Ја дома учам учам ама за секој случај си спремам нешш за препишување и коа ќе дојде време тестот да се решава ништо не препишувам се си знам
Имам препишувано со слушалка два пати мислам и тоа така прилично бев несмасна, викав многу , од ливчиња незнам искрено дали сум препишувала некогаш, а вака од други деца ехеее.. Ама во средно тоа, сега на факултетов се тоолку строги казните ( година ипол пауза ) што не ми се исплати да препишувам
Еј да бе, дома ке учате, а на тест кога ке ви дадат 15 прашања нема да препишувате, онака се имате си убаво научено, а? Јас препишувам, кажи речи на секој тест, ама сега ме наместија на 1 клупа, ама ако пак си пепишувам. Ехее во прва година по 2 стручни предмети имам одговарано со слушалка
најмногу препишувам на физика и хемија позади дигитронот ќе напишам формули,дефиниции секако ако незнам ќе препишам а од ливчиња порано сега на клупа пишувам бидејќи клупата ми е цела лом изупена со графити со пенкала со фломастери целата е изпишана па немам проблем за препишување од клупа
хахаха мојата област Откако знам за себе препишувам и воопшто не ми е страв, пошто знам да се снајдам и со ливчиња и со слушалки. Со слушалки се иам снимано и другарка коа ми се јавува па ми решава... Ниеднаш ме немаат фатено и не дај боже отсега натаму А цело време сум одлична и учам, али јебига за секој случај или кога нема да стигнам да научам или ептен не ме бива за тој предмет Мој совет ако не знаете да препишувате, не се нафаќајте, пошто ќе се заебете, одма ќе ве фатат Peace
Јас не ги сфаќам оние кои нема ни 2-3 нешта убаво да научат што знаат дека ќе ги има на тест....туку ке земат ќе се снабдат со триста тинтири минтири да препишат,со различни тактики...пхх.Јас искрено додека да мислам како да препишам утре,кај да ги кријам ливчињата,па да пишувам да ги печатам.... па слушалки,тетратки... ќе седнам и ќе научам за толку време.И не,не можи се да препишеш а да немаш книга фатено....барем за 5ка не. А инаку разбирам,и јас не учам од збор до збор... нешто можи да не сфатам,да заборавам,тешко да ми е да запамтам и ќе си напишам негде,ќе препишам тро...ама тоа воглавно некои имиња,зборови,бројки некои ситници таму.Онака во глобала битното го учам стално,го сфаќам и знам за што ќе има...ако имам пропусти во учењето ќе се снајдам некако Само музичко никогаш не сум учела,теми кои имаат глупости таму за композиторите за инструментите по 10 страни... Арно ама ни дава тест со 10 прашања на заокружување,класот што прави пред нас ни кажува 1-а,2-в,3-б...нешто од општа култура... и такаа
Имам препишувано и само еднаш ми се има случено да не научам и така со празни раце да отидам на тест.. Не е некоја претешка работа, но на повеќето тестови гледам да имам научено.. Сите си ги знаеме стандардите и сите можеме да научиме, но тоа некој едноставно ги мрзи и не сакат да се потрудат, чекаат се здраво на готово, и не сум тип кој кога на тест ќе го прашаат 2 прашања НАМЕРНО да не одговори и знам да помагам на тестови..
Хахахаха цар бев за препишување вртев сукав ама се снајдев како да препишам хахаххах немам напраено утка кога се работи за препишување
Не ме бива! Јас ако отидам на испит со намера да препишувам ќе ме фати професорот. Самата се издавам! Рацете ми се потат, очите ми се ококорени, устата и грлото ми се сушат, ќе се онесвестам. Еднаш биофизика сакав да препишувам и само што ги извадив ливчињата од џеб почнаа раце да ми се тресат. Од страв ги стуткав и ги фрлив подалеку од мене. Ич не сум снаодлива, не ме бива и не ме бива за препишување!
ај те молам дај некој совет јас 1 имам преппишувано и веднаш ме фатија .. а ми треба за математика правиме писмена во вторник јас знам ама мн ни е тешка темата поиноми и моними јас сигруно нешто ќе утнам и ќе имам4 инче одлична ученичка и сум Не за препишување но овој пат сум принудена...
