Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препаративна vs Декоративна козметика ?

Дискусија во 'Лице' започната од rossonerka, 8 декември 2010.

  1. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Без препаративна не се можи нормално но многу подрага ми е декоративната :rofl:
     
  2. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Декоративната дефинитивно. :)
    Иако според мене за изгледот е поважна препаративната, која има трајни резултати, а оваа другата само моментални.
     
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Шминката подобро стои на лицето ако лицето ти е чисто, без разлика колку течна пудра си користила, и колку е покривна, кога ќе ти се доближи човек... :puke:
    А штом со козметика сум почетничка, декоративна си собрав дури и повеќе од што ми требаше, на ред е препаративната, но не планирам да купам многу-само сапун и пилинг ми биле доволни, судејќи според сегашната состојба на лицето.
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Јасно и гласно-декоративна :D Секако дека многу битна е препаративната на на ова козметика трошам помалку пари, само она што навистина ми е потребно :)
     
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    препаративната дефинитивно, од разни креми , до млека, лосиони, спрејови никако не можам без нив, затоа и си имам чисто и мазно лице :P
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    порано беше бр.1 декоративната а по неа препаративната
    а сега препаративната е прва, па потоа декоративната :)
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Многу повеќе пари трошам на препаративната козметика и сметам дека е поважна од декоративната.
    Џабе е и најдобрата пудра, ако немаш чисто лице.
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Дефинитивно препаративна
    1. На чисто лице 100 пати поубаво стои шминка.
    2. Не можеш постојано да бидеш нашминкана (на пример кога си на одмор, кога стануваш од спиење особено кога саканиот лежи до тебе и се буди наутро и те гледа без шминка ако немаш чисто лице не би била баш убава глетката и ред други примери и ситуации), а ако имаш чисто лице и без шминка ќе изгледаш убаво.
    Тоа е мојот став и сметам дека пред се треба да се негуваме, а потоа да се "декорираме" :)
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Многу јасно дека препаративната. А инаку е исто како да ставаш парфем, а да смрдеш. Треба си и оваа втората, ама јас сум за првата.
    Ем и многу сакам природна лепота што уште повеќе ја наглсува препаративната козметика.
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Препаративна,без конкуренција.Не сакам на светов да му продавам обоени илузии,свесна дека имам нешто кое треба да се корегира а не да се замаскира.
     
  11. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    ПРЕПАРАТИВНА дефинитивно. Декоративната е само маска што ги прикрива недостатоците. А препаративната остава траен резултат за разлика од декоративната :D
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно имам повеќе и користам повеќе препаративна козметика. На тоа не штедам пари, особено ако се работи за лице. Имам најразлични производи за лице, почнувајќи од тоник, млеко, пилинг, гелови, креми и слично.
    Шминка не користам толку многу, немам ни потреба. А и повеќе сакам кога кожата може да дише и гледам што помалку и поретко да се шлапам со секакви течни и камени пудри.
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    дефинитивно


    Декоративна: пудри, маскари, кармини, сјаеви, коректори, сенки, ружеви, лакови ...
    еден куп млека за тела имам и ретко се шлапам, креми за лице њет, гел за туширање кој го има дома тој, не се замарам со тоа
    така да декоративна според мене :)
     
  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Прво препаративна,па декоративна,највеќе трошам пари на таа пуста препаративна и на парфемите,слабост ми се...а и сакам да се негувам па шта чеш :lol: некогаш знам да купам и млеко за тело од 2000 ден и некој ќе ми рече леле луда си па некое парталче убаво ќе си купеше,е парталче ама на 35 год нема парталчето да ти ја заштитува сувата кожа и раните брчки,и баш ме брига јас знам да уживам во тоа млеко скапо од самата миризба се опивам,се осеќам по весела баш таква работа некогаш ме усреќува,едноставно знам во кои работи уживам.Зависи од буџет некогаш најобично Нивеа ќе си купам,исто и со кремите за лице имам од бекутан дома па до Ланком.
    Најбитна е негата и хигиената па се друго потоа.Што ќе ми е убав џемпер а под него неуредна кожа,влакна по раце и сл.НЕ,НЕ И НЕ,кај мене тие работи не одат така.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Јас не сум се изјаснила. :)
    Вајда за препаративна.
    Иако реално не фрлам нешто пари на козметика, не сум преоптеретена со неа.
    За козметика бев оптеретена еден период, кога имав проблем со пронаоѓање на козметика за мојата кожа, кога ми се појавуваа лишаи и дерматолози посетував, но откако го открив совршениот крем не се замарам многу.
    Но тоа што не се замарам не значи дека не внимавам, туку реално не трошам пари многу.
    Секојдневната нега ми се состои од совршената крема за моето лице Cera di cupra, користам млеко и тоник за сува кожа, користам сапун од козјо млеко и пивски квасец, од Гарниер exfo-brusher wash и некогаш хлорафеникол на крај на денот. А неделно пилинг и маска. Е користам доста средства за нега на косата. Гелови за туширање најчесто од млеко и ванила. А преретко користам млеко за тело, ме мрзи да се мачкам :$
    Додека од декоративна можам да кажам купувам една пудра за цела година и 3 маскари годишно :D Еден коректор, карминче сјајче некад, сенки речиси никад, туш ако ми се потроши, ружеви имам 2-3 кои траат долго. Премалку пари трошам :) Најмногу дефинитивно за лакови, е тие ги имам во изобилство. Друго јок.
     
