Ах како ли ќе продолжиме да живееме со оваа болка? Премногу е ова за нашите завидливи души Затоа ова е моето последно мислење, збогум фемина, збогум животе
Едно прашање до тие што сметате дека нема штета од препишување. Дали попрво би отишле на лекар кој одбрал да “се снајде и да си помине полесно”, односно некој кој гледал да препише и положи, без да научи, или ќе отидете кај некој што знаете дека со реално учење го завршил факултетот, и не го мрзело да седне да спрема испити како што треба? Во чии раце би си го ставиле животот?
@ElenaOfRivendell залудно ги прашуваш. Овие се сигурни дека се во право. Тоа е штетата од сегашното образование.
И сами си велите дека утре ден некој што препишувал и се снаоѓал на било каков начин ќе седи во канцеларија и ќе ви дава наредби. Ако вие без препишување, сезнајковци, научници и што не, не успеете да дојдете на тоа ниво на кое дошол некој што препишувал тоест станал газда. Џабе ви е тоа знаење и дипломата буквално може да ја фрлите. И не се вадете со доктори и хирурзи бидејќи учење под дифолт не е исто за која било професија. За да станеш доктор ти треба дарба, талент, не само фалење дека го знаете учебникот по анатомија од 600 страни на памет. Пракса+талент. Дипломата е само отскочна даска во повеќето случаи..
Барем коа ќе решиш да препишеш, не се резили по форум. И знам што смер е членката и знам што предмети има и живо ме интересира што толку е тешко што морала да препише, али ај... Ако во прва година не се снаоѓа, не знам како понатаму, стварно
Да де. И за да проповедаш морални вредности на форумов, да нè учиш како да бидеме добри верници треба и самиот да ги поседуваш истите тие особини. Не ти вредат книгите и Библијата кои се фалиш дека си ги читал. И баш ми е чудно што човек како тебе поддржува препишувања.... Не е баш во духот на религијата ова твоево
Леле стварно ајде, едно е да прашаш како да се снајдеш за препишување (иако и ова не чини, постојат секакви, тоа е), ама па после да се пофалиш како си успеала и уште па "пукнете си од мака". Oooh gurl, no. Јас познавам една, трет пат го презапиша НАЈПРОСТИОТ предмет на факултет и "успеа" од трет пат да го положи, пошо друг човек и го реши цел. И уште па се испофали секаде како ОНА положила. Кринџав во нејзино име. Али да, ако уште од сега планирате да поминувате со препишување, на предмети кои претставуваат потсетување од она што сме го учеле во основно и средно + мало надополнување, иксрено ви посакувам премногу среќа понатака, нема вечно да полагаме пред екран .
Кај мене постари студенти море по четврти пат веќе запишуваат и влечат по цели семестри. И сега кога ни кажаа дека сѐ ќе биде онлајн, една вика - аууу, па за што фрлив јас 20000 бе... Јас еден предмет кога презапишав и ми фати вкупно накај 10000 за семестар срам ми беше да кажам дома, не па ова Али битно го оттарасив тој. Па и ќе разберев да беше како да се потсети...оти некогаш знаеш ама не ти текнува некој дел ако директно не те праша
Е да, тие се некоја посебна сорта. Извинете ме навистина ако има некој таков, ама да фрлам по 20 илјади од семестар и ништо да не постигнам пак и пак.. Страшно искрено, а и јас ги познавам доста такви и што е најлошото, од џебот на родителите идат сите тие пари.
Абе чим сметате дека нема гајле ако се препишува, ако не, да ве послушам, и да си го завршам факултетов со препишување, што има да се мачам... И откако така лесно ќе си завршам, на вас, или на некој ваш близок “ќе си учам по прв пат”, па ако не ве излечам, или полошо, и тогаш нема да има гајле, бидејќи нели, човекот учел после, не било битно дали ќе положуваш со учење или со препишување.
Не треба ни да биде во духот на религијата бидејќи темава нема врска со религија. Не ја чепкај Библијата. Имаш само слушнато за неа. А само и помогнав на членката која побара помош. Вие сте тие кои почнавте со провоцирање и делење морал како треба а како не. Доколку очекуваш во духот на религијата да ви се обраќам вам овде во погрешна црква се крстиш. Доколку студираш нешто што те влече, тоест за нешто за кое имаш дарба или талент нема да имаш потреба од бубање на памет, учење за испит или препишување. Но, секогаш има предмети кои не ни се потребни. Зошто на тие предмети да не препишеш, од причина да заштедиш време, нерви, пари за часови и слично? Можеби препишува по предмет кој нема врска со нејзината проефесија.
