Имаш пренди на југо дрво, до Жана за венчаници, имаш на Цветан Димов во Чаир, во Маџари е затворен ако не се лажам, а во Капиштец незнам каде точно се наоѓа.
Дака е македонска конфекција и имаат многу убави фустанчиња, тренерки, болера, блузички... се е по 300 денари, арно ама јас не знам каде точно се наоѓа. Ми рекоа дека е во Беверли приземје и гледала продавницата кон стариот трговски. Моја другарка одеше натаму да си купи фустанче и бидејќи веќе имаше едно и го бендисав и реков да ми купи и мене Eве како изгледа
Јас се согласувам со rossonerka можиш да се снајдеш и да го направиш тоа парче носливо, а да не си како копија на другите, постојат милион акцесоари денес што како и да е ако си имаш свој стил ќе си бидеш поразличен од другите....што демек кога трчаме до Грчка сите со Бершка мершка итд не сме униформирани нели истите маици по 2 , 3 евра или хајлинки или чевли ги купуваме сите и цел град носи или тоа дека е од Грчка бла бла бла ако нешто ми се свиѓа си го купувам дали 200 деари или 2000 денари не ми е многу битно се додека изгледа убаво.
Инес, што ќе смениш кај чанта и палто, што аксесоар ќе додадеш на тоа ? За маички и кошулки се согласувам А не ми е поентата дека не сакам да купувам од такви бутици и дека ми е под чест, туку зборевме за масовната продажба низ цела Македонија и појава на униформираност. Инаку јас денес си купив чевли за 200 денари ( не од Пренди), тоа беше љубов на прв поглед , па сега види ти дали ми е битно колку чини некоја работа Јас ценам уникатност, или барем стремење кон него. Ама тоа сум само јас, вие продолжете да си купувате од Пренди.
да да, тоа е пред пренди, после тоа иде пренди, нели има една пицерија карши пренди. Епа на почетокот на уличката е Магија има за 150 женски маички и за 190
Еее да ви кажам , денес бев во Пренди и си купив прекрасни летни панталони бојава сеа што се носи измеѓу црвена и розе , онаа силната розе боја, со тенок каиш мислам лен материјал се, многу брзо се трошеа но ме радува што од една боја видов само по 3 парчиња.. барем униформи да нема
Сеси воопшто не ми беше намера да те посочам тебе секој со своето , на чанти и марами мислев како додаток затоа што ако маичката е иста ташната или марамата нема да се исти или ќе си ставиш некое синџирче , алка итн нашиот менталитет не е научен на вака ниски цени затоа можи прва мисла ни паѓа ејј JAS LI KE NOSAM NESTO OD 200 DEN да сме негде надвор од МК каде се купува облека на попуст од цели 70% или на кило ќе мислиме поинаку ние тука реално гледано имаме помал избор на облека и цените според стандаридите не ни се баш ниски со исклучок на ете некои дуќани што даваат РЕАЛНИ попусти.
Извинете за офф, али продавничката на МАГИЈА не се вика повеќе така. Сега има едно друго има.. Ич не ми текнува како беше. Знам со големи букви го пишува името прво на албански па после на македонски.. Како и да е, на истото место е, би му дошло некаде позади Рафаело слаткарата! Иначе обклеката од Пренди стана униформа кај мене во маало. Сите можни жени го имаат тоа виолетовото капутче и сите до една имаат барем по едно црвено пончо Тоа ти е...
Бев денес јас во Пренди и еве што си купив. Инаку ни јас не сакам да имам нешто што секој го носи, но кај нас секој може да има исто или слично. Робата кај не се разликува многу од една до друга продавница.
честита марамке јас денес бев кај 13 часот и немаше ништо вакво слично, може после тоа ставиле нова роба, се зависи како ќе начекаш, многу се убави фустанчињата