimson им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller, Што ти е муабетов со калуѓеркиве што ми ги збориш? Why? :)
    Онака, рандом те живцираат па ми ги набацуваш во дискусија за ликов? И го оправдуваш набацувајќи ми ги калуѓеркиве,демек, подеднакво лошо е? Не, не е, Камелија... Јас религиозен човек не сум па да ми ги набацуваш. Ама сум ептем од луѓе „за права и слободи“ и имам елементарна почит кон право какво што е религијата. А, голотијата и безобразието на ликов, не спаѓа во човекови или било какви права. Колку и да ти се сака да ги гледаш ваквите ликови како рипкаат и танцуваат како балеринки по улици.... фак ноу. А
    Твојот принцип на „заврти поглед“, сори ама, не функционира и пожелно е да не функционира светот така. Тоа либералност не е. И тоа што е он гол, не бе Камелија. Тоа не е мој проблем. Тоа е негов проблем. И се лечи на друго место, на друг начин.
     
    На bittersweet, Ginger^, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Не ти ги набацувам на тебе, како тебе, туку во име на дискусија.
    И зошто стварно такви препокриени не ми се допаѓаат.

    Ама, се' може да биде религија, нели? Па и голотијата. Или некои религии се право на избор, други не се?

    Дали е објективно исправно да е океј жена во мантија и хиџаб, а маж исто облечен не е океј? Значи за облека прашувам. Дали е голотијата проблем? Или нешто друго?

    И ако можеш објасни ми зошто не треба да вртиме поглед, не разбирам.


    Едит: многу работи некогаш се "лечеле". Денес знаеме дека не се' што е надвор од удобната средина е за лечење.
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.018
    Допаѓања:
    52.014
    Пол:
    Женски
    Тоа што си смрдат е друг муабет, иако и тоа не можам да прифатам и ми пречи. Не сум била толку либерална ко шо мислев. Сериозно, гајле ми е дали геј тип се лапа со дечкото во автобус, ама ако смрди или се шета гол, не му е местото таму.

    Замисли се наполни автобусот и се залепи тој со тангата до тебе :D
    Јас имам трауми од полн автобус во Скиатос, пред неколку години. Тогаш имав многу долга коса, а до мене највлакнестиот тип што сум го видела во животот, па и без маица. Ми се уплетка косата во неговите влакна на грбот :puke:
    Па топлес жена немаше да ми пречи да стои до мене, ама сакав да си ја отсечам цела коса во тој момент.

    Муабетот ми е, не им пречи голотија само на конзервативни луѓе 8)
     
    На Rebecca_R, CameliaMiller и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Не е моја должност да јас вртам поглед и да го толерирам неговото будалеење и простотилук, ама, негова должност е да го почитува редот и мирот. Калуѓерката, со ништо не ме вознемирува. Кога ќе почне да ме замара со религија, кога ќе почне стриптизи еве вака да изведува..друг муабет ќе правиме. До тогаш, не ми набацувај вакви аргументи оти, не бе Каме, не се. Глупости се.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Овој да го ставам во ист кош со угнетеноста на жените порано, црнците и гејовите кои се избориле за своите права? Забрането му е во стриптиз бар да си ја искаже својата "уметност"? На тв ако сака може, дома пред роднини и пријатели...е сакал во автобус или воз. Што ако утре сака и на работа вака да оди?
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    За тебе се. Ете за мене не се. Оти ете, тебе ти е смета неговата слобода, ама онаа на религиозните, кога својата религија ја вадат на улица не ти смета. Ако овој не игра стриптиз, туку стои мирно, помалку гаден ќе биде?

    Кога кажав дека ми е гадно да гледам жена како на цицка закачено бебе думка шетајќи низ ресторан, ми рекоа дека треба да свртам поглед.
    И во право се. Треба да свртам поглед. Тоа не значи дека денес ми е прифатливо тоа што го видов. Не ми е. Ни овој не ми се допаѓа, ако претпоставуваш дека ми се допаѓа.
    Ама, јас мислам дека треба да вртам поглед и да гледам моја работа. Затоа што не го правам на другите тоа што не сакам мене да ми го прават.

    Ако денес на овој му врземе чврга што шета со гол газ, утре мене ќе ми врзат чврга зошто имам сина коса.

    Колку голотија е многу голотија?
    Колку покриеност е многу покриеност?

    И која штета тебе ти ја нанесува, како си ти оштетена?
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Некој, некогаш, исто за глава се фаќал...

    Не сакам да мерам секој еден посебно.
    Мојата слобода не е поважна од твојата, и обратно.
     
    На Rebecca_R и Nausicaa им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Кога ги читате овие реченици по нет, во инспиративни говори или на семе синапово, ватевер, размислувате за секоја ситуација посебно или за секаде се соодветни?