1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препартална депресија, депресија за време на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од ***Najsrekna***, 13 јануари 2019.

  1. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Дали знаевте дека освен постпородилна депресија постои и депресија што се јавува во текот на бременоста? Погледнете како ќе ја препознаете…

    Деновите на бременост се време на уживање и радост на голем број жени, но има и идни мајки за кои бременоста е време на тага. Постпородилната депресија е сè попозната и речиси сите чуле за неа, но за депресијата што се јавува за време на бременоста сè уште ништо не се знае.

    Препарталната депресија опфаќа една од пет жени, а често жената поминува низ неа без дијагноза и воопшто без свест дека нешто не е во ред. Причина за тоа е фактот дека нејзините симптоми се слични со симптомите на бременоста: замор, несоница, промени во апетитот, зголемување на телесната тежина и слично.

    [​IMG]

    Доколку кај себе или кај некоја друга бремена жена ги препознаете показателите на препартална депресија, имајте на ум дека тоа е целосно природна појава и дека помошта е лесно достапна. Значи, најважно е да се препознаат симптомите, а тие се следниве:
    – чувство на вина, нервоза и безвредност;
    – замор или губиток на енергија;
    – проблеми со концентрацијата;
    – промени во навиките за исхрана;
    – несоница или предолго спиење;
    – намален интерес за активности во кои бремената жена обично многу уживала;
    – чести суицидални мисли.



    Текстот е копиран,случајно наидов на него,некои од вас можеби се запознаени со оваа тема,некои можеби и не се.Јас искрено не знаев дека има и ваква депресија,ќе си речев дека се е до хормоните и затоа толку промени се јавуваат за време на бременоста.
    И да...имам некои од наведените симптоми но мислам дека можам да ги контролирам.Не се до толкава мера за да можад да бидат појаки од мене,едноставно некогаш имам навистина лоши денови.

    Како стоите вие на ова прашање,што мислите дали сте "жртва" на препартална депресија?Ако сте како се справувате?
    Мислам дека е добра тема на која може да поразговараме,да си ја олесниме душата и да си помогнеме.
     
    На Ygritte и Happyinlove им се допаѓа ова.
  2. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Сите горенаведени симптоми ги имав во прво тромсссчие,дел од нив се потрудив да ги совладам,но дали под препартална депресија е и стравот кој траеше,трае и ќе трае кај мене се до моментот на првата средба,а тоа е дали ќе го поминам овој ризичен период во првите три месеци,дали ќе прокрварам,дали срцето му чика.
    Сега сум во фаза дали правилно се развива,зошто не го чуствувам често,вака ли треба во оваа недела да го чуствувам и ред други.
    Едно време само изолирана бев,како околината да ќе ми наштетеше,не се дружев,на мм не му посветував внимание. Бев опседната со лоши мисли.
    Паника имам на секое одење на преглед,се тоа ми е последница од прва неуспешна бременост,ми ѕвони во ушите уште одговорот кој го добив дека ме прајќаат на киретажа. Тоа неможам да го надминам сеуште иако на секој преглед се е во ред,добивам одлично внимание и одговор на секое мое прашање,но стравот го имам.
    Се тешам на секое одење на преглед дека какви се човечки судбини има,некои ги добиваат најлошите можни дијагнози,а јас одам за најубавото нешто што може една жена да си го посака,и повторно драмам. Посилно е од мене.
    Морам стравот да си го победам. Се ќе биде во ред со моето бебе.
    Уште малце остана
     
    На Vanila&argan, intj_girl, Slonce91 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    26.233
    Пол:
    Женски
    Здраво на темава... Оффф... Имав чувство на вина, забременив пред жените кои се трудеа подолго време да забременат, тоа ми даваше чувство на вина.... Зошто јас,зошто не тие.... Првото тримесечје спиев многу за да не мислам на тоа, не можев да се опуштам... Тоа го надминев со помош од сопругот, кој ме тешее дека и со нив е се во ред дека к тие ќе забременат еден ден, ми кажуваше дека ќе биде се во ред, дека јас не сум причина за тоа и не треба да се оптоварувам зашто ќњ му наштети на бебето ... После тоа имав намален ТСХ за што сум пишувала и по другиве теми, па ме исплашија со тоа дека може да му се случи нешто лошо на бебето, додека ги поминав скрининзите имав кошмари кај што го губам бебето и крварам..... Се будев со плачење на сред ноќ, и ова го надминав со помош на сопругот и лекарот кај кој бев во 20та недела на скрининг ... Сегаа ме тепаат црни мисли за породување.... Дали ќе го извадат бебето на време? Дали АПГАР ќе биде во ред? Дали бебето ќе биде во ред, а што ако му се случи нешто во родилиштето? .... Што ако ми го сменат? Од каде ќе знам дека тоа е мое бебе? Еден куп сценарија.... Ако пишувам тука, се смеам и изгледам се во ред.. Психата ме убива.... Секој ден.... Дури се породам сигурно....
     
