Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препишување

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 22 декември 2010.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    12.472
    Пол:
    Женски
    Излегува дека ние што сме учеле сме биле глупи. Што не кажевте порано, да нè упатевте нас.

    Свашта.
     
    На Lollipop_123, marija305, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  2. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Сите учат и тие што учат препишуваат, понекад некои работи не ти влегуваат во глава и ќе препишеш.
    Еве јас лично си признавам дека сум препишувала, мене тука никој не ме знае во живо, но не значи дека не учам и не се трудам. И со препишување сум паѓала, па сум го научила матријалот и следното полагање не сум препишувала и сум го положила.
     
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    12.472
    Пол:
    Женски
    @злоба генерализираш. За 5 години ќе бидат видливи резултатите од вашите онлајн препишувања. Останува да чекаме.
     
    На Lollipop_123, cresa-jagoda, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    11.632
    Пол:
    Женски
    Значи јас во заблуда сум била.
    Никогаш немам препишувано. Ако нешто не ми влегло во глава, не ми влегло. Ако не сум го разбрала, не сум го разбрала.
    Одам на испит да го покажам тоа што ми влегло во глава и што сум го разбрала па според тоа да ја добијам оценката што сум ја заслужила. Немам потреба од препишување.
     
    На cresa-jagoda, Purplelilac, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Е добро де, јас мое мислење си кажав. Не знам што сте се напалиле толку.
     
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    12.472
    Пол:
    Женски
    @злоба никој не се напали, исто како што ти имаш право на свое мислење - така и ние. Ама битно некој да ве исподига овдека по темиве со совети за препишување и толку треба.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не исподигав никој. Беше побарана помош, помогнав.
    Испит не е мерило за знаење. Знаење кое е стекнато за испит не е трајно. Знам по себе.
    И јас можам да набубам анатомија да одам да полагам да извадам најдобра или добра оценка ама џабе кога после некое време тоа знаење ќе испари. Доколку учиш нешто што те интересира и со желба тоа нешто да го знаеш тебе воопшто не ти се потребни ноќи и денови бдеење врз книга пред испит.
    Тоа најчесто се случува со предмети кои не не интересираат или не се потребни за нашата идна професија. Така да зошто по тие предети да не препишеш?
     
  8. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    11.632
    Пол:
    Женски
    Види вака, јас не учам со бубање, туку со разбирање. А тоа што е научено со разбирање, верувај не се заборава така лесно. Можеби некои детали, да, ама суштината останува.

    И да, математиката не е особено важна за мојот факултет, и мене воопшто не ми оди. Ама замисли, не решив да препишувам. Наместо тоа, со недели одев на приватни часови, за колку-толку да разберам и да го совладам материјалот. Ама океј, секој за себе.

    Вие слободно бубајте си и препишувајте. Немам ништо против.

    И јас само се надоврзав на тоа дека секој што учи сепак препишува.
     
    На Lollipop_123, cresa-jagoda, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Па кажав, доколку лично смета некој дека тие непотребни предмети за неговара професија ќе му требаат нека ги учи. Ама во пракса нема да требаат, тоа е факт. Тоа што недели си изгубила за приватни часови, давајќи пари исто така за мене е глупост. Ем губиш време, ем со сила учиш нешто што не те интересира и не ти оди и со тоа го труеш мозокот ем пари даваш. Како што кажа ти, секој за себе. Јас никогаш не би направил такво нешто.
    Само ептен се поклонувате кон системот. Оценка не е мерило за знаење. Доколку учите нешто што ве интересира, а не за испит, полагањето испити нема да ви претставува никаков проблем. Мислам дека ме разбираш, веројатно имаш предмети кои ги учиш со желба и нивното полагање не ти е проблем.
    Незнам како е тука, ама кај нас на факултет за време на испит можеш да си користиш белешки и литература иако голем пак паѓаат бидејќи немаат белешки, незнаат како да користат литература, тоест учат нешто без желба и со сила.
     
