Да се 20 добро ќе е ќе донесат еден куп од истото парче кое ќе се потроши, и потоа по одреден период пак истото парче во дупло повеќе примероци А, и ајде бе покачија 20 денари не е многу , ама на пример за 5 парчиња тоа ти се 100 денари Видоа ептен промет па се полакомија
Прв пат слушам за оваа продавница,гледам на интернет дека има и во Струмица,па ако може некој да ми каже каде поточно во Ср се наоѓа?
Сакаш да ми кажеш дека во бутиците носат само по еден-два примероци од некој модел? Мислам дека си грешка Има барем 10 исти модели со различни големини. А тоа дека ќе видиш само една-две е поради тоа што не им се даваат на сите 1500 ден.за некоја маичка, па затоа се и толку малку, а баш тука Пренди е во добивка Јас кажав дека баш ми е гајле и 50 девојки да се исто облечени, навистина ми е малку незгодно кога ќе видам така униформираност, ама барем знам дека сум дала 200 ден. а остатокот сум ги заштедила за било што друго. А поскапувањето е заради зголемените трошоци, отворија многу нови продавници, па реално е да се зголеми цената. Ама како и да е, на 10 парчиња, губиш едно, што и не е така страшно! Оди во ЊуЈоркер купи 10 парчиња, па кажи ми колку си платила! (не се однесува на никој, туку општо обраќање)
PRENDI STRUMICA se naoga pozadi Hotel Tiveriopol.. so pocit i pozdrav . Ова го пишува на нивната фб страна
и јас сум еден од тие среќници, што мора да ископаат барем две-три парчиња од чудниве продавнички Во Пренди, глобално гледано нема убава роба, но ако добро протарашкате, ќе најдете нешто сигурно. Јас пред некој ден си купив многу убави хеланки со рабови, тиркизни, на топ шоп, абе тоа материјалот преквалитетен е Majка ми си купи наметка, ќе се најде за свежи утра и ноќи Детски работи во тој дуќан во Чаир има поинтересни и квалитетни се стварно.
Ама, во Струмица на вратата има пломба, од инспекција. Не давале фискални сметки. Инаку, кога го отвориле сите другарки велеа дека се’ е сељачко, дека дури им било срам и ептен глупо да влезат во таква продавница, а другиот ден сите во пренди-парчиња облечени, мајките им ги купиле. Јас не влегов зашто кога поминував од таму имаше премногу гужва, а и секогаш бев нешто зафатена, па мајка ми зафатена.. бла,бла.
^Мене ми се има случено, другарка да ми објаснува каде е Пренди во Ченто (пред да го затворат), да ми кажува колку убави парчиња облека има, за после некој период, откако стана “класа’’ девојка, да прашува наоколу - “А што е тоа Пренди? Никогаш не сум слушнала....’’ Ххахаха.. Се случува
Јас неможам да ја најдам страната на ФБ на Пренди. Ајде ставете линк,да отворам,читам дека имале постирано фотографии
http://www.facebook.com/PrendiExclusive И јас сакам да ве прашам нешто Сега во вторник или среда носат роба? За да знам кога да им идам Може ќе најдам конечно и јас нешто од таму, додека не испоземале ce'
Да да селачко е, а кога купуват од Пар (што инаку пазарува од Кинескиот од Грција) оние не се сељачки. Во пренди може да се најдат парчиња од Трговскиот во Солун. Мои роднини се пријатели со Газдата. Човекот зема облека што е изостанета од Грчките бутици. Во Струмица само едно пола саат ја имаше добрата облека кога ја изложија. Знаете убавите парчиња за пола саат што ги направија ? Сите грабаа како споулавени. Значи ако начекаш ќе земеш, ако не нема
Епа имаше пончо мастило боја во Пренди. Имаше едно 50сетина и повеќе што стоеа на закачалки. И да нормално е да ти го привлече окото, јака боја, плус пончо. 100% ќе го видиш и на друг во град. Ете нека добијат црвени мантили, нормално ист модел ист дизајн нешто што е воочливо и ќе го гледаш насекаде. Ама да речеме блуза во риги. Па секоја продавница од Манго, Котон, Мотиви, Мана, Еко, Пренди, Шутка секаде ја има. И тука немаш Пренди униформираност. Тоа го нема на многу артикли. Ни кај фармерки. Ни хеланки. Ни наметки. Ни џемперчиња. Некои работи се специфични. Ко едно време во теранова што беше актуелна сукњата на карнери. Сите ја имаа. Или јакните во разни бои со две линии, права униформираност постоеше. Но има уште 1000 работи во Теранова кои ни приближно не стигнале до униформираност. Тоа не значи дека Теранова треба да има знак дека е униформиран бренд, туку некои работи се склони кон униформираност. Или новиот фустан од Мана излегов во град и видов 3 девојки во дискотека со истиот фустан. Толку беше изрекламиран, кажано беше дека ќе се носи пак од истиот, па јасно е да секоја втора да го има. Затоа си постои избор. Има луѓе кои токму тоа сакаат да бидат униформирани и да се слични со другарките. Но на речиси секое покласично парче облека имаш 100 начини на комбинирање за да не изгледаш слично ко другите. А и чинат 200 денари. Па за да имаш да менуваш, за секој ден. Ај да ми е криво ако сум лупнала 10 илјади долари на Елие Сааб фустан за на свадба, а со ист фустан дошла и друга цура која шнајдерка за 50 евра топ и го сошила, па тука си се јадеш одвнатре. Ама за 200 денари ... сеедно ми е!
