Не знам на кого му се "паѓаат" предмети на матура, ако постои некој таков нека се изјасни слободно. Предмети се паѓаа на екстерно, на матура сам си бираш 4 предмета (освен македонски нели, што е задолжително), и проектната сам си ја бираш. Не реков дека не можеш да се запишеш без матура, па и јас кога полагав пцуев другари и другарки од друго школо бидејќи оцени добија буквално од ракав. И постојано кажувам дека матурата не е ни толку битна, подобро е да има приемни испити на секој факултет. Е тогаш би се видело кој е достоен да учи на одредено место. Тоа што го пишав дека е најгласна за откажување на матура беше показател дека нејќе да згрее столче и да поучи (предмети кои ОНА сама би ги избрала, па макар и најлесните да се), а се напна да се запише на факултет (кај што ќе треба да учи, и тоа асално). Ама ете, и после 8 месеци изгледа уште коронава ко ситуација им е крива што не можат да се сконцентрираат, што дури и смешно е донекаде. Да беше некој момент од поблиско семејство, ќе сфатев, ама тогаш од тој стрес нема ни да ти текне да полагаш а не па да измислуваш начини за препишување.
А и дури и да учи предмети кои не се поврзани директно со идната професија. Дали си ботаничар, зоолог, молекуларен биолог, генетичар, миколог итн. пожелно е да имаш основни познавања од сите гранки на биологијата оти пред сѐ си биолог. Дали си астрофизичар, нуклеарен физичар, медицински физичар, треба да имаш основа од сите гранки на физиката. И истото важи за сите области.
Во задолжителни предмети по матура ако не се лажам спаѓа и странски јазик и математика. Да не и судиме инаку и да ја оставиме на раат. Само таа знае по кој предмет препишувала и тоа е нејзина работа. А и онлајн образованието е дно. Се сомневам дека некој нешто научил од тоа. Па тоа се потребни предмети и влегуваат во својот сектор. Ако си ботаничар фала богу дека треба да знаеш биологија. Збор беше за предмети што немаат допирни точки со одредена професија. Што ќе му е на програмер филозофија? Што ќе и се на медицинска сестра тројни интеграли и матрици?
Задолжителни се математика или странски јазик, да ама пак имаш избор меѓу тие два. Ако толку не те бива математика, ќе избереш англиски. Не дека е крај на светот со тие два предмета. Инаку, во програмите (барем на мојот факс) нема без врска предмети, има изборни што се рендом ама со семинарска се проаѓаат, тие не се со полагање. Сите други имаат некаква врска со тоа што треба да го знаеш и применуваш понатака во животот, па затоа и одиш на проверка на знаење .
Читајќи ги коментариве, девојки, од се срце ви посакувам да завршите факултет и својата кариера да ја градите во странство. Нема иднина во оваа земја со вакви идни "професионалци". Уште еден доказ колку сме за никаде како држава и како народ.
Стварно преовеличувате. Повеќето од вас се на државни факултети и сами сте сведоци на неправдини од професори, асистенти, ваши колеги, кои поминале со врски што е бетер од едно просто препишување. Вашите драги професори со кои кинете живци за една проклета 6ка, своите докторати ги добиле со врски и со препишување. Тие се вашите "професионалци" од кои добивате матријали за учење и ви го пренесуваат знаењето. И сепак они со вас се понашаат грубо, не ви враќаат на мејлови, ве вреѓаат сред полагање. И покрај толку прљави работи во оваа држава се буните за препишување, мислам ви се волам да не глумиме поштени.
И за што се запиша на факултет? Ако имаш вакво мислење за сите професори и начинот на оценување? Се запиша за цел факс со препишување да го поминеш?
И што ти е целта со напишаново? Ако професорот се вработил со врски, тогаш треба препишувањето да биде оправдано? Скроз неповрзано. Многу е едноставно, ако не сакаш да учиш не се запишувај на факултет. И знаете што, многу е едноставно.Сѐ што е така поминато, со препишување или на среќа еден ден излага на виделина, ама на сопствена штета.Сите недостатоци се наши, реално на никој професор на факултет не му е гајле, но што и да е тоа што ни фали од знањето, верувајте дека во иднина ќе си го видиме, а некаде тоа може да значи фатални грешки. А кај сите ни фали, особено со онлајн полагањава, и место да се фатиме да се подобриме ќе се фалиме дека сме препишале.
Кажав во друга тема и повторно ќе кажам. Вие си знаете што е најдобро за вас, ако толку сакате да препишувате, слободно препишувајте, но незнаењето ќе си излезе на површина порано или подоцна. Сигурно нема да се откажете од препишувањето бидејќи јас и други членови кажавме така. Јас лично не препишувам, не само заради тоа што мислам дека не е во ред, туку и не знам. Едноставно не ме бива. Повеќе ми се исплаќа да седнам да научам отколку да седнам да пишувам ливчиња. Бубици не знам каде се продаваат, а и не ме интересира. Дека има професори што бараат мито, неправедно оценуваат и прават уште многу други неправилности, има. Факт е и дека учиме многу непотребни работи. Ама тоа не значи дека препишувањето е добро. Имам и пример дека не е добро, примеров не е мој, туку ми го раскажа една професорка во средно. Нејзина колешка цел факултет го поминала со препишување и на секој испит носела мини здолниште со цел полесно препишување. Според кажувањата на професорката, женава денес воопшто не знае германски (тоа ми предаваше професорката) и најчестиот изговор ѝ бил дека го заборавила јазикот. Знам дека некој ќе рече дека јазик се учи и на курс, точно е и тоа, но фонетика, фонологија, морфологија, синтакса и многу други работи сигурно нема на курс да се научат. Ова е само пример. Повторно ќе кажам, сигурно нема да се престанете со препишување затоа што на форум сте прочитале дека не треба да препишувате. Повторно ќе кажам дека вие си знаете, јас не ви се мешам.
Здраво,дали би ми решавал некој математика тест за пари? Математиката ми е слаба страна па да не одам на полагање
Препишување можам да разберам за основно и средно. Деца се. Ама на факултет, никако не можам да разберам. Зар не чувствуваат срам кога се обидуваат да препишат? И тоа што го учат треба да го работат. Значи како ќе се научи нешто, ако е препишано?
Работава испаѓа штом Трајко е несовесен и си купува диплома, зошто па јас да не сум несовесна? И после и јас и Трајко со петки на рачињата ќе ,,работиме" во државава, а повеќе време сме посветиле на инсталирање ТимВјуер место учење. Немам препишувано никогаш, не ни можам, нема да ми вредат тахикардиите во текот на самиот чин. А и не гледам поента да се препишува. Ако работиш практична работа понатаму во животот и сакаш да си успешен во неа, кога тогаш ќе мораш да научиш. Само одложување е, сами себе се измачуваат со тоа. Ни тоа со непотребните предмети не го сфаќам искрено. Ко прво, не е скроз непотребен предметот, во тоа сум сигурна. Ако не е директно поврзан со струката тогаш секако е поврзан со методот на учење и стекнување навика и шаблон. Второ, со препишување ја побивате премисата на учењето. За да ги положите и другите предмети, за да извадите квалитетно долготрајно знаење од нив и за во иднина продолжите со пошироко учење ќе ви треба ментален склоп кој повеќе се базира на дисциплина и посветеност, а не на брзоплети решенија. Може ќе положите еден предмет, ама тешко понатаму во животот со тој мајндсет. Сепак искрено ви се дивам на менталните гимнастики што ги правите за да си се оправдате пред сами себе tho, тоа ми е најфасцинантно од целава работа.