    На lolitaspurgatory му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека оправдувате препишување затоа што била „таква ситуацијата“. И за мене таква е ситуацијата, па не препишувам. За сите е стресно реално, јас едвај чекам да почнеме со регуларна настава. Баш поради тоа препишување претходниот семестар, на мојот факаултет инсистиравме за полагања со физичко присуство, оти голем дел студенти „си олеснија“, и си положија без да знаат што е овулација, без да знаат што е ултразвук, и мислејќи дека „хируршка интервенција претставува неинвазивна метода“. Секоја им чест на тие кои седнаа и научија, и што не гледаа да „поминат полесно“, туку гледаа да научат, за себе, и за општеството во кое ќе имаат улога во иднина.
     
    На noteforself, Lollipop_123, busybee и 5 други им се допаѓа ова.
  11. wings12

    wings12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    195
    Девојчето само барало совети за препишување, не да и држите лекции зошто е неправедно. Сигурно имате нешто попаметно да правите, неголи да пишувате цели реферати?
     
    На Vitaly, lolitaspurgatory и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  12. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ja uspeav da si prepisam a vie puknete si od maka
     
    На calm-girl, christinnn, Vitaly и 2 други им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.092
    Допаѓања:
    26.929
    @martiiinna
    Знам дека моментално пукаш...
    Тоа е. :(
     
    На Leviosa2503, cresa-jagoda, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  14. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Душава ми гори, како ли ќе продолжам да живеам...
     
    На edna_malecka, cresa-jagoda, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.590
    Допаѓања:
    38.945
    Пол:
    Женски
    Абе што очекувате од некои што се запишуваат на пмф а викаат дека во вакцините има паразити.Оставете.
     
    На Lollipop_123, Leviosa2503, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.895
    Допаѓања:
    6.615
    Пол:
    Женски
    Добро, уште не можам да сфатам зошто постојано одите на тоа дека некој ви завидува, значи од мартот истиот муабет. Никој не ви завидува. Не е завист искажувањето на мислење-револт. Зошто револот? Објаснето е погоре, кога ќе се почуствуваат последиците од онлајн неучењето, бидејќи не си наштетувате само на себе, туку и на цело општество, кога некој ќе има потреба од вас.

    И не играјте на таа карта дека човек учи додека е жив, да учи, ама има некоја основа за тоа, па само се надоградува. Изела ме туѓа срамота е кога ќе забележите како некој врска си нема со завршениот факултет, зашто поминал со препишување, а препишувањето не почна со онлајн полагањето, само се зголеми сега, затоа што не секој се дрзнуваше да препишува во амфи и да биде казнат три сесии да не може воопшто да полага. Во оваа група се и врскаџиите кои се омилен одбранбен механизам на форумов.

    Потоа изговорите од типот на многу е стресно и таква е ситуацијата се банални. На цел свет му е тешко, ама продолжи со опстојување. Никој не беше прашан како му е, секој си продолжи со својата работа и обврски.

    И не мислете дека последици ќе има само од академското учење, ќе има и од основците и средношколците. Само таму ќе се „Ме мрази професорот, јас се' си знам.“; „Детето ми го малтретира, на пик му е.“ „Лелел, претешко му е, оние основно/средно ништо не го научиле.“ итн.

    За крај, не е крив само студентот кој препишува, туку и оној кој дозволил тоа да се случи.
     
    На Lollipop_123, Leviosa2503, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.590
    Допаѓања:
    38.945
    Пол:
    Женски
    Скроз си во право.Само го изостави фактот дека дополнителните извори на учење ги користат оние што учат да научат, а не да препишат колку да пројдат.
     
    На Lollipop_123, tinka-mace, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  18. wings12

    wings12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    195
    Ова испаѓа бетер е да препишуваш неголи да се дрогираш.

    Свашта човече.
     
    На lolitaspurgatory му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.092
    Допаѓања:
    26.929
    Ова испаѓа ако не си спремен да учиш не се ни запишувај на факс. :)
    Оценката е за научено, а не препишано.
    И ако препишувате не се фалите по форуми. Скроз невкусно е.
     
    На Regina.Phalange, Leviosa2503, Hellobeautiful и 9 други им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    12.472
    Пол:
    Женски
    @GirlRose ај што е невкусно, туку и упорни се да докажуваат нешто што не им е издржано.
     
    На cresa-jagoda, Purplelilac, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.