    На eta, Alishan30 и ***Najsrekna*** им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Коса ми се крева од терминот “уживање во бременост”. Не знам тој што ова го изјавил дали некогаш бил бремен/а.
    Како минуваше бременоста сфатив дека многу жени се филмаат скроз во бременоста зошто уште не ми е јасно.
    Да се реализираш како мајка - разбирам.
    Да сакаш дете - разбирам.
    Да си се трудел со години и години низ милиони болки и ходници - исто разбирам.
    Да паѓаш у трансови како ова е најдоброто низ кое минуваш - не можам да разберам.
    Еве може до мене е, премногу реално гледам на процесите и не уживам во бременоста.
    Од наведените симптоми имам и ги запишувам повторно на овој процес како нормална ствар. Суицидни мисли сум немала освен во први три месеци кога ми помина низ глава дека нема да го издржам лошењето и можеби е подобро да абортирам. После се видов во огледало и реков ќе издржиш па ако треба нека се цркне. Не цркнав среќа :)
     
    На Anaroz1, anggell, демотивирана и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    1.687
    Пол:
    Женски
    Леле па 90 % мислам дека ги омав овие симптоми во првите три месеци.плус дополнително премногу плачење за ситници за безпотребни работи.изолирана бев од сите дури и моето три годишно дете си го запоставив комплерно свекрва ми се и правеше како таа да и беше мајка па чувствував вина зошто да е така.воопшто не излегував од дома не сакав ни некој друг да ми доаѓа затворена во четири ѕида
     
    На Madam S и ***Najsrekna*** им се допаѓа ова.
  6. Dusica24mkd

    Dusica24mkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Депресија во бременост огромна особено по 32 недела премнигу изразена, секој ден умирав во мислите по неколку пати, само плачев спиев и ретко кога јадев .. Им кажав на домашните дека по породување може да ми се влоши... Не одев на доктор не сакав во бременост да пијам антидепресиви... И ВЕРУВАЈТЕ. УЖАСНО ЗГРЕШИВ. се породив со царски рез мораше, после 12 години чекање бебче јас ко ништо да не е.. Бебето мое не е им велев во болница и дома... Напати ја земав ама ретко.. Мајка ми ја израсна првите 4 недели... Не е мое бебето велев моето во стоѓмак е... И само размислував како да побегнам, како да се убијам, јас не сум мајка, јас не вредам да живеам.. Одбивав да ја ставам на цицка за што ми е ужасно жал сега... (но немам ни млеко) Пропуштив многу работи со мојата душичка тие 4 недели... Тешко се извлеков . Сеуште е имам последици ... Се надевам ке се досредам...
    Пс...мој совет на време на психијатар одете само што ќе се посомневате не чекајте...
    Зафркната работа скроз..
    Не ми се ни пишува повеќе лошо ми иде од самата помисла
     
    На eta, Scorpio87, 789_angela и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.992
    Допаѓања:
    166.692
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е баш депресија, ама периодов сум многу down.
    Немам убав сон, постојано се будам и тогаш кога ќе сврзам некој саат сонувам глупости, и секое утро кога ќе ми текне што сум сонувала се вознемирувам.
    Никогаш во живот не сум повраќала и имам фобија од повраќање а сега повраќам секој ден. Не знам да повраќам, не знам како да си го олеснам, се напињам, пробувам да го стопирам, па повраќањето ми е тортура само по себе. Мајка ми не повратила ниеднаш во двете бремености, потајно се надевав дека и со мене така ќе биде...
    Имам висока толеранција на болка и за болка сум спремна, ама дефинитивно не бев спремна на вакви гадења. Уште не знам што со себе кога ми е многу тешко...
    Да не зборам за колку мислам и премислувам дали е се во ред со малецково во стомак. Дали му чука срценцето, дали понатака се ќе биде во ред...
    Последно се будам ниедно време ми текнува на татко ми и плачам. Ми текнува колку многу работи пропушти и дека кога ќе ми се случи најбитната работа на свет тој пак нема да е таму... ама тоа е.. живот...
     
