До сега само еднаш имам препишувано ама ме фатија и оттогаш никако. А имам во клас деца што постајано препишуваат и никогаш не ги фатле ама тоа ти е немам среќа јас изгледа
Јас во основно и физичко правев тест. Не раштракаа низ сала. Имаше прашања од типот, колку е големо игралиштето на тенис, одбојка.. Колку играчи, колку време трае. А мене баш за бројки ко што не ме бива, сите ги испомешав, турли тава направив. А во врска со препишувањето, и надворешните мемории, еднаш тука коментирав. И покрај тоа што, во последно време, се поретко се случува тоа.
тест по физичко? е стварно не можам да се изначудам...се прават тестови по физичко, ликовно, музичко, а по географија, историја не правиме да не бидам оф топик, еве се ближат тестовите за последна оцена, па мора да имаме барем по некое малечко ливченце
Јас никогаш не сум препишувала ни кажувала на тест. Имаше едни на прва клупа што седеа пред мене а бе се утепаа од препишување! На секој тест ливче или нешто!
Сите тука се фалите демек големи препишувачи,експерти и незнам уште што. Па ќе препишеш кога си избегал позади за малку ќе влезеш во другата училница Како би препишале ако сте на прва клупа карши наставникот, а тој цел час не се станува а???? Ајда да ве видам
Имав една другарка у основно - специјалист за препишување! Еднаш налепи ливчиња на марамче и „ќе си секне нос“ на час, под клупа препишува од мобилен, ливчиња во ќесето си става... И никогаш не ја фатија!
Ама затоа има и професори кои по цел час стојат назад, а тие напред растур прават. А скоро и да не постои професор кој цел час ќе ти седи на катедра додека учениците прават тест, а ако постои тогаш е професор кој ич не се замара па и до него да седеш ќе препишеш. Јас скоро на секој тест си имав ливчиња, од нив ми беше најлесно да си препишувам.
Хемија и физика растур правев седмо и осмо.....Па што имав една затупавена наставничка коа ќе си седнеше на столот мислиш залепена е ич не стануваше и нон-стоп се обидуваше да фати некој ама пуста беља ние паметен клас си бевме Јас и уште 2 другарки бевме задолжени да најдеме тестови, затоа што само ние 2 имавме пристап до кабинетот. ( најмногу ни верувала нас наставничката ) Не беа на многу скриено место ставени во папка и јас и другаркава, една чува стража пред врата (другарката), а една пребарува во папката (јас). И така фино лепо после некој од клас иде у фотокопирница копира за сите нас по една копија од тестот, тестот се пишува на телефон ( пото ни беа дозволени калкулатори и ние сите од телефон калкулаторот ) и сите добри оценкии на крај И што е најинтересно никат не немаше фатено дека препишуваме
па да во Карев учам кај нас ликовно има во 1ва и 2ра година задолжително, а после е изборен предмет само во ЈБ а ти во која гимназија учиш? Спојлер се извинуваме за офтопикот
Се утепувам од препишување иако седам на втора клупа во редицата пред професорот. Не се секавам кога последен пат сум отишла на тест без спремени ливчиња за препишување. Дури и да имам научено ПАК ке си направам, за секоја случај. И може да се случи да го решам тестот без да препишам али ливчињата си стојат спремни Генијалче сум си за препишување, ама не и за ѕиркање и подчитнување додека одговарам усно Затоа секогаш барав писмено, дека ми е полесно, а и онака сум голема тремаџика
Никогаш не сум препишувала и нема ни да препишувам. Па како може некој да добие иста оценка со мојата со ливчиња во градник и испишан материјал на ѓонот на патиките, а јас да се скапам од учење и да пијам по 100 Бедоксини дневно и на крај ке се најде некоја будала што книга нема фатено, ќе си препише се и топ оценка ке си добие. Ми се има случено да потпрашам некој ако баш ми е екстремно потребно иначе .
Охоооооо растур праам! де лифчиња во ракави, де во пенкала, де позади уши, де на палома па со неа демек носот го бришам, па формули испишани на стол или доле на подот, де ливче скриено во етикетата на сокот, во прслук ставено ливче, ако дента имам алки ставено на раката, под алките ливче, со слушалки па дефинициите снимени на мобилен махер за препишување нема начин што не сум го пробала секако не е дека не учам ама има работи кои едноставно не ги памтам па снаџи се па живи од каде иначе после добри оцени
Никогаш не сум препишувала,еднаш се осмелив и професорката ме фате,ама се тресев цела.И плус на прва клупа седам.Иако ме фате не ми ја намале оценката,ама следниот час пред табла Иначе што имам едни школски до мене што седат,двајцата коалиција се.Му имам речено кога ќе напишам ќе ви покажам,не ме замарајте.И они лифчиња 8785368756327856278 кај мене в скут ги оставаат,и дури стигнам да му покажам тие имаат повеќе од мене напишано
Јас би рекла кога можеш зошто да не Знам за случаеви кога професорот излегува од предавална и го нема 10 мин, треба да си глупав да не препишеш, бидејќи со самото тоа професорот ти дава простор да препишеш. И мислам дека претера со тоа што ги нарече будали препишувачите. Јас попрво би ги рекла снаодливи
се согласувам со Unfaithful18 ...кога имаш шанса да препишеш зошто да ја пропуштиш..... и јас сум се нашла во ситуација кога професорот ќе излезе од часот....тогаш не вадевме ливчиња, туку книги...
Значи во животот имам само еднаш препишано.Не бев една недела на школо и наставничката ми даде тест да правам и јас го напишав она што го знаев но бидејки не знаев морав да препишам оти наставничката кажа што ни е тестот тоа ке ми е оценката за полугодие.А,иначе после тестот сакав да одговарам и наставничката кога ме праша зошто јас реков дека сум препишува ме испита зс иоте учени лекции и готово а неможам да замислам да ме фати и да ми се потпише на тестот и кога дома ке ме прашааат зошто подобро земјата да се отвори и да ме голтне него да препишам ....аааа и уште нешто да да подкажувам од страна знам и за тоа сум повеке опоменувана......
1000 пати имам пробано да препишувам на тестови ама никогаш не ми успевало.... секогаш кога имам ливчиња со себе секогаш се препотувам, се вртам и секогаш ме приметуваат... едноставно не знам да препишувам и секогаш сум си ги добивала оценките поштено можно е понекогаш да ѕирнам од некој или да ми каже некој или пак да си размениме со другарката тестот ама за препишување сум тапа....