Пренагласеност/недостаток на елементите (вода, оган, земја, воздух) во натална карта

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Ginger^, 1 декември 2016.

  1. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
    Психологијата вели дека она за кое тежнееме, најмногу ни недостига. Кога си гладен, не одиш во кревет туку посегнуваш по храна, нормално. Прашање е, кој не сака да е комплетен? Да не ѕирка ни проѕирка ништо? М? Сите. :$ Веројатно тоа е она што не тера постојано да се менуваме, да стануваме подобри.
    Па така дојдовме до онаа старата :"менувајќи се себеси, се менува светот околу нас". Дали бе?:?:
    Светот и околината, секогаш ни возвраќаат, па сме во еден вид на интеракција со неа.
    Е сега, да не биле арапските астролози од 9 век, од Багдад, Кристофер Колумбо не ќе ја откриел Америка, велат знајни и незнајни луѓе.:nod: Го усмерувала арапската астрологија, со практични помагала.
    Најстара меѓу окултните науки, онаа која според мене повеќе скрива отколку што открива.:P Но, доста беше за Америките:rofl:, не дојдов да бистрам политики и јас, туку, малце да се олабавиме и да се посмееме, на наша сметка :D

    Околината константно не обликува, па и односот меѓу планетите и полињата, е еден вид на спојување со надворешното. Нека се вика тоа меѓуигра:P, однадвор-внатре, внатре-однадвор.
    Таа игра е всушност животен процес, прилагодување на индивидуите, кој се одвива меѓу околината (планетите во полињата) и планетите во знакот, кои влијаат на развојот на човекот и неговото константно обликување.
    Ако постојат четири главни елементи, а постојат 8), тогаш постојат и начини преку кои може да се пресмета секој од елементите. Застапеноста на еден елемент, зборува за нашиот темперамент кој е поврзан со однесувањето и реагирањето надвор.​
    На овој начин може да откриеме, што ни фали во животов наш, или дали од главата си патиме:D :rofl:
    Се шалам.8)


    Постои таблица , преку која се сметаат елементите во нашата натална карта( можеби не ни треба никаква таблица, за да сфатиме што не спасува од тоа да не се удавиме во премногу вода, но ајде да видиме колку се познаваме себеси). Се смета по ред, па ќе видете кој елемент е доминантен, кој урамнотежен, а кој недостасува. Од тоа може да се извлече базичен заклучок, поврзан со карактерот.


    Sun- 10
    ASC-8
    Moon-8
    Mars-7
    Mercury-6
    Venus-6
    Saturn-5
    Јupiter-5
    MC- 4
    Uran-3
    Neptun-3
    Pluton-3
    Ruler of the Sun -2
    Ruler of the ASC -2



    • Урамнотежена карта содржи 18 бода од секој елемент,а карта која има од 26 до 36 бодови, означува дека тој елемент е нагласен. Повеќе од 36 бодови-пренагласен.
    • Карта која содржи од 10 до 16 бодови од некој елемент,говори за неговото опаѓање,а онаа коа содржи помалку од 10 бода, значи дека тој елемен значајно недостасува.
    Направете табела со четирите елементи(оган, воздух, вода и земја) и пресметајте го секој од нив.

    Оган (стрелец,лав,овен)- физичка активност, ентузијазам, занесеност, сила, непромисленост. Она што најмногу не владее во младоста.
    Потоа стапува нашето искуство Земја (девица,бик,јарец)- разум, логика, материјална сфера,сигурност, тврдоглавост.
    Воздух(водолија, близнаци,вага)- трпението и спонтаноста со која располагаме, вербата и надежта,фантазија, иновативност, спокој и мир. Или она Урановското, летаргично во бесмислата :D
    Вода(рак,риби, шкорпија) која е задолжена за емоциите.


    Ова е само дел од карактеристиките, но да не ја ширам, пресметајте на некоја од страните, па ќе дискутираме фино . Потребно е да се знае времето и местото на раѓање, за да биде точна наталната карта. Ајде, ко воли, нек изволи.:mm::f:


    http://astro.cafeastrology.com/natal.php
    https://www.astro.com/
     
    На Lilianna, sia.bella, MissDior и 8 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.072
    Пол:
    Женски
    Нагласен Воздух и пренагласена Земја.
     
