1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пренагласеност/недостаток на елементите (вода, оган, земја, воздух) во натална карта

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Ginger^, 1 декември 2016.

  1. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    @Ginger^ thank youu :D :l:
    Баш е интересно ова, и тоа што ми го пиша е стварно погодено, а не сум многу по овие работи.

    И не кажувам како успевам, викни ме во клан некој фејмс ако имаш па ќе видиме. Гледам тоа било во тек додека не читав деновиве на форумов мн мн :D

    :hug:
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Чекај, зошто даваш 7 за Меркур и 5 за Марс кога на табелата пишува Меркур-6, Марс-7? Да не има правила кои ги испуштив?
     
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20161202-231610.png

    Јас да го ставам ова тука, а за пресметување... Не ми мисли мозоков сега. Прелетав по текстот, морам да признаам доста интересен.
     
    На theowndemon, Doozy и Ginger^ им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Aj tuka da prasham. Koja e ulogata na Vertex vo natalna karta?
     
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.838
    Допаѓања:
    75.399
    Пол:
    Женски
    Вода - 44
    Оган - 19
    Воздух - 0
    Земја - 9

    Ма кој може со мене... емоционалност до бескрај
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Јас сум тапа за овие работи ама ајде да се обидам, поправете ако имам грешки. :lol:
    Сонце - Овен, 12п оган
    Месечина - Риби, 8п вода
    Меркур - Бик, 6п земја
    Венера - Близнаци, 6п воздух
    Марс - Овен, 7п оган
    Јупитер - Јарец, 5п земја
    Сатурн - Овен, 5п оган
    Уран - Водолија, 3п воздух
    Нептун - Јарец, 3п земја
    Плуто - Стрелец, 3п оган
    АС - Лав, 8п оган
    МХ - Бик, 4п земја
    upload_2016-12-2_23-44-9.png
    Оган - 35
    Земја - 18
    Воздух - 9
    Вода - 8
    Точна сум?
    :lol:
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Многу интересна тема :clap:
    Natal Chart Report1.png
    Еве што ми испадна:
    оган 3
    воздух 11
    вода 30
    земја 28

    Водата и земјата се пренагласени, а фали оган. Што би значело тоа?
     
    Последна измена: 3 декември 2016
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Мислам дека конечно успеав да пресметам сама:

    Воздух = 3
    Земја = 13
    Вода = 23
    Оган = 33

    Ама ми се погодија сите на 3 :rofl:
    Само сега ако сака @Ginger^ или некоја друга да ми каже што би значеле резултативе? :)
     
  9. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Конечно и јас да сфатам. :rofl:

    Оган - 39 :tmi:
    Земја - 6
    Воздух - само 4
    Вода - 23

    @Ginger^ нешто за ова ? :wasntme:
     
  10. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Оган: 8
    Земја: 35
    Воздух: 19
    Вода: 0

    Инакy овде ви е убаво објаснето што значи ако имате пренагласеност или недостаток на некој елемент. На почеток ви се објаснува како се пресметува и е многу покомплицирано од ова Џинџер што го постираше ама мислам дека се работи за истото. Скролајте најдоле и имате линкови за сите. https://astrolibrary.org/interpretations/balance/
     
    Последна измена: 3 декември 2016
    На Chica.Loca и LollySky им се допаѓа ова.
  11. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Ајде добар ден деќки. :sun::f:

