Мајки ве молам за совет како се справувате со многу плачливи деца. Детето ми е година и пол, многу е раздразлив и плачко, веќе изгубив желба да излезам и да се дружам бидејќи секаде е истото само плаче ми е смачено. Воедно и срам ме фаќа сите луѓе чудно ме гледаат. Понекогаш се чувствувам како неуспешна мајка иако му ја давам целата љубов и внимание на светот. Ве молам совет и искуства, би ми биле од корист и извинете на долгиот пост.
Најмногу ако не е нешто по негово, сега период му е и забчиња вади. Има такви моменти каде што кога ќе се расплаче едноставно што и да направам е залудно. Не можам да го смирам.
За добрата мајка, како тебе, себеобвинувањето оди во пакет со мајчинството. Не си лоша мајка, детето ти е плачливо. Тоа што сметам дека треба да го направиш е повремено да се тргаш од него и да го чува некој друг. Некој треба да ти го подржи теретот на некој саат. Ти треба време за себе. За спиење, јадење, хигиена, книга, филм. На секој човек му треба. Вработи дадилка. Да 2-3 часа денот само, ако ти е скапо за повеќе... ама мораш да си создадеш време за себе. Се' ќе биде во ред
Не оди, ама ќе почни. Крајно време е.Се надевам дека тогаш многу нешта ќе се сменат. Од бебе е таков.од кога е роден, сите ме лажат уште малку ќе смени уште ова уште она, период му е ќе помини, но не, не се менува. Последна опција е градинката.
Хиперактивно ти е детето веројатно. Ако ти ја знае слабата точка и како да ти го придобие вниманието тогаш тоа е. Секое дете си има периоди,а твоето е премногу приврзано за тебе. Затоа мораш да престанеш да му одиш по газето,да го разгалуваш и слично. Градинка е најдобра солуција ама и после градинка треба да внимаваш да не бидеш премногу блиска со него. Деца се тоа,поминуваат сите периоди.
Ако плаче за играчка, однеси го во детска и речи му плачи сега овде, ќе се смири и ќе дојде ќе видиш, ова е проверена тактика, и ако плаче за нешто намерно не му го давај, да се научи дека ако побара ќе му дадеш, а не ако плаче.. И секогаш така прави му, однеси го сам да седи негде, да се исплаче, и после сам ќе дојде и ќе побара без плачење..
Пушти го. Мада немој премногу да се надеваш дека одма ќе се адаптира и нема да плаче знам по син ми ваков е како што кажа. Ако имаш опција за приватна уште летово да го запишеш ако не игротеки некои види почесто носи го. Кај син ми огромна промена имаше градинката толку се осамостои 18м е сега. Уште се траска плаче ама се заигрува седи со други луѓе...
Многу се мали на година ипол за вакво нешто да разберат. Не знаат како да искажат плачењето им е единствен начин
Ќе се смени. Мојот поголем син беше таков, некаде до кај три години, никаде не ми се одеше од што плачеше и само во мене се буташе, само со мене седеше. Таков беше бидејќи бевме само јас и тој сами, по цел ден (тогаш не работев), мажот ми беше во странство, иако не на долги периоди. Кога почнав на работа и кога тој тргна во градинка, почна да се менува, на подобро. Уште имаше плачки, ама не како претходно. Сопругот нека се ангажира повеќе околу детето, да го анимира, да излегуваат, да не те гледа постојано. Да не бидеш ти единствената што му ги исполнува сите потреби.
Кој психолог ова го советува? Дете од година ипол не знае да регулира емоции премало е, а и не знае како поинаку да се изрази. Децата кога се мали не прават ништо намерно. Не знаат за поинаку. Со вакви совети ќе добиете дете кое кога ќе порасне ќе се крие од вас при секој проблем затоа што е наученп да е праќано во соба само. Исто така ќе добиете дете кое нема да научи да се соочи и да решава проблеми.
