Има ли некоја продавница на Пренди во центар ? И која е таа што исто така имало многу ефтина роба,марка било се.Имало мног работи од zara, bershka, pull and bear ? ако знаете пишете, ќе ве молам
Пренди во центар е тоа што е кај олимписки базен, а таа друга продавница со таква роба како што пиша мислам дека е Певекс.
жална вест да ви соопштам..певекс во карпош е затворено прееска бев..ваљда заради што не даваат фискални така да само пренди ви е на располагање некое време
Сите продавници ги затвориле? Зошто Певекс има и на повеќе други локации колку што знам, јас имам видено во близина на даре џамбаз од спротивната страна на улицата, а ми имаат кажано и дека имало и во близина на Беко во центар.
Девојки дали имате сознанија во битола дали имаат намера да отворат Пренди? Ако не приморана сум Прилеп да одам
Не разбирам...кога веќе знаат сите дека работите и ги рекламирате пренди...што јас лично не мислам дека е ништо лошо ниту некого обвинувам...нормална работа..но зошто воопшто се криете..како демек ние ќе ве обвинуваме..наместо тоа...бидете навистина од корист.известувајте не и одговарајте на нашите прашања.Не сфаќам дали мислите дека овој виртуелен свет нешто ќе ве скрие.Па дај...ние до толку прости и не сме...па дури и најмало детенце ќе сфати дека сте поврзани со пренди. Уште еднаш ќе напоменам...никого не го интересира дали ќе глумите дека сте или не сте поврзани со пренди...повеќе и во ваша а и во наша корист е да не информирате па да ви бидеме верни купувачи
Кога ја прашав газдарицата на Пренди, таа тогаш беше на каса во продавницата на Југо Дрво, и ми рече дека во Скопје носат роба секој ден, а точно кое време не знаела, најчесто демек дека наутро или на вечер... А во другите градови на 2-3 дена... то ми кажа кога ја прашав за во Прилеп, а јас најчесто си одам во Југо Дрво, оти и одма тука живеам и секој ден по 2-3 пати поминувам покрај Пренди, ама ретко кога имам време да влезам поради обврските... ама кога ќе отидам, по една-две блузи си земам
во пренди во струмица прилично слаб избор се едно па исто уште зимските работи не им се тргнати една од вработените ја познавам обично среда или четврток добивале роба ама кога и отидам нема ништо убавите работи си ги криеле во магацинот само за своите најблиски на почетокот само што си земав нешто поубаво сега за сега ништо не ми се допаѓа.
Првиот ден имаше навистина убави работи, фустанчина, блузички, фармерки, пантоломи, кошулчина.... И тоа навистина убави, не онака без веза. Сега одамна немам појдено, а и незнам кога носат нова роба, ако сте во можнос посетете го ќе најдете сигурно нешто убаво!!
Бев денес во Пренди во Струмица и имаше доста убави работи. Јас си зедов едно корсетче розево и маслинесто болеро
јас бев во пренди на југодрво, баш тогаш носеа нова роба ама немаше нешто онака убаво..или барем мене не ми се допадна
Еве да ви кажам на сите што сакавте да дојдете во Пренди Прилеп, слоподно ПОВЕЛЕТЕ. Сега си идам од таму, има нови работи донесено, рамбовки со чипка околу вратот и петличина онака баш за излегување има во секакви бои, блузичина има мноогу нови и интересни, фармерките се старите, има и убави црни и кремасти пантоломи(јас имам такви мн убаво стојат) фусанчина има и ко за секој ден и за излегување цветни и едни што ми оставија мн впечаток корсети ли беа, сукни ли беа незнам, собрани горе имаше цветни, со точки ептен беа убави! Друго....КОшули има Црни бели цветни карирани секакви.... Посетете го никако нема да зажалите!! Спојлер ако има некој некое прашање нека ми пиши слободно ЛП
Во ПРЕНДИ Гевгелија и во Пренди Струмица утре се оцекува нова роба . Ке имаат нови летни модели.Цисто да ве информирам ,за да не ме критикувате дека не сум ве информирала.
Леле јас од Гевгелија, а не сум била ниту еднаш во тоа Пренди. Срамота Силве кога ќе има нова роба кај Југодрво во тој дуќан, да поминам да си земам нешто.
Во нашиов град во Пренди ништо асално нема. Се некои блузи ко од хартија, никакви модели. Зошто кај нас не носат роба како во другите градови, не знам.