1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преодна фаза (криза на идентитет или?)

Дискусија во 'Сингл' започната од lylaby, 22 декември 2014.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Драги сите,

    Ги прочитав размислувањата на сите, би сакала да напоменам дека многу акцент се стави на бракот кој нели треба да ми следи по некој ред на нештата,да, и тоа сакав да го нагласам дека чувствувам притисок дека се што гледам треба да е материјал за сериозно под наводници дека треба да одберам дечко кој е квалитетен и сериозен бидејќи тој е и последен зашто неели следно е мажачка Ч) Па ете такво чувство имам но покрај тоа се чувствувам многу потиштено како некој гејм овер образванието ми е заокружено работам но ете, на љубовно поле не сум изреализирана, не ми е ни до забава да се онесвестувам по кафичи и диска што до скоро време ми беше хоби. Имам занимации имам хобија вежбам пијам кафе со пријателки... но нешто недостасува, а јас тонам во некоја чудна меланхолија едноставно се повлеков некако поубаво ми е предиодов дома сама ќе си пијам некоја чаша вино на интернет добра книга и ми е промена бидејќи сум доста социјална личност сакам да се дружам и со секо тип на човек знам да се најдам во муабет. М недостасува љубов можеби но сега ја нема. Околината само тоа ти посакува само тоа ти предвидува и те прашува:браак... Мислам дека детектирав дека сум некаде „измеѓу„ период каде се барам себеси можеби. Се радувам што има овде некои кои ме разбираат и можеби минуваат низ истото, бидејќи на моменти се прашувам да не нешто не е во ред со мене...
     
    На Rama, mime87 и tessie им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    ^Прави само тебе како што ти одговара и на никој друг. Најважно е ти да бидеш задоволна со себеси. Ако ти се седи дома само во друштво на добра книга удоволи си, без да се оптеретуваш со глупости. Ако ти се излегува и лумпува слободно, пак ќе кажам, најважно е ти да си исполнета. Љубовта ќе дојде кога ќе треба, не можеме нешто многу да направиме во таа област. А притисоци, оговарање, зборување секогаш има. Секогаш. Сега зборат зашто не си се омажила, па ќе се oмажиш, па кога дете, па кога второ дете, оваа себична, не сака да се замара, па зашто детето така си го воспитала... Јас сум моментално во втората фаза, ама воопшто не ме интересира кој што зборува, сигурно нема сега дете да родам само поради тоа што така требало! Па ако не сакав да се мажам нема да се мажам. Премногу сме западнати во некој шаблон, се занемаруваме самите себе за жал...
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Во истата ситуација можеби и полоша се наоѓам и јас,долгата врска заврши,некој покрај кој осекав сигурност моите го знаеја плановите за иднина пропаднаја,сега дома ме јадат во буквална смисла зошто,зошто како,што,прашањата ме убиват и неможам никој да поднесам,годините ми поминувале јас сум седела во место, сите биле во долги врски во бракови според нив,а тоа не е точно со сила што можам да направам,сега едноствно сакам да сум сама,ама што ќе сум правела вака кога ќе се мажам ова она барем еден да имаше дома кој ме разбира добро ќе беше...:doh:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anna.tesoro

    anna.tesoro Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    За жал некои луѓе уште живеат со тоа верување дека постои одредена возраст за брак, па сите као стручњаци делат совети, напнуваат, ајде време ти е, стара мома ќе останеш и сл. Зошто бе луѓе, секој си знае како му е, што сака, зошто ствараат притисок, отежнуваат само и прават да се осети некој мизерно. Нормално кога постојано истите муабети ќе ги слушаш ќе почеш да се прашуваш што не е во ред со тебе, а всушност си сосема нормална личност која ете сеуште не го нашла вистинскиот или едноставно не и е време. Многумина поради ваквиот притисок брзаат и стапуваат во брак ради реда. И често баш ова е причината што многу бракови се распаѓаат.
    Јас лично не сум во таква ситуација, ама ако некогаш дојде до тоа не би слушала никој. НЕ постои никакво правило, кога треба да биде ќе биде. Не дозволувајте да ви се мешаат во животот луѓе со застарени сфаќања, со кој памет се дрзнуваат да солат памет за одлуки кои само вие треба да ги донесете.
     