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
    Со двете нозе на земјата стоиш,:D не можеш да полеткаш малце, да се издуваш како балонче:f::sun:
     
  4. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Сонцето ми е во Овен, Месечината во Скорпија, Венус во Овен, Лилит во Овен, Марс во Скорпија, Уран и Нептун во Јарец...
    Знак Овен, подзнак Близнаци.
    Оган и Вода претежно.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
    Ги пресмета ли?
    Бодирај ги како горе, и MC не заборавај да пресметаш.
     
  6. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Да, да ги пресметав.Има колку степени кое е, а што значи тоа кај aspect што е означено како квадрат, триаголник?
     
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
    Вака изгледа натална карта, која е потребна за да се пресметаат елементите. Ако сонцето е во вага, пишува во текстот лево,тогаш бодираме 12 за воздух. Ако месечината е во стрелец,бодираме со 8, за оган. Зависно од тоа каква природа има знакот.

    k.jpg


    @Salome Ако сонцето и венера ти се во огнен знак( во случајот овен како кај тебе), бодираш со 12(за сонцето) + 6 (за венера). Така имаш 18 од елементот оган, 15 вода (нели скорпија ти е месечина(8) и марс(7) ). Провери ги убаво, и собери ги. Лилит не ти треба, гледај ги планетите горе кои ги имам поставено со подзнакот,тие се важни. Бодирај ги и види каква ти е наталната, колку ти е урамнотежена. Подзнакот го пишува со AC, во табелата, во случајот е лав (10 бода за оган, затоа што лавот е огнен знак). MC се смета исто така, под подзнакот се наоѓа, во случајот 4 за земја(затоа што е во бик, земјен знак)
     
    На buba4e89 и Salome им се допаѓа ова.
  8. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Пресметав.
    Нагласена Вода и нагласен Оган.
    Земја значајно недостасува.
     
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.582
    @Ginger^ леле многу јака тема. :D

    Пресметував ама мислам дека нешто утнав, ми фалат уште 2-3 бројчиња за да ја комплетирам.

    Засега, нагласена вода и значајно недостасува воздух. Многу, многу точно. :D

    Кај ги пишува тие последните две, рулер оф д сан и тоа другото? Не можам да се снајдам... И тоа МС не знам што е. :?:
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
    Дузи за сонцето рачунаш 12 вкупно, а за подзнак 10. Тие двете последни за порамнување се.. MC-Midheaven, ако си правела на astro.com, натална, ќе го видеш под ASC.Или во кругот, бараш MC, каде е сместено и го рачунаш знакот. Пример, на картата погоре , што ја поставив, МC е во бик, па се рачуна 4 бода за земја.

    И мене ми недостасува 1 бод воздух, и тоа е тој зрак што ми фали, да ме осветли малце. :wasntme:
    Да видам светлинка на крајот од тунелот :D:bow:
    Поентата е што кога имаш недостаток на воздух, немаш многу трепение, помалку надеж ...Сега веќе знам дека има, па на ризик одам:party::party::party: :D:D
     
    Последна измена: 2 декември 2016
    На julie77 и Doozy им се допаѓа ова.
  12. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.681
    Допаѓања:
    14.385
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    @Ginger^ jas ako te sfativ neshto..:rofl: sega sto da se racuna? hahah ko debil sum em pogore objasneto em pak ne znam (facepalm)
     
    На biGirl, buba4e89, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.072
    Пол:
    Женски
    Imash uramnotezhen vozduh, 25
    Voda, isto uramnotezhena, 24
    Ogan vo opagjanje, 15
    Zemja 8, spored ona shto pishuva pogore, nedovolno
    Nemash naglasenosti i prenaglasenosti.
    Mislam deka tochno presmetav :D toa bi bilo toa kaj tebe.
     
