Женски да не ги има некоја кожните панталони од Пренди? Ги гледав вчера ама ме интересира какви се.. Дали се тесни доле или пак малце пошироки пошто така ми изгледаа.. Црни се или маваат малку на сиво?
Јас ги имам кожните од Пренди и многу ми се погодија. Црни се скроз, значи не маваат на сиво и тесни се скроз до доле (слика во спојлер) (долги се, затоа маааалце ми се собрани доле) Спојлер
Има некој информации тој дуќан во Карпош што беше , дали го има негде на друга локација отворено или воопшто нема веќе да постои?
Вчера бев во Пренди во Штип. Малку од малку се поправиле со понудата.Имаше многу избор на летни маички/кошули/фустани,со модерни дезени и убав материјал. Ако сте во можност,посетете.Можеби ќе се најде нешто
темава одамна не е рчната ај да прашам може ке ми одговори некој пошто од работа немам време за шетање многу Има ли пижами со кратки?
Јас кога и да одам во Пренди, само се шеткам. Сета облека е за крупни и високи, а и не е квалитетна. Така да, од таму имам само две маички, од кои едната е машка, ама многу ми се свиѓаше.
Пред некое време начекав преубави цветни кошулки со етикета од Бершка. Немате поим колку бев среќна. Се наоѓаат и убави маички, не им е за никаде целата роба. Барем во последно време, никогаш не сум излегла од таму со празни раце, иако Певекс имаат повеќе избор.
Панталони или хеланки не но блузи да. Зимата си купив 2 џемперчиња по 220 денари и едно за 120 и 2 блузи со долги ракави. Пред 1 недела гледав преубави маички плави, жолти во секоја боја напред со кученце или нешто прекрасни значи за 220 денари ама во петокот отидов ги немаше. Купив една друга црна како на рамки преубава за 149 денари. КОј сака може да ми пише инбокс ќе ја сликам да види. И имаше останати уште неколку. Не се согласувам со тоа дека не е квалитетна облеката за тие пари поквалитетни нема ни да најдете. Јас на рака си ги перам за д ане ми се соберат во перална или нешто и си немам гајле. Задоволна сум, ако ви се погоди денот сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус
Има ли некоја да знае или да работи во пренди па да каже нешто за начинот на работа, дали плаќаат редовно, дали има многу работа и општо за самото работење, и нормално колкава плата даваат? Фала
платата мислам е 10 илјади така чув додека збореа едни вработени, незнам точно каде ама имам негде прочитано за лоши работни услови, слободни денови само 2 пати месечно, двократни смени, ако фали облека си ја плака вработениот и сл.
Имам купено некои работи и за парите мислам дека се пристојни. Немам некој посебен стил туку си се облекувам онака нормално како за моите години во поедноставни работи. Секогаш можам да си најдам по нешто како за мене. Дури по некогаш ги малакуваат работите на 120 или 150. Другарка ми пред 2 недели за 120 денари си купила преубава кремаста рамбовка позади имаше чипкаст дел како тигрест на грбот и иста таква машничка.
Пред некој ден бев во Пренди и немаше ништо убаво, барем мене ништо не ми се допаѓаше. Инаку, имам купено неколку работи. Две летни фустанчиња и некои блузи.
ОД пренди имам купено три четири работи и кое од кое поголема катастрофа уште не облечено, само испрано и се собрало целото, не фала никад повеќе нема ништо да купам од таму, плус сите како униформирани во таа облека,не се лутетете останатите кои купувате од тука немам ништо против, меѓутоа од мене бљак!
Купувам кога ќе ми се допадне нешто и ми одговара цената. Имам купено неколку парчиња порано и од се што имам земено сум задоволна од квалитетот во споредба со цената. Последно влегов пред 5-6 месеци и не најдов ништо асално, а цените им беа покачени.
Ако знаете да го погодите денот можете за малку пари да си најдете убави работи. Јас 99 или 149 денари има преубави маички ама ако го погодите денот. Обично неколку дена така и после ги покачуваат на 220. Е сега имало денови кога и јас сум одела ама не сум можела да најдам ништо убаво. Сите работи биле преголеми и долги. Еднаш во очи ми падна една долга блуза може до колена со камила напред на неа а цената и беше 320.