Да знаете вие штета кинезите немаат отворено тука, има во Грција и во Србија во Ниш им се вика China town и има од пиле млеко значи незнаете што е тоа облека, огромен магацин од фустан до купач до штикла патика се ! АМа не е онака да речеш ај кинеско е не го бива, јас си изнакупив 7 фустани ама таков квалитет дури се чудев незнаете колку добра роба има штета нема во Македонија, ако имате шанси одите во Ниш, јас обично излагам со две големи вреки облека и доста ми е за цела година
зависи, од 5-20е, ама има многу многу убави работи, огрооомен центар е, нема што нема дури има и модели што се уште ги нема кај нас, јас си купив пред 2 години еден фустан со точки, сега гледам тек кај нас го донеле
Цените за купачи се 6 евра, фустани од 7-19 евра најчесто се 13 евра ,панталони од 10-20 евра, маички сите можни цени ама ништо не надминува 20 евра нудри ни кондурчиња
Имам само две работи од тука купено фустан и едно преубаво црно маиче имаат некои интересни парчиња ама повеќето се безвезни и не се по мој вкус а цената им е добра, само што накачија за 20 ден. тоа ми е смешно и глупо. Ама ако нека си водат бизнис луѓето побогати за 20 ден. ни ќе се обогатам, ни осиромашам за 20 ден. ама некако повеќе добро ќе ми дојдеше за 1000 ден. ќе купев 5 работи
Во право си Пред 5-6 години кога бев во Србија, си купив некои ситници кај кинезите и една убава маичка, евтина, и еве уште ја носам ни бојата не е избледена.
Да во тафталиџе е се 200 ( на Партизанска) Сум била еднаш и вчера поминав има донесено убави фустанчиња и маички али нишо не купив пошо онака бев на поминување . Иначе има еден мноогу убав фустан морнарски со еден како беџ или привезок така нешо без рамки е и многу убав ама не носам фустани почесто сум у фармерки.. Има многу убави работи
Денед поминав покрај Пренди во Струмица ама немав време да влезам. Во среда ке одам обавезно. Иначе на излогот видов многу маици во такви неон бои и во план ми е да си купам бидејки во Грција по 12/19 евра се.
Вчера бев во пренди , и искрено многу се изненадив пошто имаше неколку неон парчиња.Во мојов град по продавниците немам сретнато таква облека, па затоа ми беше чудно во Пренди да има Се на се имаше убави работи,имаше убави фустанчина и сите беа на Зара
И кај нас отвориле одамна ама ја дури вчера дознав. Си купив маички хавајки и едни три четврт памучни панталони за дома. Има и убави има и одвратни ствари. Најдов една маичка машка цела златна свети ко сатенски драпер од порнич нискобуџетен. Вери циган-ish. Ногу ми е јако што од сабајлето денеска 20 души видов со фустанче морнарско со машна. Униформа бе! И нешто што многу ме нервира е што викаат немам избор. Например имаше убав корсет мастило плав со гулабчиња сини црвени и жолти и кое женско ќе помине праве скисната фаца. Спојлер Мори коконо,тоа со некој црвен шорц,плисирана сукња или обични црвени панталони или фармерки знаиш ли колку јако ќе ти стое?! Би криејтив фор да лов оф гад!!! Мајче ми вика маичката за по дома да а носиш сите си купиле таква гледам. Мајче молим те. Јас сум фенси. Тренди. И шик. Ќе го искомбинирам бомбастично нема ни да ја приметат дека е иста Спојлер
Браво Џокси ептен си ја уловил ситуацијата Немам одено досега во Пренди а сакам да одам. Гледав другарките носеа пролетта преубави палта, е да сите се со исти различна боја, ама па и порано сите исти монтки носевме. Имам од Пренди едно палтенце и тоа татко ми ми го купил. Ги чекал колешките пред излог, се зафркнал влегол му паднало чудно на човекот што е евтино и се изнакупил небаре ке ја затвараат продавницата од утре па сега му е последна шанса.
Бев денес до Пренди и имаа нова роба донесено. Има неон маички,долги здолнита,ташни за на плажа големи убави, чипкасти болера,убави корсети еве Џокси како што ги опиша. Инаку зи зедов јас еден корсет и една маичка бела со линии во разни бои. За во Струмица зборам.
Не ме сваќајте погрешно,но у таа пренди има ептен бабински алишта. Сум влегла од чиста радозналост и уопште не се разочарав што ништо не си бендисав,ако ви е толку до парчиња облека која е на попуст во манго,теранова и калиопе има многу убави стварки