певекс во центар (ако е тоа јас што мислам дека е) има веднаш спроти зградата кај што беше трафик, мислам дека има и жито маркет до него
Одам често во Пренди ама во последно време не ми се засвиѓало ништо. Си имам купено само една ташничка .
Пред некој ден едвај успеав да си најдам нешто од Пренди, две блузи и тоа едвај едвај. Не ми се нешто по ќејф или незнам колку убави и посебни , но морав да ги земам , ми требаа пошироки. Веројатно се е до вкус, стил за да успее човек да најде нешто ваму
Да знаете дека на една тезга на бит пазар ги има ташните од Пренди. По 350 или и 300 може да ви ги дадат. Ете кај ги снемува одма ташните Веројатно и на многу други места поскапо може да ја најдеме облеката од Пренди.
Точно. И во Лептокарија налетав на една продавничка каде продаваа од Пренди и Певекс по 350,400,500 ден
Од Пренди во Чаир имам купено 2 маички и ми се допаѓаат зошто ги утепав од носење. А во Центар немам отидено не знам од која причина, ама сестра ми беше пред некое време пред да ја затворат и ми кажа дека нема баш некој голем избор за разлика од Чаир. Бидејќи поблиску ми е Певекс во Бисер, во последно време од таму си купувам и секогаш има интересни работи по мој вкус.
Јас единствено нешто што си го имам купено од Пренди е една маичка, розева, со Мики Маус! Преубава е маичката, за 220 денари, ја имам износено! Начекав нова роба кога бев таму и затоа си најдов, иначе досега многу пати сум била, а не сум нашла нешто друго така поубавко, брзо се купуваат убавите работи.
Не сум била до сега во Пренди, уствари денеска дознав дека постои такво нешто кога ја отворив темава. Ама чим по 220 денари било се вреди да си отиде, па макар и со една маичка да се вратиш. А сега како е робата во Центар, има, нема, што има, како има? И стварно ќе се отварало во Аеродром?
Deneska edna drugarka mi kaza deka si kupila mnogu ubavo fustance od PRENDI. Utre moram i jas da go posetam i da si zemam edno. [mod-kirilica:1l3vc7ef][/mod-kirilica:1l3vc7ef]
ахахаха не ми се верува, колава на сликата е на дечко ми, ми текнува и кој ден е, ме однесе да си купам нешто. Ај да не сум офтопик, баш прееска размислував, добро би било да донесат и костими за капење сега летово.
Силве кажи си бе чоек убаво, донесовме во Пренди нова гардероба, вака и вака не се прај муштерија кога си вработена. Една другарка ти кажала! Јас не ти ја сфаќам поентата со глумење лудило. И онака си е ок Пренди и си купуваме таму, бар вака можеш без да те прашаме, денес имаме ваква роба, утре имаме ваква роба! Гет ит? Туку сериозно што има ново во Пренди?
Пренди и во Прилеп локација- карши новата црква што ја градат во Точила . Се по 220 Има многу интересни блузички, фармерки ,фустанчиња ,пижами , се Јас си зедов една цветна маичка ,за една виолетова од Бершка се двоумев и таман се свртив ми ја зедоа , само една беше ... И ''ич'' немаше гужва Ќе работат и во Недела од 9 до 3 (15)
еве што си имам јас од пренди (гужвани се, уште не ми е отворена летна сезона ) Спојлер горното е наметка, летна, лесна ова е малце посветло зелено, нијанса посветло од ова ова совршено стои на хеланки нека им дојде летна гардероба, па да си појдам пак