    Џинџер направила лапсус таму кај Ким. :$ Да ми извините :D:D
    Што значи, нема 21 за земја , туку 20,а за оган место 14, треба 16. Во земја елементот, не менува којзнае колку, но во оган, јесте,да:nod:. Се рачуна како горе што е објаснето, меркур и венера 6, а марсоТ:rofl: 7.Ким има убаво балансирана карта, со само еден елемент кој е во опаѓање, а пренагласеност нема. Тоа е важно.
    @theowndemon А тие двата од подзнакот, лав, во оган што оди? Кај ги криеш?:D Буни тоа, гледам многу.Подзнакот се смета 10, а сонцето 12. 37 имаш оган, ете пример кога има пренагласеност на одреден елемент. Сигурно имаш вишок енергија, полекце со егото8). Се шалам.:)Една другарка , со олку оган, вели дека не се знае, може и да скокне од тераса кога се дешава некоја ситуација.:rofl: Можно е да фали објективност, обично субјективно се гледа на работите, во ваква ситуација. Ти велат дека си своеглава?:?: Многу адреналин,многу енергија. :nod: Обично велат дека кога има пренагласеност,треба да се работи на тоа да се смали. Со помош на проекција.( ако си емотивен, се правиш дека не си, полека со тек на време да се навикнеш на тоа. налудничаво,нели?:)) Во случајот треба да се одлуми троа емоција,за да се стекне како особина. Емотивноста.:)А да се истроши таа енергија од оганот, преку теретана,трчање,некакво хоби кое го прави со страст, како год. Хоби од страст, па јас верувам дека се правиш со страст,од длабочината на срценцето ти доаѓа.:l: Енергијата мора да се издува некаде, оти ја пумпа постојано.Воздух 9, тамам не може ни да се издише. Спонтаност 0.:D Треба да најдам посоодветни термини, вака некој да чита, ќе си рече дојде и фиран не направи:)

    Добро е што не е водата нагласена,затоа што комбинацијата вода/оган, не дава којзнае каков флуид:)

    Многу топлина и многу темперамент. Таа топлина ти е како влезница за во туѓи срца.:) Ние луѓето:rofl: сакаме искреност :hug:


    Ти колкаво срце имаш, @malerozna? Два броја поголемо ли од тебе ?И за @Doozy ова важи.:sun:

    Ви се случува ли да плачете, а да не знаете зошто? :?: Тука може да ве испофалам за интуицијата која ја имате. Обично луѓе со нагласена вода, многу добро може да ги намирисаат работите и односите, во позадина. Можно е да сте раздразливи и да сте увредувате лесно, но сепак, реакциите ви се основани. Има зошто,да реагирате,нели? ;) Кога водата доминира, како во вашиот случај, значи дека ви е важно да имате контакт со други луѓе. Да бидете вода, која нема луѓе во животот, за вас е многу тажно. На елементот вода, му е важен постојаниот проток на чувствата, а чувствата нели стално се случуваат... Кај вас суптилно тече, и мора да го чувствувате тој емоционален тек на нештата. Важна ви е и сигурна стабилноста во врските, за да може своите емоции да ги стабилизирате. Водените луѓе тежнеат кон душевен мир, а се плашат веројатно од она што може да им го наруши мирот, во гнезденцето,нивно. :f:Емоциите тука не се рационални, туку си имаат своја логика на работите.Тоа знаете што си значи:) Лоша е комбинацијата кога вода и воздух се нагласени, тогаш луѓето трошат многу време на своите емоции. Буквално глават. Тоа е потешка комбинација. Ако некому му фали вода, елементот, може да се надокнади преку проекти или учество во црвен крст, работа со деца... Да се надомести, да се ублажи тој недостаток на емоција. Во случајот каде што има пренагласеност, треба само да се проектира, да се занемерат емоциите. Да се препознаат емоциите и да се реагира спротивно од она што ни е природа. На почеток ќе излезе како да се преправаме, но ќе стане навика, Емоции се , но може да ги контролираме,нели? :)

    @Lady Phoenix

    земја- 36

    вода-17

    оган-13

    воздух-6


    Пренагласена земја,а воздухот е во драстичен пад. Кога има премногу земја,луѓето делуваат сериозно, отмено. Кога ќе речат за некое детенце ова како старо зборува:mm:Се знае, се разбира.:nod:Воздухот ако ти е во пад, а земјата пренагласена, како заклучок може да извлечеме дека го имаш заборавено она детското. Детинестото во тебе, брзи идеи.:)Таа сериозност, одлучност, ќе ти ги искине врските со самата себе, со она што е суштина. Биди полетаргична, колку што се може. Не си прави бука во главата,оти многу си на логика. Не прашуваш ти само колку е високо, туку и колку е длабоко, нели?Најдлабоко може да си допреме до самите себе.Пробај со медитација или јога, другото во картата е во ред. Мада и оганот е во пад, но е 13ка. Не е толку страшно.
    Дозволи си да бидеш во тишина почесто.:)Тишината е посилна од сите верско мантриски звуци.
    Ќе правиш пари битно:rofl: И немој да губиш надеж, оти малку воздух и тоа значи.