    На kim.k и Ginger^ им се допаѓа ова.
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.838
    Допаѓања:
    16.288
    Пол:
    Женски
    Јас сум изгледа малку приглупа за овие работи :rofl:
    Ја препрочитав темава неколку пати и не сфаќам како треба и што со што треба да пресметувам.
    Има некој за помош?

    astro_w2gw_01_m.68768.19110.gif
     
    На biGirl, theowndemon, EminemsGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.961
    Мене пренагласени ми се воздушните, дел земјени и огнени.
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    18.477
    Пол:
    Женски
    како се пресметува ова? Не сфаќам :?::$
     
    На EminemsGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
    Сонце -12 (дека е вага, поените одат за воздух), Месечина 8 ( рак, поените одат во вода), Меркур-7 (девица е земјен знак, значи во земја), Венера-6( исто во земја, пак е девица), Марсот е во лав,5 бода( за оган, лав е огнен знак нели)Јупитер- 5 бода кои одат во земја(јарец е земјен знак), Сатурн е овен,5 бода во оган(овен е огнен знак). Уран, штом е во водолија 3 бода за воздух, Нептун-3 бода за земја( јарец е земјен знак). Плутон-3 бода за оган( стрелец е огнен знак), ASC е подзнакот, кој се бодира со 10-во случајот вага (во воздух одат поените) и Midheaven е MC, зависи каде, како, го пишува.Се бодира со 4 и тоа оди во елементот вода, оти на госпоѓицава и е во рак.


    ВОЗДУХ - 12+ 3+10=25

    ЗЕМЈА - 7+5+6+3=21

    ОГАН - 6+5+3=14

    ВОДА - 8+4=12

    Од картата на Ким, гледаме дека водечки елемент е воздухот. Но, не е пренагласен. Значи е во нормала. Што значи има доволно спонтаност во неа, мир и спокој. :) Красота ( како го прави тоа, еве нека каже :P ). Второ кое е урамнотежено на картата е земја, значи девојчево не лета само во облаците туку е и стабилно. Сугурно и одлучно, а може и пари ќе поднаправи. Ќе основа семејство, кариери мариери :D, образование.
    Во опаѓање е нејзината емоција, елементот на вода. Па нека каже дали другиве и викаат дека не е многу емотивна,обично во опкружувањето тоа се осеќа, нам не гледаат како така. :| Нешто посебно не се прославил ни огнот, со 14ка , но не е во пад како водата. Можно е да има недостиг на физичка енергија, елан што вика баба ми :D,, недостиг на страст во работите кои ги прави. Може и да и фали она, сила за да пресече, кога ќе ги собере 2+2( оти има доволно разум и логика од земјата во картата). Но, тоа може да е од повеќе воздух( па да попушта и да има жифци).

    Се шалам, тоа само од карта се гледа. Како е, никој точно не знае.
    Битно , ете како точно се сметаат, проверете во вашите карти.
     
    На sia.bella, Antebellum, kim.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.582
    Конечно укапирав и најдов време да пресметам. :D

    Кај мене е страшна ситуацијата, но морам да признаам доста точна. Потоп. :D

    Оган - 15
    Воздух - 5
    Земја - 12
    Вода - 40 :tmi::rofl:

    Ајде @Ginger^ стручно мнение. :D
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    18.477
    Пол:
    Женски
    може некако да ми помогнеш и ја да пресметам?Не сфаќам како.
     
    На theowndemon и Ginger^ им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    58.582
    Јас одев по картава од овде:

    http://astro.cafeastrology.com/natal.php

    Ќе си пишеш податоци и кога ќе скролаш надоле, ќе ти испадне табела со напишани планети. Во зависност од тоа кој знак во која планета ти е, таму бодираш. Знаците се поделени на четирите елемента (види горе) и бодираш со оглед на тоа... пример - ако си лав, сонцето ти е во лав - кај оган пишуваш 12.

    Sun- 10
    ASC-8
    Moon-8
    Mars-7
    Mercury-6
    Venus-6
    Saturn-5
    Јupiter-5
    MC- 4
    Uran-3
    Neptun-3
    Pluton-3
    Ruler of the Sun -2
    Ruler of the ASC -2
    Овде би додала само дека кај Сонцето треба во старт 12, а кај подзнакот (ascendant/ASC) во старт 10 да се пресметува и да се тргнат последните две доле, ruler of the sun и ruler of the asc. Мене овие две ме збунија. :D
    Прочитај го убаво воведниот пост на Џинџер, одлично е објаснето. :)
     
    На sia.bella, biGirl и Feminka22 им се допаѓа ова.