Темава ја отварам бидејќи не сретнав иста таква, ако има слободно модераторите нека го преместат мислењето во истата.... Втора бременост и пак го поминав терминот, 40 +4 сум, уредна бремност.... Првото дете го родив 14 дена плус од терминот, во 42 недела, фала богу сѐ беше во ред, а и лесно поминав, со провокации.... Овие денови имам изразени контракции, некогаш болни, неправилни и непостојани, со болка во половина, ама процесот никако да започне... Капак на сѐ, деновиве имавме и несреќен случај во семејството, почна страв и нервоза и нестрпливост да ме фаќа нелако, после сум на контрола, па да видиме.... Некоја со слично или исто искуство?