Не знам Роси, јас не можам така- ми поклонија некои работи од таму, ама како да ги носам, не можам, не ми дава срце... Еве на пример сум се облекла со цел мерак и одам на кафе, и до мене седнати уште 5 девојки со истото пончо. Или излегуваш пак така дотерана со палтенцето, гледаш некоја жена си го носи за физичка работа, па подолу некое девојченце се пикнало во истото, верзија хѕ и си вози ролери со него и како да не се демотивираш? Па купуваш чанта од таму и седнуваш на кафе со друштво, и потоа по грешка ја земаш таа од другарка ти, бидејќи и таа ја купила истата Јас сум таква, сакам само јас да го имам нештото, можеби затоа и толку работи ми се шиени, и не би можела така да шетам низ град, па макар работите биле и по 50 денари. На кој не му смета, слободно нека си носи, јас си го кажав моето мислење. Можеби кога ќе одам некаде во странство би ги облекла работите, вака многу тешко, иако морам да признаам ги гледав сликите од чантите, и преубави се, ама на двата поста 2 девојки ја имаа истата сина ташна Да носеа по неколку парчиња ќе беше супер, еве како на пример Гари со чевлите, носи малку, и кој има среќа да начека нешто убаво ќе го земе и чевлите ќе ги имаат максимум 20 скопјанки, а Пренди носи масовно низ цела Македонија, тоа е лошото.
Се наоѓаат работи, имам купено, ама ретко успевам да ископам нешто апла добро. Веројатно лета се уште првиот ден и не можам да начекам. Иначе хеланки, маички, панталона некоја, има. А за 200 ден, ич не ми е гајле дали некој ќе го има друг. Не сум бог знае колку редовна овде, пазарам од други места, така што претежно и нема некои шанси дека со цел град баш истата маица ќе ја облечеме тој ден. Што е ова Дака, каде се наоѓа?
Јас сум чула за ефтино ама ова е перверзија. Не ми се верува искрено за 200 такви ташни, ај моине пижами ко пижами ама се друго за 200... Не дека има нешто уау, ама сепак е ефтино стварно па и за тренерки на пазар се поскапи сега. Јас се чудам како им се исплати од економска гледна точка жими се како плаќат даноци, плати итн.
Aбе има добри тренерчиња за по дома Jас важно си најдов цветен корсет, како цвете сум сега, ама тој од Mагија го земав 150ка многу убаво стои за машки работи има доста избор, за женски не баш па купувајте во Mагија скопјани, таму е 190, и има само една Mагија
Ве сваќам што сакате да казете и јас нејќам да носам нешто што го носи пола Скопје но не е битно колку луѓе го носат битно е на кој како му стои,јас си земемав мајчки и прекрасно ми стојат нанана
Блазе вас на скопјанишчава..хахаха. Јас денеска на форумов дознав за продавницава и искрено ви се токмам да ви дојдам на кај Скопје да си поткупам нешто. Па, дај помогнете, разбрав дека има добра роба сега кажете кога можам да начекам? И дали лесно ќе успеам да се снајдам, мислам позната ли е продавницава ќе ја најдеме ли лесно бидејќи сакаме неколку другарки да идеме...а да и друго прашање во сите ли продавници низ Скопје има иста роба??
Бев пред некој ден немаше нешто вауу избор си купив две три работи и ми чуе дал цело Скопје го носи ил не, на мене на тебе на овој на оној не ни стои исто, и нема да го искомбинирам исто. Ако мене ми е убо, не перцепирам околина, а и не сум фаца што ќе се замара лел оваа купила од Предни исто сме облечени. Мислам дека малку ми е детско размислување тоа, нит сум се оптеретувала кој што носи како носи, нит ќе се оптеретувам. Ко што знам да ојдам во Шутка така знам да ојдам до Пренди и за евтино да се стокмам и да бидам топ.