    На Annath и Rama им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Секоја фаза од животот си носи свои проблеми, спреги, критични моменти, криза или како сакате наречете ја.
    Јас бев потполну уверена дека тие "бубачки во глава" , несигурности и стравови ги надминав во тинејџерските денови пред да наполнам 18 и дека тоа е тоа, нема веќе конфузија воздрасни сме и нема место за полемики и животни филозофии на пронаоѓања на идентитет.
    Ама како поминуваа факултетски денови и со самото дипломирање/магистирања сватив дека животнзта полемика штотуку започнува. И тоа она најлошата до сега според мене. Зашто на 18 најголем страв ми било дали ќе положам на маутра со петка, дали ќе се запишам на факултет, дали ќе добијам 10ика или 9ка на факултет или дечко ми да не ми се налути ако го откачам викендот пред испит зашто нели мора да се учи. Оуууу, хау мач ај вас вронг.

    Сега кога ќе се навратам колку ми е смешно тоа.Со тоа знам дека сум созреала ама сепак си велам дали е тоа доволно и дали конечно можам да кажам дека сум се оформила како личност? Апсолутно не.
    Сега доаѓаат оние правите проблеми, љубов, брак,деца, семејство, вработување, кариера и унапредувања, многу падови и скокови, многу фрустрации и многу разочарувања, јас би рекла соочување со реалноста. Веројатно овие 20ти години се навистина тешки, може и најтешки.

    Како пееше Бритни, ај ам нот а гирл нот јет а вомен:D.

    Баш така, знаеш дека не си балавица тинејџерка зелена но дали на прагот на 20ти рани години сме жени способни да се носиме со се во животот? Не знам, јас барем за себе можам со сигурност да кажам дека не.
    И не, не ме фрустира толку љубовна ситуација, иаку на моменти правам тоа да изгледа како да е најголема драма или трагедија, всушност е сосема нормално мала несигурност. Мала во границите на нормалата.
    Работа и кариера, втората точка на скалилото, според мене клучната за развоојт на една зрела воздрасна особа. Посебно во ова наше никкаво општество невистина не сем за заовдување, само за жалење.
    Изгубени, не доволно мотоивирани и со мало(да не речам недоволно сиромашно) искуство.

    Има моменти кога си велам, побогу имам 24 години, зашто сеуште се прашувам и застрашувам за/од некои работи. Зашто уште немам она 100посто кристално јасна слика за тоа што сакам во животот.
    На приватно ама и на деловно поле. Дали е тоа нормално, или навистина треба да се грижам ако сеуште имам двоумења или прашања. Животно важни прашања неоговорени и полујасни.
    Мислам далеку од тоа дека the big picture не ми е пред очи, ама некако некои делчиња ми се многу матни, дури невидиливи.
    Она кога имате слагалица од стотици парчиња, и кога ги барате централните делови а сте ги нашле само краевите зашто најлесни се за наоѓање и спарувања.
    Сеуште се тешам, да се тешам дека подбро да ја имам таа криза на идентите сега и да се испрашувам себе си, пронаоѓам и барам дали на различни работни места или во различни партнери, него слепо или мижеечки да влетам во нешто "сигурно" или штп во моментот ми изгледа така, па отпосле, во поминати години, зрели да не речам да сфатам дека сум пропуштила многу работи или дека не сум се пронашла себе си.
    Можеби се само изговори и оправдувања, но сепак цврсто сум убедена дека јас моментално се сум емоционално стабилна за донесување на крупни животни одлуки.
    Секој со својата зрелост, ете јас сеуште сум делумно изгубена и лутам.
    Да, искрено да признаам, многу често се загледувам во врсниите на мои години кои имаат деца, доста оваа година гледам се исповерија или се испомажија, а јас сум далеку од тоа.
    Ќе лажам ако кажам дека не ме мотивираат или инспириаат да пораснам, или пак ме плашат дека јас сум далеку од тоа.
    Најреално, најголема грешка што една млада 20+ годишна особа може да ја напрви е константно да се споредува, да не речам натреварува со околината. Т.е да делува според постапките на околината.

