Јас исто како Срекичка. Многу ми е страв да не ме фатат, дури една моја другарка што е најодлична, без ниедна четворка, седи до мене и на тестови она сака да ми каже, а она ич не е таква, страв и е да не ја прекорат наставниците. И она ми кажува, а наставничката свртена и јас цела уплашена ја буткам со нозете одоздола, не ми кажувај, не ми кажувај, ќе не види. Лелее Јас дур сум и зборела она ќе ми кажела, ама страв си е страв. И ич незнам техники и методи на препишување како некои деца од мој клас, ставаат ливчиња во пенкала, во прибор, на рака си пишуваат и каде ли уште не. Јас еднаш запишав на дланката и тоа два збора и што препишав ништо. Сум ставила во прибор, и тотално СЕ препишав кај една релативно строга наставничка, и СЕ ми беше погрешно до едно. Хаххаха, џабе мачењето. А еднаш, на географија, и викам до вц може ли и оваа фина женава, може ми вика. Отидов, имав запишано на мобилен, се прочитав и запамтив. Се враќам, само една реченица ми се погоди, другото се од другата група. Ццц, како ми се погодува бе. Ич не сум искусна по овие работи.
Јас сум средно,и сега со компјутерите ептен се препишува,со супер тактики.А за факултет нема да препишувам,ке се запишам тоа што го сакам и ке си ја земам дипломата со знаење.Со оваа приватизација треба да си квалитетен,а не само да имаш факултет.
Колку не ме бива за препишување тоа е чудо.Искрено не сум се ни обидела да препишувам,иако сум имала спремено ливчиња,ама тие останувале во џеб. Поубаво ќе седнам и ќе научам отколку да ме фатат.
Препишувам. Ама само кога сум сигурна дека можам да препишам, и дека нема сигурно да ме види. Средношколските денови по што ќе се памтат ако не по препишување? Најчесто препишувам математика формули, македонски( ), хемија. Тие предмети само неможам ништо да запамтам. Посебно кога ќе седнам на тест, прво се ми се брише во глава, и после треба едно 10тина мин за да се концентрирам убаво на тестот. Методи за препишување ми се , во последно време со телефон. Сликање на телефон, и читање. уствари па последниве години, т.е. претходната и оваа се тоа користам.
Ееее да знаев да препишувааам Ама не знам. И стварно ме иритира фактотот дека дома ќе си ја тупам главата од ѕид, нема да спијам со денови за да научам, а некој до мене седнал, свеж како елен, насмеан од 6ка до 6ка, тап ливчето до него и растур се прави.... Тап резултати, во првоте горе Ама па што ми е гајле, тие колку и да се вешти во тоа таквото, пак неуки ќе си останат бе. Па и згора на се, не учам јас за некој, учам за мене, мене тоа утре ќе ми треба. Па можеби и не ми е мака што не знам да препишувам (по некогаш ми е додуша, ама само колку да се снајдам за нешто што ете не ми текнува ). Ама не ми одииии (Не дека имам пробано, ама не се ни осудувам ). Еднаш се сеќавам кога полагав, и не разместуваа и ајдее мене ме седнаа најнапред (а пред мене на таа клупата, ташни, јакни, и скрипите за полагање што учевме ). ЌЕ ми поверувате ли ако ви кажам дека цела лекција беше пред мене, и јас не можев реченица да препишам Тапа сум во такви работи! А тоа да поткажам, ехеее ако треба ќе ризикувам да кажам, па ливче да дадам.... А ја имам една другарка абе се прави не те слуша , те гледа во очи и демек не те разбира??? Оф лелееее, преку глава ми е од такви. И едино на моменти ме бидува ако можам да ѕирнам од некој (ама и за тоа тешко). Најголмем антиталент сум за препишување
Бројче, и јас исто како тебе. Ахх, судбина, тешка судбина. Само во право си за тоа, учењето е за нас а не за другите. Тие ќе станат доктори на науки на пример, па што? Што ќе постигнат кога нема да знаат една единствена реченица да склопат.. Поарно да добијам 3ка и да учам 2 недели, што ми се деси баш сега за тестот по географија него ли некои свежи и одморени да си дојдат, оп мобилните, оп ливчињата и фино лепо се да препишат. Јас барем знам дека нешто сум научила, а тие НИШТО. После ќе ги дигне на табла, ни еден збор да зуцнат. После они може и кец да си добијат а јас да си ја поправам.
ехее кога студирав имаше препишуванја од лифчиња кои се правеа како трубичка и носеа сукничка и долги чизми за да си ги пикнат во чизмите и кога не те гледа професорот земи го лифчето и препишувај или пак некој што седи до тебе препишувај од него..
