Можат да се најдат убави парчиња ама треба убаво да пребараш. Имам купено три блузи, двете се покажаа добри, ама едната лош квалитет ми се стесни, ама за 200 денари не жалам.
Магија имаш и на нецели 10 метри од Пренди, на почетокот на Нерези од страна на Партизанска, позади слаткарницата Рафаело
Девојки само што се вратив од пренди во карпош ( нерези) некако не ми фаќаше нешто око баш. си земам една тигреста маичка на прерамки, претежно беа останати зимски работи и широки маици,од ташни ништо посебно една две имаше изложено, иначе сеуште е се по 200 ден...имаше стигнато роба ама утре ке ја изложаат ... ама у бивша магија( од пренди на 2мин од лева страна) имаше многу многу интересни работи... си земам преубави кратки памучни шорцеви( розе,сив и црн) со бела лента од страните за 149 ден... сукнички со карнерчиња( цветен дизајн) 199 ден, убави цевка црвени панталончиња на низок струк 299 ден,и две маички за дечкото 199 и 299 ден за машките има преубави маици и фармерки .. ама претерано гужва беше....па останува утре пак да прошетам натаму обавезно... поздрав
само што се вратив од магија и од пренди карпош еве што си земав, само фармерките се од магија Спојлер може некој ќе рече што и е на оваа со сликиве ништо не се гледа, ама од моб сликав и затоа, ги ставив само колку да имате претстава
Луѓе предлагам темава да се преименува во Пренди&Магија, и онака во Карпош се на нецели 10тина метри растојание, па да си коментираме за двете продавници, зошто денес бев во Магија со другарка ми не знаете колку гужва имаше, аууу едвај се движевме се за ниски цени! Имаше секакви ствари, ама се наоѓаа и многу убави кошулки долги и топови во стилот на Бершка, суќничките со цветови што беа по 700-800 денари во град овде се 200! Цени од 150, 200, 250 претежно! Зедов неколку парчиња да пробам, значи чекав ред пред гардероберот се строевме, кошулката цела со сини риги слична како таа што ја имам дома од Бершка, топ светлорозев зедов ама го вратив ист како оние жолтите на Бершка имаше во повеќе бои суќничка таква лелеава кратка црна со розеви цветови и земав една ликра многу тесна маичка напред како набрана црно-бела во риги и од сите работи само таа си ја купив, на другите се некоја маана им најдов, а сега се каам што не си ја купив и суќничката ќе си ја изнаносев летово за сегде! Ќе одам да си ја купам за 200 ден. Само, баш приметив, не даваат фискални...
само да кажам во струмица е отворена продавницата на пренди има нова роба многу убави работи и немаше толку многу народ изгледа повеќето не знаат дека е отворена иначе ке имаше навалица јас си земав две блузички утре пак ке навратам иначе имаше роба од KOTON,VERO MODA,TOPSHOP,NEW LOOK,BERSHKA,TRUSARDI,STAFF
Има ли во Пренди во Чаир машка гардероба? Ми се бендиса една машка блуза во тоа на Југодрво, ама ми го затворија.
најблиску до кисела вода е пренди на југодрво, ама за жал го затворија....... а ќе ја отворат повторно или толку беше...?
Има. Е сега, ако ја броиме и постојката кај бит пазар, уште колку плус треба за да се стигне до Пренди?
хахаха не не ке ја најдам утре цел ден планирам да шпартам натаму оти имало некоја и за кондурки ефтина продавница па да видам што како