Треба да разбереш кој е тригерот зошто плаче. На 18 месеци ретко кое дете сака да седи на едно место, сакаат да откриваат нови работи и да истражуваат. И ние треба да им го овозможиме тоа додека сме сигурни дека се безбедни. Дете плаче кога е гладно, жедно, неспиено, го боли нешто. Ако ги исклучиме овие работи, и плаче за нешто што ние го сметаме за глупост треба да пробаме да му свртиме внимание ако тоа што го бара во моментот не треба да го добие. И јас сакам да седам да пијам каф на раат во кафич, ама еве дури сега кога има 2 ипол години можеме да седнеме цели 20мин да шмркнеме кафе со детето. Пред ова незамисливо беше да пиеш или да јадеш некаде надвор со дете. Треба да ги смалиме очекувањата што тоа дете од 1 или 2 години може да направи, а ние што очекуваме од него. А во врска со твојот совет ако плаче за некоја играчка да не му ја даваш и да го пратиш во соба.. прво зошто да не му ја дадеш ако е безбедно да игра? Ако нешто му забраниш на детето тррба да му кажеш зошто му забрануваш. И да зборуваш, зборуваш и само зборуваш зошто правиш нешто, зошто браниш или зошто даваш. Само со зборење и градење взаемна доверба градите цврста личност која ќе ви верува.
Воспитување а дете е нешто најтешко. Правилно да го насочиш како треба, што е опасно, добро лошо, ке поминат месеци. Периодот помеѓу 2,5-3 години е време на огромни промени кога почнува да разбира. Тогаш и знае да манипулира. Пред тоа не. Читај за детска психологија и правилно воспитување. Љубов сама по себе не е доволна. Треба зборење и насоки. Дружење кога ке го оставиш на чување и ке излезеш сама. Ако си со дете, тоа дружење во парк додека трча. Наоѓај активности и изработувај игри за развој на моторика логика итн, си има соодветни за возраста. Работи на фокусот. Поминувај време во парк и природа. Наоѓај занимации да не му е досадно.
Исти сме мајка...20 месеци е, плачка невидена, од друга страна хиперактивна не седнува на газо, цело време е качена на нешто дома... трет проблем е што мачку зборува, само неколку основни зборчиња.. ете преге си плачев од шо не можам повеќе да се справам со неа, а имам и 4г дете кое бара внимание. Не оди во градинка и дури сум на работа е пред екран, може и тоа да има влијание.. Само се надевам дека кога ќе почни во градинка и ќе почни повеќе да збори и ќе биде полесно.. А првото дете ми беше мирно бубалче, веројатно и се раѓаат со таков карактер... се надевам ќе сменат
Хм, мојата плачка е веќе 7,5 години. Од раѓање како е "зината" така е останата. На почетокот многу се нервирав како тебе. Буквално за се плачеше. И секаде каде и да одевме исто. сите не прашуваа што е , оти плаче. Ако бев во фаза кога не сум одморена ( дека многу и удоволував за да не плаче) враќав грубо оти и се плаче, но најчесто одговарав со дете е си плаче. Откако ми требаше период да увидам дека не е гладна, не е жедна , не ја боли ништо игнорирам. Тоа е за манипулирање. До ден денес е така и уште повеќе плаче оти знае дека нема тоа да го добие, или да е по нејзино. Нормално не паѓам веќе на провакации, одлучувам што е за да што за не. Во градинка беше спротивност од тоа што беше дома. Значи ДА за градинка. Прочитав од некој освет земи се време за себе. Јас така направив, Време за себе, мои два саата без дете. Веруј многу помага. Сега не ме допира толку, голема е разбира. Кога ќе и речам сега е 5 во 7 обрати ми се , знае дека е време за мама. Она е тогаш бубалка.
Mojata ista ne zatvori do 5 ipol meseci,potoa a nekoj i se doblize placese i vikase ednostavno se plasese od ljuge.na 16 meseci ja pustiv vo gradinka nemav nikakov problem,placese po decata porano shto ja zimavme eve ja na 23 meseci potpolno nemozam da ja prepoznaam so sekoj se zakaca,ne placi od ljuge. Za se treba vreme i trpenie.Mene mi doagase od prozor da ja frlam ili da ja ostavam na sred pat koga mi se treskase od zemja