devojki, jas ne sum od skopje, no cesto odam i sto pati sum pominala od prendi od cair, ama nikako da zatsnama...kazete mi ima li parcinja za podebelki
Ќе одам некој ден и пак ќе си купам нешто, има убави парчиња облека. Пред некој ден бев си купив маичка со британско знаме.
Поминав од Пренди на Југодрво, имаше фини ствари.. маички некои интересни со риги, не беа лоши... може да се најде по нешто.. се изненадив, бидејќи претходно одамна немаа донесено убави работи..
хахаха не ме радувај денес бев да видам шо има толку во тоа познато пренди кај нас и кога влегов имаше и шо да видам мислам дека ако не пола, четвртина од житоше и лажани беа таму. па тоа еден колорит избор со имаше ваквовакво и многу други неодредени катастрофа беше бе една ствар да имаше да речиш. можда е по 220 ама тоа ти се узалуд фрлени пари. низ чаршија попусти имаш ќе најдеш за 300 преубави јас за 350 си купив препрепреубаво фустанче (ми го купија де ) имаш зад марко ц. едно кимико и до него има за облека и има преубави работи.
Абе како ќе начекаш во Пренди, т.е како ќе ти се посреќи сум нашла убави ствари кои вредат за прите и се баш тренди. Велам како ќе начекаш оти вчера бев , а не начекав ништо по мој вкус
знам и јас бев вчера затоа кажав. дизастре ако си за фустанче оди кај што пишав не знаеш какви убави има
Скопје. Тоа што се наоѓа на Југодрво Не ми работи камерата на телефонот, за жал. Иначе можам да ти ја опишам , бела е со кратки ракавчиња и на неа британско знаме Ваква нешто е, само бела и британското знаме не е во средина, туку низ целата маица. Се надевам дека сфати .
Девојки, а знае ли некоја како е работата во Пренди? Гледам ќе се отвора нова продавница и има оглас за вработување па се мислам дали вреди да се аплицира, како стојат со плата знае некој?
А бе Прилепчанки, да не сте многу пребирливи? Не значи дека секогаш е топ и деведесет посто од парчињата се носливи и добри, ама ако на онаа роба што јас ја видов во вторникот(последно бев тогаш) не ви се бендиса ништо, тогаш само имате влезено и излезено Ова фустанче си го купив, исто црвено, а го имаше и во сиво-зеленава нијанса, стои феноменално http://www.bonprix.co.uk/product/printed-neckline-jersey-dress-red-957668/ Блузичка апла сина, со тантелче долу и V-отвор, не можам да најдам слична, немам со што да ја сликам, штосна блуза со некое шљокиче на едната страна, на едно рамо, и сите од убави меки материјали, во една рака се збираат. И плус со мама се отепавме од пулење да најдеме шо фалинка имаат и не најдовме. Имаше и вакви маички, жолти, минт, розе, крем Има и катастрофа избор, демоде или со штосенашлобојасешлакнало ама сепак дека има избор има. Мене искрено ми е битно да не ме гризе материјалот, да не смрди на рециклирани влечки, да е мек,нежен и добро да ми стои, а дали ќе го платам 220 или 2200 богами не ми е Ааа, да, кога видов на првата закачалка ликрени фустанчиња со набор од страните и болеренце, умот ми се сврте зашто пред две години за фамозна Нова Година многу слично такво си купив за цели 2100 денари
И овде во моево гратче има донесено роба.Сабалјево бев.Има убави блузички,има и корсетичиња ама не ми се допаѓаат толку.Имаа убава машка роба. Имаше и фустанчиња,едни чипкени долу со карнерчиња интересни беа.А бога ми и за 200 денари вредат,имаше интересни секојдневни фустанчиња.Имаше блузички во неон бои И тоа е тоа
Денес бев има преубава роба.Убави маички,секојдневни фустанчиња од зара,шалвари,топчиња.Многу работи ми се допаднаа ќе одам пак да си доземам нешто.Изгледа летнава колекција стварно ја погодиле
Изгледа во секој град различна роба носат или како? Јас тие работи што сте ги ставале тука ги немам видено кај нас. Бев неколку пати, првиот пат немаше ништо оти тогаш ја отворија и сите си изнакупиле се. Вториот пат така да разгледам ништо не ми фати око, ама третиот пат имаше убави летни маички и си купив три, и баш не се од оние кои ги има цел град. Чудно да, но не сум сретнала уште некој во градов со истите маички. Видов сте коментирале за тоа, па да си кажам и мое мислење. И јас не сакам од тие чантите оти сите ги имаат исто како и некои други парчиња на пример едни убави јакни што беа, па не си купив, ама кога станува збор за една блуза, епа луѓе во било кој бутик имате по 20 броја од еден ист модел, па сакате неќете, секако ќе носи уште некој како вашата блуза. А, кога станува збор за блуза и тоа секојдневна, мене ми е баш сеедно дали ќе биде 200 или 1000 денари. Всушност не ми е сеедно, не би фрлала толку пари за некоја обична блуза оти била од некој ексклузивен бутик! Големото чудо, на неа да не пишува колку пари е?
поминав во пренди во кавадарци денес и си излегов со 3 маички ептен убави и штосни само што во кавадарци е се по 220 денарине по 200 али и за 220 вредеа има премногу избор на маицки
Не одолеав денеска на поминување да не влезам и не згрешив искрено. Имаше донесено нова роба и интересни фустанчиња, па се подновив со едно - принт и модел налик ова: Искрено преубаво е, па уште и за 200 денари греота да не го купиш. Имаше вакви тегет, посветло плави и светло зелени со истиот принт и исцели панталони ма да моделот баш и не ми фати окце. Забележав и интересни кошулки и други памучни фустанчиња, нови шалвари и хеланки со принт. За машки имаше голем избор на боксерици ама некако матерјалот не ми се виде добар. Во последно време (бидејќи од карши отворија и Певекс па најверојатно заради конкуренција) мислам дека ептен го подобрија изборот и почнаа да носат многу подобри и поинтересни работи.
Moже некој да ми каже каде се наога Пренди на Партизанска, и во сабота од колку до колку работат? Благодарам.