И јас имам купено повеќе работи од Пренди. Во близина ми е па скоро секој ден наминувам Инаку не се веќе 200, 220 ги направиле, им се зголемиле трошоците викаат
Да си ги изнаносив маичките од таму... многу сум против да давам многу пари на обични маички за со фармерки да ги комбинирам се екстра....супер им се цените.... плус се наоѓа така од време навреме стварно убаво парче облека
Јас па никогаш неможам да начекам нешто убаво. Кои денови носат роба? Кога и да отидам ќе се сложам со една од феминките погоре, дека поубава детска и машка облека има, него ли женска.. Досега имам купено едно како долго џемперче и никогаш го немам облечено. Кога го пробував таму ми се свиѓаше, си викам за тие пари е супер, али кога дојдов дома ми се чинише низ тараса да го фрлам. Иначе една моја познаничка, постојано се облекува од таму. И стварно убави работи наоѓа. Ту бре, што баксуз ќе бев јас. Де маички, де кошулки некои, па фармерки... Капутчиња.. Последен пат во Пренди бев во она кај југодрво, и имаше многу гужва, кога викам многу мислам на стварно многу. Немаше место кај да дишиш. И разгледав набрзинка што како има, и повторно ништо по мој вкус немаше и си излегов со надеж дека некој ден ќе дојдам и ќе си најдам нешто убаво, како и сите останати. Сега се сетив на една бабичка, гледаше една блуза со принт некој и ја прашува продавачката: А оваа блуза колку чини? И таа и вика: Госпоѓо се' е по 200. И по некое време бабичкава оди кај една друга кошулка и вика: А ова колку пари е? Иначе да, робата од Турција им е.
Цениве во ова Пренди се лудница ама јас до сега не сум нашла ништо како за мене ама и ретко имам можност да отидам така да сакам да отидам специјално некогаш кога носат нова роба, само не знам кога има дотур
Бев денес до Пренди кај Југодрво и имаше интересни фустанчиња (нажалост прекратки за мене) и сукњи само С величина од TopShop. Веќе ништо не ме изненадува со оглед на тоа дека многу други брендови имам начекувано таму, но ова беше последно што го очекував. Имаше многу интересни маички, принт со фотоапарати и позади со копчиња, ама мене лично не ми правеа мерак зашто имаа некои циркончиња напред.
Ова Пренди што е на Југодрво сега отворено нема и некои посебни работи освен што можат да се најдат интересни и убави маички по кратки.Има едно Пренди кај Јаја Паша во близина на Верото е таму треба да знаеш боречки вештини за да се пробиеш низ гужвата ама има убави работи јас маички се изнакупував и си ги носам веќе подолго време... ^^ Во ова на Југодрво во саботата имаше мн убави фармерки,ама не верувам до сеа да останал некој пар....
Не си грешка Облеката ја носат од грција онаа роба што им е изостанета низ бутиците (непродадена на намаление) ја носат овде. А и повеќето парчиња се многу квалитетни Се изненадив па зи земав 10 работи.
[quote="guguence"]А ги има ли во другите градеви или само во Скопје ги има ??[/quote] има и во тетово,гостивар,кичево,струмица,гевгелија
Купувам од Пренди и тоа многу често! Последен пат бев минатата недела во Чаир и имаше еден човек им купи едно десетина машки мантили, кои сум сигурна дека ќе ги препродава пет пати поскапо! Мислам дека нова роба добиваат секој вторник, а ја изложуваат во среда
Само мене ли ништо не ми фатило око таму во Пренди? Баш бев кај олимписки што го отворија, има ок работи значи далеку од лошо ама човече обични маички што во шутка ке ги најдеш и со анимации и се можеби за 150 денари.. Не знам, стварно ништо не ми фатило око досега..
Бев во Пренди кај Југодрво пред скоро недела, но не најдов ништо посебно. Имаше некои океј маички и фустанчиња, но ништо конкретно не ми се допадна. Колку често носат нова роба? Можеби треба да одам и да проверам пак...
Една јакничка од таму за 200 денари сите ми ја испофалија. Мајка ми убаво вика абе копчињата да ги купиш поскапи се И панталони топ си начекав. Се каам за една наметка што не си ја купив уште си ја мислам Не им верувам на луѓето кои ќе речат дека во Шутка, во Пренди, кај бугарите на Бит Пазар па евентуално Еко/Елит немало ништо убаво. Ок еднаш да нема убаво, ама биле неколку пати и не купиле. Е да, тоа е одбивност. А во Манго и да видат рамобовка со Манго букви паѓаат на газ. Јас ги обожавам овие места и маалските продавнички, кога ќе се забуричкам у купови обавезно се наоѓа нешто.
Сега бев до Пренди на Југо дрво Ја спремаат новата роба за изложување, бидејќи речиси се беше испразнето. Имаат интересни работи, пробав еден долг фустан за летен период, убаво ми стоеше ама изглеа не ми беше ден за купување Од новите работи забележав интересни кошулки - туники, убаво измешани бои и едни секојдневни црвено - бели блузички. Фармерки немаа убави, маичките ги спремаа за изложување. И баш на враќање свратив до моиве маалски бутици. Паметни се Бога ми. Зеле кошулки од Пренди истите шо ги глеав и ги продаваат по 450 денари. Донеле и фустанчиња од Дака фешн, јас го купив 300 а овде го препродаваат 700, болерата чипкани и блузички убави по 500 а во Дака 300
Ја гледав фб страната на бутикот, и единствено што можам да кажам е дека сега, после толку многу продавници Пренди- Македонија ќе биде униформирана. Има убави парчиња да, ама како би купила нешто кога истото кога ќе излезам ќе го видам на уште 20 девојки? Вас тоа не ви смета?
Мене почна да ми смета едно фустанче што имам земено зимово од таму го имаат веќе сите, исто и пелерина што ја земав зимоска ја носат сите, и стари и млади и веќе ми е навистина глупо да ја носам Дека се наоѓаат убави работи се наоѓаат, да, ама квалитетот не е исти бе како на пример во Теранова ја посочив неа затоа што имам земано маички со кратки ракави по 300 денари, 350, и еве со години си ги носам. Од сега ќе размислам баш дали ќе купувам, направија да е 220 денари, па ќе додадам уште 100 денари и нешто асално ќе носам, и нешто што нема да го има пола Скопје
^ За 200 денари, ми е ГАЈЛЕ и уште 50 девојки нека има како мене облечени! Па зарем и во другите бутици сите модели се по едно парче? Не. И од таму да купиш, пак некој ќе има како твоето
Ехеее, колку ситнурајки имам купено од таму! Обично гледам да се тоа еднобојни маички, хеланки, евентуално некое фустанче, за онака, по дома, до комшии... Зошто знам дека е ефтино - се’ им е по 200 денари, нормално е дека сите ќе си купат по нешто кога е толку пристапно. Имам две три маички што ми се купени лани, си ги изнаносев, едната е дури од Зара, донесена како аутлет, обична бела со црни линии и сум задоволна од квалитетот!
Ама ќе имаат една-две, не 20 Јас баш од оваа причина не носам една блузичка, која е инаку најобична за преку ден и до продавница што се вика, ама откако видов 4 со истата, ја носам строго по дома