Уште полошо Во странство бараат знаење, џабе ќе ти е меѓународниот сертификат добиен со препишување. Се фалиш дека си завршила факултет и магистратура, па некој ако толку вреди нема да му текне да препишува. Срамота е ова...
Препишување за меѓународен сертификат. Факултетот со препишување го заврши? Во основно и средно ми е океј да препишуваш, ама на факултет ако планираш да препишуваш ич не се ни запишувај, утре треба да работиш со тоа како ќе работиш ако незнаеш. Во ред е некој предмет да го препише, од х причини не можеш да научиш, па подоцна ќе го научиш кога ќе имаш време. Ама ако ти е дипломата само за на ѕид и да се фалиш дека имаш дипломирано ти си знаеш.
Јас не познавам човек/дете шо нема препишувано. Кога бев во школо, сите паралелки сме препишувале. Ама тоа беше основно и средно училиште. Прифаќам да се препишува за некој предмет, на пр за мене тоа се математика, физика, хемија, историја... мислам, доволно ми е шо знам да бројам, знам дека јаболката паѓа надоле, знам за периодичниот систем и за серумот од нијацинамид, и знам дека минатото си останува таму кај шо си е и неможеме да го промениме. Знам за основните работи, не ми треба повеќе, а тоа повеќе шо го учат е тотално непотребно. Мислам, никад во животов не ми потребале синус и косинус или питагоровата теорема. А за факултет по некоја струка не се согласувам за препишување. Кога си одлучил да имаш високо образование и да работиш по струка, ќе го загрееш столчето и ќе си учиш.
Тема што има 21 страна се запнаа на еден член (нема да читам дали има уште) ама сите морализатори нека се приберат зошто ниту тој еден од форум ќе нправи нешто, ниту пак е место каде треба да се побуните. Дел од тие што не препишуваа имаа однапред пдредени агенди и со врски или положуваа или после се вработија. Голем дел од останатите мораа да бараат чаре зошто секаде има професори кои бараат како во книга. Знам одлични студенти кои заглавувале кај еден професор заради застарени материјали, неважечки факти и сл. Професорите не прават ништо за да го поттикнат студентот да учи ама дааа образованието е лошо заради студентите (делумно е така ама стварно бре барате проблем кај студентот, не кај креаторот на проблемот?).
Темава не е за такви прашања. Прочитај го воведот. И не си си само ти критикувана. Наместо да губиш време на форум, оди учи. Ако нешто не ти е јасно, прашај во соодветна тема некој да ти објасни. Ама, не е во ред да прашуваш за начин со кој нечесно би поминала. Човек кој не се трудел да учи и поминувал со препишување, прави грешки на работното место. А, тоа често води до губење на нечиј живот. Поради тоа, секогаш ќе се критикува препишувањето.
Се надевам дека ученици и студенти од такви гранки се доволно свесни да не препишуваат. Очекувам дека се работи за нешто поневажно и тема на која некому не му оди, а не е толку важна.
Ама, некои не се. Ни една работа не треба да се работи без вистинско знаење бидејќи носи директни или индиректни последици по животот на луѓето. Реков ако има нешто нејасно во материјалот, нека си праша во соодветната тема. Ќе најде некој кој ќе може да ѝ објасни. Не е срамота да се бара таква мала помош. Но, срамота е да се препишува.