Далеку сум од факултет, ама во основно си препишувам. Кога видов дека сите се препишуваат и се зезаат како сакаат, зошто јас да бубам лекции кои никогаш нема да ми требаат во животот, историја пример (основното го знам, ама да учам за Кралот на Албанија, Грција во 2 Светска војна и сл., мало сутра). Па фино ќе отидам на фотокопир, ќе ги смалам лекциите по една страна на четвртина лист и решен проблем. Препишувам и математика и физика. Тоа нешто не го знам, а и не можам да го научам. Наставникот не предава како што треба и многу материјал имам пропуштено и да сакам не можам да го научам. Едино и француски шуш-буш знам да препишам некоја вежба, пошто сум тутуле-бале признавам свечено. До сега ме немаат фатено, иако не ми е страв и понекогаш и учебник си вадам.
Аууу не никогаш не сум и никогаш не би. Не дека сум некоја благородничка со високи морални вредности туку затоа што сум била и сеуште сум преголема кукавица за такво нешто дури и самите професори ме научија и ми викаа ок ти можеш да си седнеш поназад у стил знаеме дека не препишуваш
Не препишувам од една причина , ми се тресат рацете, црвенеам,мислам дека сите погледи се вперени во мене, но едно е многу трагично, една моја колешка , што ја познавам и од средно поминуваше со 3 сега е цела 10 со слушалките на уши таа ќе ја остават на факултет, е тоа најмногу боли , јас со работа со семејство учам по цели ноќи за една 8 , таа млада дама по цел ден седи на фб, интилигенција 0% таа ќе биде асистентка на некои наши деца, е тоа ми е најмногу криво .
Don't worry, од искуство ти кажувам дека не трае долго славата на тие, а ти ќе излезеш многу побогата од неа. Јас никогаш се немам покајано за тоа што никогаш не сум препишала и имам многу долготрајни знаења со кои се гордеам и знам да одржам еден интелектуален муабет во живот . Едни три така ги фатија со слушалки на четири испити пред дипломирање и ги избркаа им поништија сите испити а и тие се десетки ова она. Верувај знаењето кога-тогаш ќе ти затреба.
и да сакам да препишувам , можам да препишам најмногу 2-3 реченици потоа ми е страв , а и училниците не се толку големи па професорот да гледа во таванот.. да немаше покрив можеби чавки ќе броеше Нејсе. Aко се сконцентрираш само на тоа да препишеш нешто иако имаш поднаучено , ќе го заборавиш и тоа што си го учел , ќе ти се измеша се .. затоа прво види што знаеш што незнаеш и препишувањето имај го во 45ти план( во сучај професорот да е загулен )
Можам да кажам дека кога бев во средно немаше писмена а јас да не препишувам.Секогаш си имав спремено ливчиња,а понекогаш си ја вадев и книгата.
Темава ме потсети на средношколските денови ...Поточно кога имав тест француски, јас и другарка ми експерти за јазикот многу ни одеше и на една писмена требаше напамет да научиме едни глаголи и се решивме да ги напишиме на ливче и од што ни беше страв не го истадовме, двете се тресевме од страв! Иначе најмногу што имам препишувано е на државната матураа особено англиски А, сега на факултет не се осудувам да преписувам, баш како и предходно што имавте кажано ќе ме фати страм пре сите да ме истакнува дека сум препишувала
Според мене препишувањето е исто со крадењето. Личностите кои препишуваат јас ги гледам како луѓе кои се склони кон измама, лажење, се празни и сакаат без труд да добијат заслуги, и секогаш ги одбегнувам. Во средно - ајде деца сме уште, но на факултет? Си одбрал тоа да ти биде професија, цел во животот и да препишуваш? Средното образование не ти било доволно, па си решил да го прошириш, да научиш повеќе..со препишување не се учи..се препишува. Личност што си го троши времето на факултет а препишува = лажејќи се себеси и другите дека демек учи (=е на факултет) јас не би ја нарекла кул. Но се за диплома на ѕид, нели?