    За мојата карта ќе пишам, отприлика да знаете, оти не можам да стигнам за сите посебно да дадам објаснување. Еве како стои тука кај мене:)

    земја 26
    вода 17
    воздух 14
    оган 6


    Истакната земја, парите ги доживувам како средство, никако како цел. Постојано сакам нешто да работам, да правам со рацете ,за да видам физичка манифестација( од земјата) на некоја своја идеја. Водата ми е нормална, не сум емпатична. Чат пат знам да соберам туѓо гајле или емоции, но се свестувам. Недостатокот на оган, најјако го осеќам. Некогаш буквално, како да ме мрзи да живеам. Не трошам енергија,, туку ја акумулирам и слично. Ако ме прашате мене, би влегла во медитација и би се претворила во дрво. Толку. Иницијативна сум, али не на начин на кој е иницијативна @theowndemon. Импулсивна ретко, повеќе сејствувам промислено (ако ми донесе корист). Инаку, јас се изненадив од моето отсуство на оган, затоа што секогаш мислев дека сум многу силна,и така гледаат луѓето на мене. Она, демек ситна али динамитна.8):D Но,не е така,се гледа изгледа и количината на оган во моето срце, е таму сум мека.:nod::) Кога фали оган, фали енергизираност. Ми фали тоа , да одам на места и да правам работи за кои малкумина имаат храброст. Некако, не се осудувам. Ете пример како е кога има отсуство на оган и пренагласеност на оган. Недостаток на оган, може да значи и присуство на песимизам, изразена апатичност, и отсуство на животна радост. Волја за живот.

    Ако во карта има нагласено оган и земја, тогаш луѓето имаат некаков конфликт во себе, Двата елемента не се комплементарни,па личноста се труди да направи нешто и секогаш мисли дека не е доволно.Ама оди дотаму каде што некои не ни помислуваат да стапнат, а камоли да остават печат:D

    Карта со нагласена земја и воздух пак, велат дека има сува логика. Оди на сигурно, а може да е преокупирана и со својот ментален слоп. Недостатокот од еден елемент, може да се компензира со превземање од другиот елемент, кој е урамнотежен. Но ова не е забетонирано, јас само давам неколку примери, како механизми, за да си го најдеме чарето,де.:emo::D
    Нагласен елемент вода и оган во една карта, буквално може да се опише со ставање вода во врело масло. Па кога сме во негова близина, може да настрадаме:DТаков е и овој темперамент. Реакциите се обично бурни и жешки, затоа што се работи често за работи кои овие луѓе ги носат длабоко во себе. Ги држат закопано внатре, па му доаѓа како нкој друг да му чепка по рани. Ваков темперамент брзо реагира на сите случувања во опкружувањето. Се што проживува, го доживува многу силно.


    Убаво е да се дружиме со луѓе кои го имаат елементот кој ни недостасува. Јас имам другарче кое има многу од елементот кој мене ми фали, па многу полесно се осеќам. Нели е сепак животот процес на давање и примање? Епа ете.:angel: Партнерот наш да го има тоа што ни фали, би било совршено. Ако до нас имаме некој емотивен, а ние не сме, ќе биде полесно за нас. Обично сакаме нешто слично на нас, да ни паше.:P Ама од периодниот систем, она што го знам на сигурно е дека од сродните елементи не се добива којзнае што, ами од другите,да.:D Најсилни реакции има од неочекувани спојки.:nod:
    Оти со луѓе како нас може само да испиеме лимонада :| на Сантјаго де Куби, чекај тоа ли ми беше идејата ...? :D Се збунив, али се сфативме секако :)))
     
    Последна измена: 3 декември 2016
    На FridaKahlo, malerozna, Chica.Loca и 4 други им се допаѓа ова.
  12. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Правев натална карта пред 2 години и ништо не ми погодија. Ок ете ај можда 20 % но ништо друго
     
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    @Ginger^ фала за пресметкиве. Ептен заземјена сум, не може струја мене да ме мавне. Џоа Тесла. :D Шала на страна, доста интересно.

