Пак јас Денес и со ова си се подновив. И на ракавите кај лактите има онакви кругчиња кафеаво материјалче. Само за копчињата дека се на златно сакам да ги сменам. Али каква боја црна или кафеава ? Ма да мајка ми вика на нитните си одговарале златните
Оваа слика е од Штип.Инаку,цените се од 220 до 420 денари,ама има многу малку работи што се по 320 и 420 денари,се е речиси 220
Иначе до колку работи навечер?И работи во сабота Спојлер Информацијава мн. брзо ми треба фала однапред
Значи цените не се исти во секое Пренди,м? Еве пример Битола има од 220 до 420,Прилеп се 220,Штип исто така е од 220-420.
Бев пред некој ден во Пренди имаше убави работи. Имаше од тие џемперчињата како што ги имаше постирано Талита,си купив еден таков јас со чипка и така.Имаше интересни блузичиња,со интересни принтови Имаше и од тие долгите џемпери што се бели беа,и така. Инаку за тие што прашувавте,Пренди во сабота работата како и секој работен ден,до 20:00 часот,а во Недела работат само до 17:00 часот.
Вчера наминам во Пренди и најдов кожни панталони.Арно ама ,не ми стоеа воопшто убаво ,кројот им беше дупка.Се разочарав ,а толку ги посакував...Ништо од моите коѓни панталони МИ се допадна една пелерина ,темно зелена по боја ,па ако стои уште ,ќе си ја земам утре.
go ima vo kavadarci i ima ubavi raboti no nekoi da recam ne se bash naj naj samo ke vi kazam vnimavajte posto na nekoi ima greski nekoi se izmacani ili skinati isto go ima i vo gevgelija i gostivar sega kazaa deka ke donesat i dzempercinja koi ni pokazaa kakvi ke bidat odlicni se za tie pari pozz [mod-kirilica:1aq403y1][/mod-kirilica:1aq403y1]
Често поминувам во продавницата на југодрви и стално си наоѓам нешто. Има избор бар за мене, и цената е ок и квалитетот за парите. Јас порано бев од тие што гледаат марка да е, од манго да е, мотиви, котон... . Ми се случи да купам последователно неколку парталчиња од Манго, ама на сите, верувајте ми, на сите наоѓав дупче или некој фелер. Така да од тогаш ми дојде памет си купувам со мерак во пренди. Избор има, интересни работи, а и да најдам некој фелер ич не се нервирам. Супер се. Последно си купив сако и блузичка. А пред неколку месеци си купив многу интересни хеланки како со сукњичка одозгора.
Јас секоја недела си ги посетувам во Битола,бидејќи во мојот град има само Певекс а Пренди сеуште нема, и ваму има од оние џемперчињата со миленце во разни бои,и за оние послабите (бидејќи како што забележав имаше само мали броеви и беа доста растегливи,значи кога ќе ги облечеш стојат ептен припиено а тоа е малце tricky и не стои на секого) има убави плетени блузи што се малку подуенки кај рамениците ,ме разбирате нели освен тие 2 работи што ми фатија окце ,другото си беше онаа стара роба,а и она што го донеле не беше баш нај нај. Со зимското слабо стојат,ама за меѓусезона имаат премногу роба,само што мене ќе ме убијат ако купам уште една кошула на 3/4 а ги има преубави Барем битолсково треба да има во предвид дека на феминки не треба да им студи на -35 а да си се облечени за 220.
ех пред да почнат да отвараат сегде....во тие градови шо имаше се беше по 200ден...и сеа ко отворија сегде ги зголемија цените за 2-3 стотки
Ретко купувам од пренди, најчесто кога омилените прачиња од другите продавници ми се потрошени. Намикнувам два-три пати месечно, и морам да кажам дека кај нас во Кавадарци и нема баш некој избор на кошули, едино летно време има убави парчиња.