    На Madam S, Vojdana, Ive13 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Имав и за време на бременоста депресија.
    Ги прекинав антидепресивите пред да забренам.

    Првите три месеци бев за никаде...
    После, откако се породив, пак... Додека не се вратив на терапијата.
     
  9. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Женски
    Последно тромесечие ги имам симптомиве, многу спијам ( намерно) што пократок ден помалку нервоза..јадам еднаш до 2пати малку, сакам постојано да сум сама во соба не ми одговара друштво никакво. Ако излегувам одам само кај мајка ми. Постојано сум не расположена нервозна тажна плачам многу често. Неможам да се изборам никако, сакам да сум сама и тогаш ми е ок, кога има присуство на луѓе освен мм се осеќам напнато и мн нервозно. Како и да е ако не сега ке помине за неколку месеци кога ке живееме сами ке имам мир може:(
     
    На GretaGarbo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Motivationlady08

    Motivationlady08 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сакам да кажам барем овде што ми се случува бидејки немам сила и храброст на никој.. Втор месец сум и деновиве се чувствувам ужасно, премногу сум чувствителна, имам некој страв дека животот е досаден и дека ништо убаво мене не може да ми се случи, ги избегнувам сите, освен мажот ми, дури станав многу приврзана со него и ако го нема подолго од 2часа кога ќе излезе јас почнувам да плачам и се чувствувам осамено, не можам со никој да разговарам и се чувствувам збунето и беспомошно.. Дали имате некое искуство или совет?
     
    На GretaGarbo, Madam S и Ygritte им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Исто се осеќав на почеток, слабо и беспомошно. И јас бев зависна од мм и не го пуштав никаде. Плус прокрварев, ми се лошеше.... Ужас.

    Како поминуваше времето и дојдов во 5ти месец се опуштив, дури го пуштив на пат во странство 3 месеци :)
    Едно што ми се смирија хормоните, друго што мм седна да разговара со мене дека го гушам и нема време за себе.
    Сфатив дека маж како маж не може да се грижи за бебе како што може мајка, па си седев овде на форумов си читав за грижа и нега на новороденче, си правев списоци што треба да купувам и многу станав силна и позитивна. Мм беше пресреќен за таа моја промена и ме однесе на шопинг во Солун за да купам што сакам :inlove: Уште толку добив енергија. Сега сум скроз сконцентрирана на бракот и бебето што доаѓа и само правам некои промени дома, припреми, готвам и сл. Не дека има друго што да се прави во вонредна состојба ама важно ми е дека и затворени дома сме среќни.
    Муабетот ми е најди го тоа што те исполнува, што те прави среќна и немој да го преоптеретуваш маж ти зашто не се они како нас, немаат толку толеранција и разбирање. А и мораш сама да се извлечеш од ова. Само сврти го вниманието на друга страна и не размислувај премногу:hug:
     
    На PurpleMind му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mim111

    Mim111 Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    На почетокот од бременоста се чувствував депресивно,збунето само плачев и бев нервозна, помина тоа, ми се случува и сега но по ретко, 8ми месец сум и со нетрпение чекам да се породам, но имам преголем страв прво од пораѓајот, второ мислам дека ќе ни се случи нешто мене и на бебо, или па само на бебо, скраја да е од најлошото.. Еве веќе 2 недели се измачувам со такви лоши мисли.. Редовно одам на преглед до сега ништо лошо немало ама не знам цело време мислам дека ќе се случи нешто лошо;(;(;(... Како да си помогнам и да не мислам на лоши работи? Ве молам за совети..:)
     
  13. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Толку битна тема, а толку малку активна. Денешниот случај беше аларм за сериозноста на темава.

    Дали сметате дека бремените имаат доволна поддршка? Овде спаѓа фамилија, здравство, закон, работен однос.

    Кои се најголемите стравови и зошто постојат во овој период?

    Каде да ја бараат помошта?
     