Јас лично не знам и не сакам да бубам, и учам со разбирање, нема никаква поента учењето на памет, со оглед на тоа што се заборава. И сметам дека не е во ред да се препишува, заради тоа што ниту еден предмет не е скрос безпотребен. Точно е дека има повеќе и помалку важни предмети, но тоа што одредени се помалку важни, не е оправдување за препишување, сепак според мене, чим си решил да одиш на даден факултет, треба да си го научиш тоа што ти се бара на факултетот. Сепак доброволно си се запишал.
Ne znam zasto uopste im se objasnuvas turi im pepel ako na nekoj ne mozam da mu pomognam ke go ignoriram toa sto go napisal a ne da se pravam pametna. Ti blagaram sto pomogna Fala vi na site za sovetite sepak jas si znam sto e najdobro za mene. I olabajte se malce. Deka ste site vie mnogu sposobni pa i deka ucite mnogu ni cveta drzavava aj cao
Тоа во средно и основно училиште такви предмети не се сосема беспотребни. Ама на факултет не е така. Ако јас сум решил да учам програмирање јас немам потреба од филозофија и историја. Ама ги имав, и не гледам причина зошто да не препишам кога мојата професија нема ама баш никаква врска со тие два предмета. Мене лично нема да ми требаат тие предмети и не гледам причина да губам време на нив. Тоа е исто како еве на пример ти, студираш општа медицина и ти ставаат предмет виша математика за програмери или квантна физика. Ќе ги учиш? И месец дена да дремеш на книга нема да ги научиш ако немаш интерес кон тоа. Така да може само да се снајдеш за да поминеш понатака. Тоа што доброволно сум се запишал не е оправдување дека треба да мижиме пред системот и да велиме дека е ок. За тоа кој се однесува дрско прочитај назад две три страни да видиш. Таа овде само побара помош, не беше дрска со никој. Вие почнавте со провокации и навреди.
Па глеј, истата членка беше една од најгласните за откажување на матура, али опасно сакаше да се запише на факс. Се запиша, и прво нешто што прави е препишување. Ако според тебе е ова океј, тогаш не те разбирам ни тебе. И немој да ми кажеш дека е беспотребен предмет па заради тоа "смее" да препише кога предметите се БУКВАЛНО повторување од средно и доволно е да прочиташ само, колку да не си без ич. Едит: Ај колку да не биде дека не сум се вратила на страната кај што прво пишала, и пак она прва дрско почна да се обраќа на други .
Зошто мислиш дека без матура неможе да се запише на факултет? Јас сум тој што студира на факултет во Русија кој е во топ 100 во светот во својот сектор. И замисли не полагав матура бидејќи сметам дека е глупост. Целиот образовен систем е дупка така да тоа тестирање не е показател кој колку знае, бидејќи секој си има одредени предмети за кои покажува поголем интерес да речеме, а на матура му се паднало да полага предмети кои воопшто не му одат, нема да положи и на крај што? Тој ученик не е достоен да учи факултет бидејќи му се паднале предмети на матура кои воопшто не му одат или нема желба да ги учи? Само таа си знае по кој предмет си препишувала и тоа е нејзина работа. Побара помош, јас помогнав се надевам, вие ја изнаплукавте и така.
Од материјалот кој го полагав за матура не памтам ништо, ама апсолутно ништо. Џабе потрошено време, а и пари. Многу другарки се изнададоја голема сума на пари за спремања, пишување состави и сл. И плус нема никакво мерило на знаење. Па побогу имав исти оценки со тиквари шо немаа две чисти. Поголема глупост - амин. Така да, наредниве матуранти доколку можат нека се изборат да не полагаат матура, евентуално приемни испити за факултетот на кој ќе се запишуваат, иако според мене тоа е тешко изводливо за мизерен образовен систем ко нашиот. Кога сме кај препишувањето, јас еве трета година сум на факултет, па ниту еднаш не сум се осудила да препишам. Ниту сум имала храброст, а ниту пак сум имала некоја желба. За разлика од факултет, основно и средно редовно препишував, ама тежината е каде-каде друга на факултет. Особено на кој факултет. Не би да плукам по оној кој се снаоѓа, едноставно ете мене не ме бива и тоа е тоа. Ама, не ја гледам целта да се запишиш на факултет со желба и да препишуваш. Ајде еве нека се два/три предмети небитни и да гледаш да ги протуркаш така лагано, ама на секој испит да се трудиш и да кроиш планови за препишување ми е скроз нонсенс. Како и да е, квалитетот на кадрите ќе излезе на виделина, кад тад.