Јас имам препишувано многу пати дури со со книга отворена на факулетет и не ме фатија претежно си го намалувам фоднот во копирница и си го кријам во високи чизми над колена баш сеа времето е за нив но кога ме фаќа паника си отварам и книга,си препишувам од другарот до мене и сл.... знам да си напишам на цела клупа есеи ... имам среќа голема знам да се снајдам без рацете да ми се тресат. Голема штета е со испитите ги полагам на пц и таму неможам да препишам никако бубица до сеа немам употребено си зедов еднаш на испит но ги блокираат и се откажав од неа
Можеш да ги напишеш формулите и нешто важно на дигитронот одпозади со молив. Не е впечатливо, а сепак можеш да прочиташ
Препишувам на тие предмети што сум сигурна дека можам да препишам. На пр. француски и во основно и сега во средно или со тетратка под клупа или со ливчиња или прашањата земени од предходниот клас што правел тест пред нас . Имам еднаш пробано со слушалки но неуспешно. Македонски во прво полугодие писмена од тоа што го напишав дома за спремање од точка до точка се препишав во прво клупа седев а проф. пред мене стои и не ме фати
Не ме бива за тие работи..Колку пати сум се обидвала да препишам али не..Сред час и сега наставничката седнува на столот дека се умори шетајки низ стаја и доага моментот кога треба да ги извадам ливчињата..Гледам во наставничката гледам во тестот гледам во ливчињата..Ахх одма помислата 'Леле ако ме фатат леле шо ке тавам 1 во дневник' после 1 мин. 'Смири се кученце смири се само извади ги ливчињата и почни да препишуваш' и се охрабрам да ги извадам и таман почнам да препишувам оп оваа пак станала да шета..ајде ливчињата пак в џеб нема друго..И после 2 мин пак си седнува и тогаш иде моменто кога сакаш да се самоубиеш на лице место..Јас 10 мин се охрабрував да не ме види и таман ги извадив оп оваа станува..И после таман почнеш да препишуваш ти кажат 'Ученици завршувајте со тестот имате уште 1 мин' шо ке напраам за таа 1 мин?? и ништо дадеш го празен..После то другарка ти 'Кученце препишуваше??' е ај бе препишував јас трауми целата да не ме види ке препишувам, и одговарам ' умм нешто препишав..' и она 'еее ти нешто јас цел тест го препишав..' а она паметна какви листови си го изваде телефонот и ке препишува..ее да..ама јас не можам да се замарам со глупости..Е ДА БЕ КЕ ПРЕПИШУВАМ..ПОДОБРО КЕ НАУЧАМ..ама на кој му се учи?? Тоа е.
Не препишувам и да се обидам знам дека ќе ме фатат не ме бива колку сум научила толку пишувам на тест
Да,често препишувам и ај да не е фалам,па да ме фатат,ама досега не ме фатиле пу пуууу. Секогаш препишувам на ливче.Не со мали букви,нормални,на една страна и никад не ме фаќаат.И да си признаам,не сум некоја си бубалица,ама ете пак сум си одлична,а и знам тоа што треба да знам.Не е дека ако препишеш,не знаеш ништо,туку за успех ти треба малку и снаодливост,има некој кој учат,учат постојано,а мене ми оди на живци тоа,да се изолирам од цел свет,само за да учам,па пак знаат исто колку мене.Најчесто препишувам некои најважни поими/делови од лекција кои неможам да ги запомнам,ама кога препишувам или кога помине испит пак ќе научам,и ќе знам,пред некое време,пак препишував,и пред испитот не знаев,ама откако помина незнам,прочитав еднаш и од тоа што сум препишала го знам сега одлично.Така да,се во умерена доза е во ред,се што е претерано не чини.Значи,ако голем дел си научил( околу 90%) е во ред да препишеш нешто,ама ако си дошол со книга не фатена за испит,освен кога препишуваш на ливче,тогаш е претеризам,па навистина не е фер.Јас го правам ова првото,и можам гордо да си кажам дека ако не за испит,после испит материјалот го знам целосно(тоа го учам кога правам проверка во книга или во текот на препишувањето).
Врска немам од препишување. Еве ќе завршам факултет, повеќе од 15-20 мин максимум не се задржувам на испит. Ако знам ќе напишам, ако не знам ќе треснам нешто и толку, пат под нозе одма си фаќам. Несмасна сум за ливчиња, мислам дека дури и да успеам да препишам, кога ќе станам да си одам ќе ми испопаѓаат За шепкање, прекажување уште помалце. Кај знам јас да шепнам, да зинам да кажам нешто цел амфитеатар ќе ме разбере. Затоа не си ризикувам. Ако не знам, поштено ќе си паднам, па за памет за нареден пат. Ќе си згреам столчето. Живот е еден, сесии се четири...
И мене ми беше страв,само сакам да ви кажам како го правам тоа.И не,не се гордеам,туку пријателка моја,која книга не фаќаше в рака,сепак се запиша во школото каде и јас,иако бев одлична,ама кога може таја со пријатели,јас зошто не да препишам реченица,две?Прво го пишувам на ливче,ама од едната страна на листот,зошто ако напишам на две уште повеќе ќе се забунам,па додека барам тоа што ми треба ќе помине цела вечност.Ливчињата ми се мали најчесто,ама знам и на голем лист да си напишам,ама и пак не ме фаќаат.Го туткам убаво,го гмечам да не ми шушка и да не ме сетат,и го чувам цело време во рака,зошто сумљива сум од џебови кога вадам.Ливчето кога се приближува професорот,го ставам во раката со која пишувам и празна ми е другата,дискретно си мрдам со прстината,онака да виде професорот дека немам ништо во рака. И многу внимавам кога отварам лист за да препишам,ако е во близина ич не отварам,ако е подалеку,си препишувам.Многу внимавам,слушам дали чекори,и веднаш го кријам.И мене на почеток ми беше страв,ама еднаш кога ќе се осмелиш,лесно е потоа.Јас сум за да,зошто ако има правда нека има бар за сите,а не некој учи а некој книга не фаќа пак исто,ама кажав погоре,кога може она со двојки,да оди во исто школо каде и јас,зошто да неможам да препишам,и пак да го знам материјалот?Можам и додека можам ќе препишам.