Јас само еднаш имам купено од Пренди и сум разочарана. Блузичката која ја земав беше широка само на ракавите и кај колкувите тесна (мислам дека ме сфаќате). Кога земав да ја перам целата се опушти и не е тесна на тие делови. Голем баксуз сум. Познавам многу луѓе што купуваат од таму и гајле си немаат, само на мене ми се случи ова
Девојки ве молам кажете ми дали работи пренди во Чаир, и како полесно да го најдам, каде се наоѓа и секако ваше мислење дали има добар избор на алишта?
Абе ајде глупости, едно место се најде кај шо секој може да си дозволи да се поднови и тоа го затворија. А демек сите други плаќаат даноци и робата не им е со сомнително потекло...шо не го проверат Манго или некое друго место, ама не...ситната риба ја ловат...
Во контекст на муабетов. А зарем не е глупо кога сите се враќаме од Солун со викенд роба, и пр.сако од Зара во Скопје го носат 15 девојки? Или фустанче од Бершка од 10 евра со кое е преплавено Скопје во лето? Или пак рамовкине на Манго, што на ништо не личат, а во лето пола град ги носи? Баш сега кога и во новиот шопинг центар ќе се отворат овие продавници, сите ќе ги купуваат. А факт е дека ако веќе плаќам 25 евра за сако, би сакала да не го гледам на секој втор. Ама така ќе биде Така е и со Пренди. Може знам дека ќе го видам на уште 5 девојки, ама барем нема да ми е криво зошто сум дала 200 денари. Немаме ние којзнае каков стандард, ниту пак избор, за да сите имаат издефинирани стилови, па секој да има уникатни парчиња. А во Пренди во Чаир отидов еднаш и купив неколку маички што супер ми се најдоа за наваму-натаму. На сто начини ги искомбинирав и уште имаат потенцијал.
Не си единствена и мене ми се случи со 2 блузички кои се опуштија скроз по прво перење па ги фрлив,ги прежалив 400 ден
Си земав едно фустанче и една блузичка убава кога ке ги сликам ке ти постирам едит Незнам зашто вака излегоа
да, го затворија вчера од ујп, има пломба, а роба има ама единствен начин да провалам и да си земам се сто сакам... баш вчера сабајле дури беше отворено си реков на враќање од факултет ќе разгледам пак, се враќам и гледам пломбата
Незнам за Пренди во Центар, ама тоа во Чаир не даваат фискални милион насто. А искрено не ти држи муабетот, не е точно дека продавнициве кај нас не плаќаат данок, плаќаат и тоа како. Фискални редовно издаваат и бројот на УЈП е залепен одма до каса, зборам за продавниците во Рамстор, ГТЦ, итн да не набројувам. И ако не плаќаат данок и не издаваат фискални треба да ги затворат, зашто некој да се богати на сметка на тоа што не плаќа данок? Нека си остане пак 200, или нека качат и на 220, пак цените ќе се ептен ниски, ама нека даваат фискални, кога можат сите други продавници можат и они. Јас се нервирам кога ми даваат парагонче а тек па без ништо.
и одприлика колку време ке бидат затворени оваа во струмица ја затворија пред две недели абер нема да се отвори а сакам да си купам маички иначе за фискалните ке кажам дека не даваа барем овде и толку им треба на ујп пола од продавниците ни се затворени а за гардеробата во пренди како ке се начека јас од работите што си ги купив сум задоволна и ми се вклопуват во секакви комбинации.
конечно се решив да идам во пренди и ко видов кај Југо дрво капак ставено ма не да се изнервирав уффф само до кога ке е затворено нз
Ако грешам нека ме поправи некој, јас вака знам: Даночните обврзници кои прометот не го регистрираат правилно се соочуваат со мерка забрана на вршење дејност во рок од 30 дена, како и парична глоба од 5000 евра.
јас знам дека плаќаат казни од 3 000 до 5 000 евра, во зависност како ке одлуци инспекцијата , а ги затвораат од 15 до 30 дена. а кога ке ги отворат повторно, сигурно цените нема да бидат 200 - 220 ден, туку ке ги зголемат со изговор дека имаат непредвидени трошоци од затворањето кога можеа да ги зголемат као демек имале поголеми трошоци за нов дуќан, за казниве ич око нема да им трепне кога ке почнат да лупаат цени се надевам дека грешам, ама така ми изгледа работава
Да , во Гевгелија работи, ако во нешто си се заљубила многу и сакаш да го имаш без проблем можеме да се договориме и да ти го испратам .. И овде цените се веќе по 220 ден
луѓе у бисер има Mагија, ама не е се по 200 туку од 150 до 400. Jас земав една многу убава кошула-кимоно со длабоко деколте, значи за 300ден е супер, ама малце ми е тесна у груди гајле ми е, за 300 денари е супер. инаку има убави работи за секој по нешто