Во прва година на факултет, чекаме пред училница за да влеземе на испит и гледам две колешки си пишуваат на раце формули, до душа тоа беше по физика, ама ептен ми падна смешно, девојки од 19 или 20 години, на технички факултет земале и пред амфи пишуваат по рацете формули а да не зборувам колку лесно се положуваше физика, од три задачи, една да имаш решено цела точно и 50% од теорија, толку.
Според мене, ако си решил да одиш на факултет, треба да бидеш доволно сериозен и созреан, а ако не се сметаш за таков, никој не те тера да студираш. Освен тоа, ако си научил, нема да имаш потреба “да се снаоѓаш”. А на факултет си се запишал за да научиш, нели?
Јас никогаш немам препишувано вака на факултет ама искрено овој пример не е ни најстрашно од препишувањето.Некаде(не кај нас) се дозволува да се носат напишани формули зашто побитно е нели да решиш точно наместо само се' да имаш меморирано.Ако знаеш да решиш задача не е ништо страшно и да се потсетиш за некоја формула.Ако немаш поим џабе ти се сите формули пред тебе.
Мене откога ме фатија како препишувам, така се потресов што си реков никогаш повеќе нема да препишувам. А читам сега што сте пишувале, и на факултет имало препишувачи... Во основно и во средно ај некако се трпи да се препишува, но на факултет... Навистина тоа е нечесна работа да се препишува на факултет. П.С. Ако овие и на медицински факултет препишуваат...готови сме.
Јас лично имам пробано да препишувам во трета и четврта година на факултет, никогаш не сум препишувала од а до ш или цели прашања тестови. Секогаш сум учела за испити/колоквиуми а обично секогаш кога сум имала прилика сум ѕиркала во книга/тетратка што сум пишувала (секогаш ја ставав до мене на стол) да се потсетам, не дека не знам туку посигурна сум и нормално за повисока оценка ќе напишам или пак до колешка до мене да се консултирам на кратко за нешто. Според мене е океј да се потсетиш набрзинка, до умрена граница ама не и препишување скроз цели прашања, посебно ако се есејски и препишани професорите не пијат нафта одма знаат дека си препишувал. Кај мене многу колеги одеа со бубица или скрипи на телефон спремни накратко раскажан матријалот, епа шо ќе губам време да прераскажам матријал во word за истото време ќе го научам. Секако не можеш ни кај сите професори, од 10 испити кај 3-4 дали ќе имаш прилика.
Баш слатко ме насмеа. Јас студирав и завршив медицина и ќе ти кажам дека колеги се утепуваа препишувајќи, сигурна сум и дека уште е така. Ливчиња, сликани работи во телефон, сликан тест па друг да ти кажува се до бубици и слушалки за ако треба да се диктира нешто . Сега мислам и бетер е што некои предмети се полагаат online. Има исклучоци секако, ама како што имав забележано во текот на студиите ретки се тие исклучоци.
Имам само еднаш препишувано и тоа во средно, ама не остави и знаеше дека препишуваме. На факс не ни помислувам а и испитите скоро сите ни се усно.
Сум помислувала, ама на факс сум и веќе срам ми е. Додуша имаме туку-така еден предмет неповрзан со тоа што го студирам, а не ми оди ич, ама пак глупо ми е башка има дисциплински комисии и такви работи и казни.
Никој више не користи бубици, земи си бежични слушалки стај една и ако имаш долга коса покри ја за да не те приметат. Само пази да не те фатат, во поголем амфи ако полагаш потешко ќе те фатат.
Засрами се што воопшто поставуваш вакво прашање!.Студирањето и самиот термин ''факултет''доволно говори дека никој не е обврзан да запише и да студира.По јавни форуми да се поставуваат прашања за бубици,камери после не се чудите кога имате нестручни лекари,адвокати,судии,инжењери,архитекти,економисти и тн.Македонија моментално има најлош образовен систем во Европа со толкав број на студенти што не е нормално,ниту реално за волкав пазар на труд.Засрамете се сите вие возрасни луѓе што се одлучувате на вакви чекори и паѓате на најниското ниво што постои.Поздрав!
Искомплексирана девојко како прво не ме знаеш како второ не знам од каде право да ме цитираш и да ме коментираш. Факултетот ми е одамна завршен и магистерските студии, не се грижи. Еден предмет немам положено со препишување. Еве јас како поискусна и повозрасна да те посоветувам дека образованието кое го учиш на факултет после во текот на работата нема да ти служи ни 10%. Се понатаму е пракса и доусовршување. Темата е отворена во 2013г ти сега најде тука да се истресуваш на мене ? Јас не сум ти крива што си одбрала тежок факултет и тука лечиш фрустрации.
Имаш поставено прашање на форум, на кое постои опција одговор и цитирај.Не ми држи животни лекции не ми треба животна лекција од некој кој поставува прашања на форум за препишување со бубици.Ниту ме интерсираат твоите академски достигнувања,следен пат кога ќе пристапиш кон социјална мрежа/форум прочитај ја политиката на приватност.Поздрав
Богињо на науката те молам следен пат барај да се избрише темава не тука ТИ да ми држиш лекции за морал. Ако не те интересирај одмини ја темата не да ја истураш тука цела твоја фрустрација.