Немав навика да препишувам обично учев.........така до 3 година во гимназија. Сега во 4 речиси по секој предмет препишувам едино физика и биологија не се осмелувам можат дирек 1 во дневник да ми пишат па си учам. Мислам дека кога ќе одам на факлутет нема да имам храброст да препишам а и сметам дека од тогаш почнува она вистинското учење кое најмногу ќе ми треба во животот. Најкомично ми беше кога имав тест хемија и цел учебник го извадив на клупа дека немав ливчиња направено.
Кога се запишав на факултет поискусните студенти ми кажаа дека без ливче во џебот не се одело на испит ! Демек не знаеш кој ќе ве чува на испитот, па можеби ќе се има шанси да се препишува ! Не дека којзнае колку се придржував на ова правило, ама имаше ситуации кога ливчето од џеб успешно го вадев и спокојно си препишував! Имав една глупа навика, секогаш еден мал дел од материјалот за испит немаше да го научам и накратко го пишував на ливче (формули,поважни дефиниции)! Ако ми се погодеше прашање од тој дел (што секогаш беше мал,и немаше шанси да биде повеќе од едно прашање) тогаш имав смелост да го извадам ливчето и да си препишам! И не се срамам од тоа...знам дека не е ни за фалење,но... Секогаш бев успешна во препишувањето, никогаш не ме фатија...можеби затоа што ептен ретко доаѓав до ситауција за да препишувам,бидејќи скоро секогаш се појавував на испит со научен материјал! А инаку, смалување на книгата и спремање цел испит на ливче не ми се случило од причини што полесно ми беше да научам отколку цела книга да внесам во мало ливче!
Не препишував или препишував премногу ретко и тоа по неколку збора се до 2ра година средно... Е тогаш почна мојата препишувачка кариера. Едноставно кога видов дека учам работи кои не би ми користели никогаш во животот и кога воочив дека јас со труд и заслужено ги добивам оценките а со некој кој незнае работи кои се учат во 5то одд имам исти оценки --- се откажав од учењето Начини на препишување ги има многу но она со телефонот и ливчињата најмногу функционира (барем кај мене)
Понекогаш препишувам ама прво морам да го научам материјалот и ова како потсетник ми доаѓа Само еднаш ме има фатено биологија ама среќа не ми го зема тестот.И француски ми се има десено да препишам зашто никако не ми иде.
Во основно и средно се сеќавам дека понекогаш препишував формули, бидејќи никогаш не сум ја сакала математиката, а уште помалку формулите. Сега на факултет, и да сакам - нема шанси да препишам затоа што седиме преку еден ред, преку едно столче, различна група на тестови ни даваат, а и не чуваат збудалени асистенти што и при најмало вртење на погледот те бркаат од испит
Секогаш, значи секогаш имам ливче во мене, било да го знам или не материјалот. Што си е сигурно сугурно си е, обично во тие денови кога препишувам носам пантолани и дуксери со многу џебови и си ги распоредувам ливчињата да си знам што во кој џеб ми е ))) Така вешто го правам тоа (си се испофалив) што само еднаш во животов ме имаат фатено во 5 одделение, т.е не беше фаќање туку доброволно си се пријавив дека имам ливчиња кога професорката праша кој планира да препишува (многу ја сакав жената, не можев да си дозволам да ја лажам во очи) а сега сум 3 година на факултет секогаш последното ливче од пусти радости дека сум напишала ми завршува во градник ако некогаш не можам од личе да си препишам, да е жив и здрав колегата до мене ќе помогне нешто, но затоа очиве 3 саати после ќе ме болат од што ми биле искривени ))))
Кога имам шанса да препишам-препишувам но еднаш на колоквиум препишав од еден колега што седеше пред мене,значи тестовите ни беа буквално исти и кога ги истакнаа резултатите што да видам,јас положив а тој падна колку ми беше глупо а и срам И од тогаш почесто ливчиња си спремам доколку неам научено
Средно ремет правев за препишување. На факултет не можам. Строги професори, строги правила.... немам храброст признавам пред себе и пред Олга
Епа кај мене не е страшно со оглед на тоа дека сум 8 ама од 6 одд не сум отишла на тест без ливче ( освен Англиски и македонски ) иако си учам се случувало повеќето пати воопшто да не го извадам ама се случувало и многу да препишам.. сепак ливчињата повеќе ми се сигурност од помош
У средно препишуев по некои предмети, посебно во 4та година. Сите препишуваа па коа можеа тие можев и јас. На факултет не сакам да ризикувам, боље да паднам у една сесија него ли три сесии по ред да немам право да полагам.