    Старите викаат се во свое време. А кога е нашето време останува на нас самите да го пронајдеме или да го "закажеме".
    Сите викаат дека најубаво е да имаш план во животот, точно се согласувам.
    Ама најубавите и најголемите работи не секогаш се планираат.
    Затоа; Sit back, put your seat-belt tight, and enjoy the ride.
    На патот секогаш ќе има дупки, помали и поголеми, со време се учи како да се одбегнуваат. Од сопствено искуство.
    На нас самите останува да го фатиме воланот во свои раце и да возиме напред. Без страв, туку со сигурност и решителност, зашто само со мотивација и воља се продолжува и се цели кон успехот.
    Подобро подоцна него никогаш, засекогаш ќе биде мое мото, без разлика на се.
     
    На SparkyAngel, Daydream, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Јас постојано кризирам од недостаток на личен интегритет. Тоа што тебе ти создава притисок е всушност кружницата кога треба да ја дооформиш со љубов, дечко, маж итн.
    И никогаш нема да се случи да ти биде перфектно на сите полиња бидејќи луѓето се осудени постојано да имаат недостаток токму на личниот интегритет, односно на целокупната, зачувана целост.
    Оној момент кога работите ќе се мрднат од статус кво на едно поле ќе се мрднат и на друго во зависност од тоа дали ќе биде негативно или позитивно. Или ако во љубовта ти е под конец, на работа нема да биде сјајно и единствено нешто што останува е тежнеењето кон подобар ден.

    Ако мене лично ме прашуваш јас сум идеалност за 90% од македонското општество. Немам проблем со стан, немам проблем со факултет, немам проблем со дечко, меѓутоа имам проблем со наоѓање на добро платена работа која ќе ми ги остварува барем делумно хировите. И мене ми е совршено јасен притисокот од општеството меѓутоа на стручно поле. Многу пати ќе дојдам од работа и ми иде да ја искинам дипломата и воедно идната кога сеуште ја немам добиено само затоа што имам назив на работно место што звучи претенциозно, а платата е мизерна. За споредба келнерско/шанкерски работи се поплатени од она што јас го работам и мене ми е струка. И колку пати ќе слушнам „напушти де, остај, најди друга работа“. Верувај дека исто толку пати ми се случува да голтнам кнедла и да повторам како првооделенче дека другите се објективно во право што ми сугерираат што треба или не треба, но субјективно знаеш дека тоа е твојот професионален идентитет и не можеш да го напуштиш затоа што треба да си стручњак во својата област која што си ја изучувал и си вложил труд, а воедно и некоја година работење. Не е лесно да ја баталиш само ради тоа што одамна во Македонија интелектуалната работа е сметана за нешто што не треба да биде соодветно со платата која што следи.

    Факт е дека сите имаат чувство на општествен притисок во одреден животен период. Некој ќе те сожалува, некој ќе те тапка по рамо и ќе те оговара со друга личност што е дежурен анализатор на твојата ситуација и те гледа со осудување.

    И да не се замараш!

    Ако во моментот се преиспитуваш само ради трети луѓе да знаеш дека што и да одлучиш нема да биде правилна одлука. Напротив, едноставно пушти. Работите секогаш заземаат некаков тек што најчесто не ни се допаѓа, меѓутоа мора да се истрпи лошиот период за да дојде доброто.
     
    На Cyclop, anna.tesoro, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Исто @lylaby, потполно истото. Животот исполнет на секое поле, само љубов нема. И повеќе сакаш да седиш дома, отколку да се стискаш по тесни кафулиња и преполни дискотеки. Далеку си од гејм овер, верувај, допрва те чекаат предизвиците.

    Како што ти пишаа, не може на секое поле во животот да ти оди истовремено. Би ти рекла да се опуштиш, прави тоа што ти се прави, слушај ја интуицијата, а не води се по тоа што мислат другите и што ти кажуваат. Макар тоа биле и родителите. Не можеш да го живееш животот како што сакаат тие, треба да го живееш како што сакаш ти. Најлесно е да се омажиш, верувај. Слепо да влеташ, како мува без глава во заедница само за да исполниш туѓи очекувања е најлошо. Бракот треба да се случи кога е човек подготвен и го има вистинскиот човек покрај себе. Семејство не се оформува со било кого колку да не останеш сама.

    Ни под разно немој секој нов човек (читај маж) да го гледаш како материјал за сериозно, односно, немој да имаш големи очекувања од секое ново познанство. Колку помалку се оптоваруваш, толку подобро. И кога не очекуваш, ќе го најдеш оној што го бараш. Знаеш, кога некогаш подолго чекаме нешто, толку е послатко.

