Има нешто ново,интересно во Пренди? Не сум поминала,а кај нас во Кавадарци и нема баш голем избор... Минатиот пат кога бев,пред некоја недела ништо немаше. Повеќе имаше летно...
Јас бев деновиве, и имаат донесено пар нови ствари.. Точкести маички има убави, ама тенки се многу со 3/4 ракави. Јакни исто премногу тенки има. Хеланки тигрески, леопардски.. Другото е се останато од порано, избор нема некој голем... Во Певекс у Карпош 4 исто, влези и таму мнооогу поголем избор имаш - ама работава е мало смо се преценили. Цените имаат скокнато малце, воопшто не се како порано - барем на оние работи јас што ги гледав. Во секој случај убави џемперчиња со апликации имаат.
И за певекс и јас да кажам, обичен дуксер , што во продавница сличен 300 ке најдеш таму 499 , ептен почнаа со цениве- малку по малку се поскапо.. Извинете за офф.
Пренди Битола се наоѓа кај стоковната куќа Марди долу по уличето, порано тука беше Милениум продавница (мислам така се викаше). Кај што имаат Златна Кошута 2 продавници една наспроти друга, Пренди е од горната страна и месарница има тука. Денес мајка ми ми купи 3 блузички од Пренди Битола од 220 ден, преубави се ќе ги сликам и ќе ги ставам. Редактирав, ги сликнав блузите, боите не се баш убаво излезени во живо се посветли (црвеното е со тегет) и многу убаво стојат. Посебно белото
Слична ваква си зедов,ама со 3 џебови Moжи ја имаш видено Ќе ја сликам кога ќе си го направам телефонот
Лаки Грл, не се сеќавам дали ги имам видено џемперчињава во Пренди во Скопје, само знам дека скроз истите ги видов во Шутка, беа точно 100 денари. Тука 220, ухуу мало смо се преценили . Ама како и да е, со здравје да си ги носиш. Ми се свиѓа белото . Него, јас одамна не сум била во Пренди. Најчесто одам во она во Карпош 4, тука ми е Певекс блиску, па и таму ѕирнувам што како има. Во она кај Југодрво немам отидено кој знае од кога. Не ми е баш на поминување, а и кога поминувам од таму или немам време или ме мрзи да влезам. Трето нема . Само што знам, материјалите на поголемиот дел од облеката ми се ужасни. Текни, проѕирни, летни.. А штета, последниот пат кога бев се наоѓаше нешто финичко.
Хе ! Бев денес бев, и им ги собравме со мајка ми едни како џемперчиња, многу се убави, мекани, ни дебели ни тенки, само боите јас што не ги носам ама мајка ми си ги носи ептен и се погодија,јас за по дома ке и ги крадам.Зеленко,виолетово(последното),портокалово и темно зелено имаше.Алелуја нешто убаво после долго време....