На ФБ ги нема, а веб страната не им е обновена од 2008 Jас може утре ќе одам, па ако имам можност ќе сликнам нешто
Марама ептен ти се убави, алал да му е на тој што ти асиситирал да ги купиш Има убави работи ептен ако прочепкаш. И јас земав иста како на Марама првата кошула, само окер боја. И ако ни е иста мислам дека се звиси како ќе ја комбинираме и нема да се познае дека е иста Има убави фустанчиња доста колоритни. Јас се згранав дека има работи од Веро Мода, на асос ги продаваат по доста сочни суми, топшоп исто. Можеби се некоја грешка, стари колекции, но сепак за 200 денари луѓе е стварно и подобро од океј. И во голем дел зависи од тоа како ќе искомбинираш и како ти стои тоа што си го земал. Имам колешка што купува се од мисс 60 и џабе кога и стојат одвратно како од пазар да ги купила и ги комбинира ужасно. Маичките барем лесно се комбинираат и кошулите. Мене не ми се свијаа ташните искрено нешто посебно, освен на артемка црвената
Блиску ми е, ама еве одамна не сум отишла. А онака порано на поминување влегував да разгледам, никогаш не се знае, често носат роба и може да се погоди убаво парче за само 200 денари. Си имам купени некои 2-3 работи од таму, ама не сум ги носела уште, а нешто уау да сум начекала да речам не. Во принцип не ми се допаѓа робата, ама се наоѓа нешто повредно од 200 денари и затоа од чиста љубопитност вреди да се отиде, да се ѕирне што има
Прв пат бев денес и беше полу празно, но не издржав и си купив една лилава туника (последна беше) и карирана кафеаво со бело кошула. Пресреќна сум, таман се почастив за после колоквиумот. Не ги зедов колку само да земам нешто, туку затоа што баш беа супер. И плус, сум пробвела многу кошули и скапи и секакви, ама вака никоја добро не ми стоела А иначе ѕирнав дека имаа нова роба, неотпакована, па се надевам дека утре ќе ја отворат
Marama, ептен се убави сите три работички.. Камо јас кога одам во Пренди да се најде нешто вака убаво Посебно ми се свиѓа фустанчето трето
Ауу, постојано сум таму. Нон стоп ја обновуваат робата затоашто им се купува на велико. Па кој не би купил кога се е за 200? Башка и блиску ми е.. Имаат сега нови ташнички, планирам да идам да си купам. А последно што земав е розево тенко џемперче, таман за врз некоја маичка на прерамки.
Бев во Чаир во Пренди, ама не бенндисав апсолутно ништо. Имаше и гужва внатре, од младо до старо. Изгледа треба да се оди почесто, па да начекаш нешто...
Денеска бев во Пренди, тоа позади Рафаело слаткарата, и имаше стварно убави работи. Фустанчиња топ, блузи, кошулки.. Една кошулка најдов како на Марама само розева, штета немав пари во мене иначе одма ја земав. Уште од сега и мислам како ќе ја комбинирам Утре одам па што сака нека е! Иначе ташните се стварно убави. Само сега кога ќе почне секоја втора да ги има, ми се одмилуваат... Видов и убави, фини, разнобојни долги суќни. За на плажа се топ!
Бев денес прво во Пренди во Чаир затоа што имаше нова роба извадена, и како одев накај каса, си зимав уште по некое парче После бев и во Центар, ја немаа извадено новата роба. Значи срам ми е да кажам колку парчиња си купив денес!! Хахха.. ми е гајле, многу се квалитетни, на две блузи им стои цената 20 евра, од кои едната е добро познатата Vero Moda
Ау, појма неам дали ташните ги има во сите Пренди продавници. Ама би требало да ги има... Ако не се стигнати во таа кај југодрво, кај и да е, би требало да стигнат.. Денеска во Пренди имаше нова роба, така да сигурно биле дел од неа повеќето.. Ако бил некој и во другите Пренди, освен таа во Нерези (Нерези му доаѓа, така?) нека ни каже дали ги има и во другите продавнички ташните
Во Беверли - приземје, гледа кон стариот трговски т.е СП Маркет Бев денес имаа убави блузички со гол грб, тренерки, памучни како шалвари, маички. На фустанчињата не ми се допаднаа боите, ама рекоа ќе добиеле нови деновиве и цела роба им е по 300 денари.