    Не очајувај што никој не те поддржува, можеби и подобро било што не сте останале заедно. Се се случува со причина, јас верувам во тоа. Не си престарена, напротив, сега е време да поуживаш малку сама. Иако се плашиш дали ќе најдеш друг, немој тоа да те кочи да уживаш во слободата.
     
    На anna.tesoro, SexiLy, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е Хипстер у срце гаѓаш.. Баш исто се чуствувам.. Од мои 18 години живеам сама и мислев дека е крај на бубачките ама тогаш го имав факултетот нешто преку кое се индентификував и ми даваше сигурност.. После дипломирањето ми се разбудија бубачките и се чуствувам изгубено.. Веќе не сум девојче а сепак се чуствувам смешно во костимот на работа:P... Милион прашања - дали ова сакам да го работам? Дали сум спремна да бидам спремна да бидам сопруга и мајка? Дали е ова се ? И на крај сакам да се замотам во кебе и да не мислам на ништо.
    А на овие години не мора да ги имаме сите одговори зар не... Мислам дека секој се соочува со оваа фаза порано или подоцна и најлошо што може да направиме е да го споредуваме нашиот животен пат со другите.
     
    На SparkyAngel, Hipster и Daydream им се допаѓа ова.
  9. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Ај да се нема криза на идентитет во 2021/2022...
    Покрај толку brainwashing, изолација, рестрикции, цензура, внимавање.
    Човековиот психолошки механизам не е од челик, фрагилен е.
     
  10. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    3.862
    Пол:
    Женски
    Јас сум 31+ скоро па 32 притисоци нормално дека ќе има поготово од домашните.

    Само што прекинав 3 годишна врска и знаете што не е крај на свет.
    годините 30+ се најубави за жена, како што неколку од вас напишаа дома сама со себе, се фокусираш исклучиво на себе си и работиш на твои квалитети. Слободното време го минуваш квалитетно дали со книга филм хоби што год да е и бидете среќи пошто тоа се мали значителни знаци што укажуваат дека си станала веќе жена. ( не те исполнува пијанчење и искачање до никое време итн)
    да нормално е во одредени моменти и мене и тебе и на сите нас да ни фали љубов поготово за празници, но се што треба ќе дојде.
    До тогаш уживајте и градете ја жената што сакате да бидете и тоа лично за вас. Со тоа градете самодоверба и комплетна личност, за еден ден кога ке запознаете некого да кажете да јас сум таа комплетна личност што знам што сакам, да јас сум таа жена што знам што можам да понудам и знам што барам. Да јас сум спремна пред се да бидам и девојка и жена но и мајка.

    Една работа знам за мене подобро да бидам постара зрела изградена жена и мајка одколку млада несигурна.
     
  11. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Абе вие луди ли сте? Криза на идентитет, зaшто? затоа што средината, домашните и не знам кој умислил кои треба да бидете и како да живеете!!!
    Криза на идентитет треба, а и најчесто, имаат оние кои пошто зошто се ожениле и омажиле, да не садат сами, или влегле во заблуда дека бракот е пичкин дим, атлета и сичко на ред, или пари и сичко на ред, згодна цуца и се е врв ...

    И не туку си барајте маани, да не е до мене, па зашто раскинав со оној, а оној можеше да го биде, ама го ќари друга ...

    Има да живееш онака како што си замислила, ако треба и да се плескаш по 10 пати на ден со тројца, или да се замонашиш, се додека се откажуваш од себе, од она што си, никаква среќа нема а видиш. Единствено што би требало е да внимаваш е да не повредуваш други со тоа што го правиш, не со тоа што не го правиш.

    А за тие кои се завлезени во некои обрасци, појдете на регресија, нема да погрешите.
     
    На Hisha, Lotus Girl, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    794
    Факт е дека кога-тогаш се случува некоја фаза на криза на идентитет. Ама, свесно да се остане таму и да се мачи личноста со прашања кои колку и да изгледаат битни, се баш банални - тогаш веќе е заслужена ситуацијата.

    Човек што си ја знае вредноста, има своја граница, свесност и умереност во било кој сфера, нема да си дозволи криза на идентитет.