Денес прашав во Пренди во Центар дали имаат и ташни, но не носеле таму. Чудно, бидејќи еве кажувате дека на другите места има. Нова роба мнооогу слабо. Ама ете најдов една маичка сина на прерамки, а предниот дел како везен детаљ.. Love it!
^ Да бе, нема ташни на Југодрво. Мајка ми баш завчера прашала, и рекле дека има во другите Пренди продавница, во оваа не. Ај реците ми Сноу мислам дека беше, и Хипстер што кажа дека Aртемишн земала, од која продавница сте ги земале ташните, тие на Сноу ми фатија око.
Татадададааамм.... Панталоните се кафеави ама од блицот вака излегоа... И анимал блузичката ми е од таму
Па,се наоѓа нешто интересно,иако не одам често таму.Иам купена само една као горна тренерка-дуксер така нешто,панталони и кожула
Јас бев во тоа Пренди што е кај југодрво и ништо посебно не ми се засвиѓа, така да ништо не ни купив..иначе имаше многу гужва, неможеше да се размине човек еден со друг, и да.. имаше едни стари жени и викаа: абе треба да дојдеме насабајле кога децава се во школо и една ја слушнав вика: абе а колку пари е ова? а тоа пишува се по 200
Девојки дали можете да ми кажете дали има светли фармерки во пренди, како искинати напред мали бројки?
Mислам дека некаде низ претходниве постови прочитав дека има баш такви само С бројче. Ај побарај убо, разгледај!!
Еве што си земав јас пред некој ден. Маичка со некои мутави шари, али онаква, за носење секојдневно, и валкано зелена боја панталони, си ги натаманив веќе за возење точак, многу ми се удобни.
Ај некој ако може нека ми каже дали има нешто ново донесено во Пренди тоа што е кај југодрво, јас бев во вторникот, па дали од тогаш навака има нешто ново и убаво според вас?
Само што го затворија Пренди од инспекција баш ми е криво од прозор видов мислам на Пренди во центар до Олиписки
Баш штета, ама искрено очекував дека кај и да е ќе се случи тоа. Фискални сметки скоро и да не даваа, а да не зборам за тоа дека робата ептен делуваше дека е со сомнително потекло. Во Чаир на пример закон не важи, ама во Центар друга песна се свири.
^ И мене ова ме изненади, го затвориле... А баш бев минатата недела и на мое изненадување - даваа фискални сметки, и си викам, ова за памет, зашто и продавницата во Струмица им ја затвориле од таа причина, ама ете, сепак ги затвориле...