    На Japonka9, Angie1432 и violetblue им се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.773
    Допаѓања:
    12.887
    Од кого да бараат помош први се работодавците уште на интервју тормозат со прашања за бременост, после кога ќе останеш или без работа ќе останеш или ќе ти ја вадат маста спонтан да добиеш. Здравството исто така не секоја мајка е психички способна да се грижи одма за бебето не секоја може да функционира без сон со денови не сите луѓе се способни да се сносат со одредени работи дури и да се оди на предходно школо да кажам за родителство џабе е додека не го осетиш преморот. И нормално околината дома кога ќе стигнеш. Од сите страни сме утепани ние жените.
     
    На WhiteCat33, Viveki и Гладиоли им се допаѓа ова.
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    7.376
    Баш сега ја гледав изјавата на докторката.

    Рече дека ова е табу тема и не се знае како баш пациентките би реагирале, да им се викне психијатар. Па затоа нешто Министерството да се инволвира :drunk:

    Па баш како што имаше еден коментар, пациент треба да се третира по протокол, а не по менталитет. И токму тие се таму да укажат дека ништо не е табу, а не вака.
     
    Последна измена: 3 јули 2023
    На LiquidLuna, Angie1432, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    15.524
    Пол:
    Женски
    Табу тема било, а јас ко прашав дали има психолог, со пола уста ми кажа па ако треба, ќе дојде.
    Guess what, не дојде. Викенд фати.
     
    На Viveki, winnie02, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    7.376
    @LiquidLuna Навистина страшно и истовремено и жално.

    Вчера во изјавата баш тоа го приметив, како ја мининизираат состојбата и секако, немој случајно тие да се одговорни.

    Конкретно за случајот, спомна за родилката дека повеќе пати била лесно вознемирена. Да, од лесна вознемиреност луѓето скокаат од прозорец.

    Навистина ми е жал за секој што поминува низ вакво нешто. Бидејќи знам дека често и дома партнерот/семејството не ја сфаќа сериозно состојбата, ама па и цреша на шлагот е наводни стручни лица кога истото го прават :fubar:
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    15.524
    Пол:
    Женски
    Јас од изјавата не можев да го сфатам моментот "родилката не сакаше да дои". Ај еве ко на глупа некој да ми објасни зошто беше тоа толку важно да се изјави?
    Друго, била лесно вознемирена и жената побарала помош. Значи не е дека никој не знаел, па отишла и сосем рандом се фрлила.

    Ова е голем проблем во Македонијава. Никој не и обрнал внимание, доволно е една од тие квачките што стварно прелошо се однесуваат со родилките да и кажала дека "се глупира", или "во наше време не постоеше депресија".
    Овие два коментара ги прочитав неколку пати на фб, од жени. Дека на нас младите се нешто не ни било како што треба, сме правеле глупости. Окс..

    А пази, планирале да ја испишат. Као, шо знаат нека и прават дома. The fuck? Жената била далеку од спремна за испис чим се фрлила, кој воопшто утврдил дека е во добра психичка состојба?
     
    На Viveki, tanjaaa, MinnieM и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.773
    Допаѓања:
    12.887
    Никој не очекува од нив да ни висат на глава и нозе да ни мијат туку човечки однос како да доиш и се понатака мислам и затоа повеќето пд нас ја избираме приватната болница ради персоналот. На клиника премногу родилки малце персонал, да не заборавиме дека они се соочуват со секаков тип на луѓе од необразовани до премногу образовани на клиника одат ижени што не се појавиле на преглед воопшто па ќе им дојдат со болки, крварење не знаат каде тераат.
     
    На Viveki и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    15.524
    Пол:
    Женски
    Абе каков човечки однос, јас 18 саати немав инфо кај ми е бебето. Ќе ги запалев сите по ред
    Ко кажав дека стварно не знам како да го наместам бебето да цица, бев буквално со солзи во очи таа Бети, ( секаде ќе ја плукам, да ) цицката ќе ми ја откорнеше. И на крај ми вика "бебе и цицка, не знам шо не ти е јасно"

    Прво еден по еден они да се пратат на психолог, да се прегледаат дали се способни за работата што ја работат. И да се научат да препознаат кога некоја родилка стварно не е добро.
    Јас не бев стабилна, не сметам дека бев за испис. Ама никој не ме примети. И шо знам, сила храброст среќа шо и да е, па не се фрлив. А 2 саати плачев во кревет додека ми го спремаа бебе и документите за испис.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.