Денес бев у Пренди и имаше стварно убави работи.Изненадена бев.Си зедов корсет тексасен,бели кратки панталони со машничка и блузиче на едно рамо со карнер.
Бев пред една недела во Пренди во Центар и пријатно се изненадив. Си купив три маички со интересни принтови. Имаше повеќе избор од претходно и поубави работи. Се надевам дека ќе продолжат вака
Јас бев денеска у мојот град.И имаше убави работи.Сукњичиња,тексасни фустанчиња,кратки пантолончиња.Стварно имаше добра роба,и блузички исто така.Имаше пантолони 3\4,шалвари. Иначе јас си зедов шалвари и корсетче.
Дали знаете зошто е затворено пренди..нема никакви ленти на вратите...претпоставувам ради бајрам ама да не има некој информација кога ќе отворат?? стварно ми треба
Одамна не сум си нашла нешто убаво, иако морам да признаам виолетовата блуза со коњи ја меркам поодамна. Материјалот не е нешто најубав ама за 2, 3 пати облакање гајле ми е
Aко гардеробата по сите градови е иста тогаш има интересни блузи на кратки ракави и маички - рамбовки. Јас пред два-три дена бев и си зедов две рамбовки и едно летно секојдневно фустанче.
Првиот пат кога бев немаа многу убави работи,сега гледам донеле подобра роба само 220 е.Си купив едни панталони
Леле почнаа и овде ај 200 па сега 220 и којзнае до која цифра ке стигнат а секаде е исто значи ке почнат со поефтино па ќе фатат кревај нагоре се додека не ги изгубат сите муштерии а роба има стварно е убава да си побара човек може убави работи да си најде баш последно имаше доста убави фустани летни и долги и до колена.
Јас бев денеска во Пренди во Чаир и ептен се разочарав ништо немаше убаво, ама баш ништо, се некои селски работи , глупости
Ее, да прашам дали бил некој деновиве во тоа Пренди што е на Југодрво? Планирам да му одам во посета , па да прашам дали знае некој дали има интересни работи и накратко што има.
Бев пред некој ден во Пренди-Струмица и се изненадив што воопшто си најдов нешто за да си купам со оглед на тоа што бев малку скептична во однос на гардеробата за која мислев дека ја има таму.Но за среќа си најдов многу убаво фустанче,на кое има етикета zara woman,и убава бела блузичка со риги во неколку бои на која пишува pimkie ?!?Каква роба има уствари овде? Како и да е,ептен ми е ќеф и за двете работи што си ги купив.