Не сум препишувал никогаш, ни во основно, ни во средно, а камо ли сега на факултет... Што знам, сум сметал дека моето знаење е доволно и едноставно не ме „бивало“ за препишувачки техники. =)
Јас сум препишувала, единствено по музичко. Не го потценувам музичкото како предмет, но мислам дека нема потреба да се пишуваат онолку банални работи во учебниците. Тие нешта што треба да ги знам од општа култура ги учам со задоволство,а додека тие баналните работи што се напишани, ги препишував на ливче. Друго ништо не сум препишувала, никогаш.
Не сум препишувала, а како прво не ме ни бидува за препишување, па наместо да спремам ливчиња ќе си научам, знаењето е за мене, а не за оцената која ќе ја извадам.. и ќе препишам, ќе извадам 5ка, а само што ќе излезам од училницата нема да знам ниишто! Така да, многу подобро ќе си научам, а препишување не!!
сум препишувала мнооогу пати, и ниту еднаш ме немаат фатено ( дека си имам посебни техники хаха), ама па ме нервира некад кога некој ќе се обиде да препише од мене па професорот мене ќе ме опомене
Јас се каам затоа што не препишувам Сум пишувала на лист некои огромни бројки на поседи,овоштарници, години, врвови, населени и што ти знам тогаш во името на тестот, пенкалото и ливчето под тестот и успешна операција, пациент мртов. Затоа памет за друг пат. Ако не си научил, нема да знаеш ни што треба да препишеш, ни каде воопшто се наоѓа тоа. Со празна глава, оценка не бидува
http://fintamk.com/nauchi/ostanato/354- ... uvaci.html хахаха многу јака тактика, штета што немам скенер! Јас не сум жива ако не препишам нешто, на било кој тест, си имам различни тактики, тоа, нели, зависно од професорот....Има предмети на кои цели учебници сум вадела на клупа, па никому ништо...За позезнатите предмети си правам минијатурни ливченца, со фонт 1 И на 5 реда ливче со коцки, можам и по две-три лекции да напишам Ама да дојдам на тест скроз неспремна,ми се има случено еднаш или два пати, сепак, ќе поднапишам нешто што знам
Можам да кажам дека речиси секоја моја отцена е навистина моја, створена со мој труд. Не учам само за отцената, туку и за мое знаење. На некој начин ги осудувам тие што препишуваат бидејки не вложиле некој труд за да добија отцена, туку се на готово.Повеќе би се радувала на отцена за која дома имам напорно учено, него ли за некој препишан тест.
Мене не ме бидува за препишување и поради тоа и не сакам да се обидам да препишувам .. и голем баксуз сум бидејќи еднаш требаше да правиме тест француски и еден збор никако не ми влегуваше во глава и сакав да го препишам и убаво си напишав на лист но, кога ја отворив чантата токму тој лист каде беше напишан зборот беше скинат . И мислам дека не е во ред да се препишува затоа што тестот е е да се провериш колку ти самиот знаеш... Иии воопшто не сакам кога некој дома учел и главата го болела.. а некој се шетал и да ме прашува на часот како е тоа? како е ова ? само се правам како да не ги слушам ..понекогаш можеш да му покажеш ,да му помогнеш на некого но и тоа да биде во граници . И треба да знаеме дека дека човекот учи додека е жив.. се што не знаеме ,се учи ..
не ме бидува за препишување и затоа стално учам...само еднаш ми се има случено да препишувам поради тоа што професорката не тераше на памет да учиме .... иначе не се занимавам со препишување... ќе седнам да научам и готово.....
јас сум одлична но морам да признајам дека спремам ливчиња,и се да сум научила некако ливчето ми дава сигурност за во момент ако заборавам доволно ми е едно зборче да видам
Нема тест на кој не сум препишувала, освен математика .. тоа нема што да се препише, ако знаеш знаеш, ако не не.. и досега никој професор ме нема фатено на препишување па сега.. фала богу.. СНАЈДИ СЕ ПА ЖИВИ!