  16. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Јас сум доста голем љубител на шминка,сметам дека жената треба да ја практикува бидејќи сепак уште во времето на Клеопатра се создавале и руменила бои којшто ги користеле за разубавување :)
    Гледано од мој аспект препаративната е пред се.Покрај тоа што е и поскапа,но и повредна е бидејќи се работи за чување и негување на личниот изглед.Додека декоративната и самиот збор ни кажува е козметика којашто ни служи за декорација односно финиш на изгледот :)
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Повеќе обрнувам внимание на препаративната козметика, повеќе вложувам и сакам навистина квалитетни производи. Многу е по важно како го чистите и негувате лицето, најбитно е да изгледа здраво и чисто па после доаѓа тоа разубавување со мејк ап. Реално ако е чисто лицето и со изедначен тен декоративата и не е толку битна. Од препаративна козметика секогаш морам да имам гел за миење лице, млеко за чистење лице, тоник, дневна крема, ноќна крема, серум за лице, околу очна крема. Плус во зависоност од годишното време имам повеќе типови на креми што ги користам, погустите и потешките креми за во зима, затоа што ми е премногу сува кожата и ми се лупи, а по лесните креми ми се за во лето.
    Сепак ако ги бројам парчињата препаратива кои ги поседувам и парчињата декоратива тогаш имам повеќе декоратива, но не значи тоа дека ми е по важна. Декоративата ми е по ефтина, за крема за лице знам да дадам и по 3000 денари, додека за пудра немам дадено повеќе од 1000ка, исто и тие моливчиња, карминчиња се многу по ефтини од кремите и геловите за лице па поради тоа и количински ги имам повеќе :) Како и да е, прво препаративна козметика па потоа декоративна.
     
    На Valentina.Vaki и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Препаратива пред се'! Најважна е негата на кожата, а потоа се' друго. Џабе е да користам Шанел пудра од 3.500 денари, ако лицето ми е нечисто, со огромни пори, црвенила, флеки и акни. Без размислување вложувам во добра препаративна козметика и не жалам пари за тоа. Илјада пати ми се докажало правилото дека најважна е негата, не шминката.

    Откако можам да си дозволам, купувам квалитетни производи за нега и воочувам дека навистина си ја вршат работата. Сум користела и евтини и скапи креми, меѓутоа ми се докажало дека има причина зошто скапите креми се толку скапи. Јас лично ја користам Клиник линијата за мојот тип на кожа и ништо друго не ми одговарало толку добро на лицево. Се и сешто имам пробано, но ова е тоа. Во исто време имам хидратација, матирање на масниот сјај на кожата, СПФ заштита, одлична подлога за шминка и анти ејџ нега наменета за мојата возраст. Лицето ми е негувано, изедначено и имам самодоверба да излезам и без пудра, а сепак да се чувствувам убаво во сопствената кожа.

    Декоративната козметика гледам исто така да е квалитетна, нормално, но да е со цени во границите на нормалата. Понекогаш сакам да се почестам со одреден брендиран производ, било тоа маскара, пудра, сеедно, но далеку од тоа дека цела декоратива ми е хај енд бренд и скапа. Но никогаш, значи НИКОГАШ, не би купила козметика од пазар или било каква декоратива по смешна цена со сомнително потекло. Гледам колку можам да купам што поквалитетни работи. Има фини марки како Гош, Буржоа, Менхетен, Артдеко кои мнозинството може да си ги дозволи, а се квалитетни, па претежно декоративата ми е од ваков тип на бренд.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Препаративна, па тогаш декоративна козметика..
     
  20. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Па и двете..прво препаративна а потоа декоративна.