    Да ја повикам и @zhap4e-то тука да се придружи. Само се надевам дрка нема да се навлечам како порано на работиве. Ги избегнувам максимално, ама не можев да одолоеам на темава. :D
     
    На Antebellum, zhap4e и Ginger^ им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ракче ли си во подзнак? :inlove: Иначе ептен те погодила Џинџерка во анализата. :D

    @Ginger^ секоја чест за анализата.:bow: Многу, многу точно. Го памтиш ред солзи, ред мрсули муабетот? :DИнтуицијата ми е непогрешива и не секогаш си ја слушам. А точно е и дека ако научиме да гледаме малце „порационално“ сме многу поумешни во донесувањето секакви одлуки.

    И баш денеска си размислував дека многу се дружам со воздушните знаци, особено со близнаци и водолии. Сега ми е јасно и зошто.

    Ти благодарам на издвоеното време! :hug:

    Иначе јас подолго време веќе сакам да си направам натална карта. Ме интересираат многу карактеристиките што ги имам и како ќе се развиваат во иднина, како емоциите можат да ми влијаат на донесување одлуки итн. Совет каде да се обратам?
     
    На biGirl, Lady Phoenix, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    @jasmina00 до вмро е, ништо друго:(:D
     
  16. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    тоталка анти-политичарка сум :)
    абе до мене е и до мојата енергија е знам
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Јас сама си ја тумачам:D наталната, лаички:) Уште не сум била кај некој професионалец. Дузи, велат дека Зоран Крстевски е добар,но не познавам некој кој бил. Мислам дека има тема таква тука, па прошарај дан ќе најдиш нешто. Знам и една девојка, на фејсбук ја имам лајкнато, како група, која прави натални.
    Ова е таа www.facebook.com/astrowebinar
    Ама мене параноја ме фаќа кога ќе помислам она да ми прави натална. Малку негативни и се постовите:(,а она тоа го вика АСТРОЛОГИЈА ЗА ВОЗРАСНИ:D. Знам, пошто имаше случај, каде реагираа дека ептен негативно гледа на работите. Изгледа ако си возрасен, треба да си песимист.:D:D Така му доаѓа. :)
    А може и само гужви правам, нека направи некоја ајде па ќе видиме.8)
    Ај @zhap4e нека дојде нека каже се што знае :D
     
    Последна измена: 3 декември 2016
    На Doozy, Lady Phoenix и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.419
    Пол:
    Женски
    Јас не укапирав како се смета ова. Додуша откако ги пополнив празните места за податоци, само го скенирав тоа што одпосле ми излезе.

    Но би сакала да знам, па би ја повикала @Ginger^ доколку сака да ми подобјасни. Сликите се подоле во спојлер.
    Ако не, ќе го мозгам ова друг пат. :wasntme:

    Screenshot (27).png Screenshot (28).png Screenshot (29).png Screenshot (30).png
     
  19. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    @Doozy ракче сум, да, како да ми доминира последниве години. Затоа цело време само се лигавам и све ме додирнуе. :lol:

    За останатово - прерано созреана. Допрва ме спопаѓаат детски понашања. :D
     
    На Doozy и Summerlover им се допаѓа ова.
  20. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Проверете го ова, интересно е. :)
    https://skywriter.wordpress.com/2011/03/28/creativity-and-element-imbalances-in-the-chart/

    Снегулче :*:оган(32 )/воздух,земја/(17)/,вода (6) . Оган и воздух се позитивни елементи и двата припаѓаат на машки и јанг елемент. Активен и самоизразен. :)Нагласен оган напишав погоре, во ситуацијава екстровертна личност, со многу инспирација и силна верба и воља.. Воздухот е повеќе за размислување,однос и комуникација,концепти и разбирање. Ментален и вербален,се однесува на разумност и на сваќање на другите, преку објективно гледање. (интелектуална перспектива).
    Недостаток на вода пишав погоре, може да се оствари преку разни хуманитарни проекти.

    Лејди на стари години почнала да отвара :P:D:D
    .
     
    На Lady Phoenix, MissDior и Snow-Star им се допаѓа ова.