јас и на математика имам препишувано формули и некој ке ми ја напише задачата на ливче и јас ке ја препишам тоа беше во основно бидејки сега професорот ми е најмразениот профецор од цел град
Имам препишувано 2-3 пати,но училишниот час од 45мин. ми се виде цел век Во секој случај ептеен сум против препишување.Одлична ученичка сум и бубам по цели денови пред тест.Кога ќе дојде тестот некој што не чепнал книга ќе препише од мене и после ќе го рамнат рамо до рамо со мене
да во основно и средно сум знаела да препишувам и тоа само на одредени предмети и тоа ливчиња направени за на поатика одоздола и прекрстуваш нога и читаш од ѓонот хехех ( за поеластичните ). на факс веќе не препишував воопшто некако ми беше губење на време правење ливчиња или било што. си седнував и учев земајки го фактот дека ретко имав обемен материјал па така да не ми текнуваше на памет да препишував туку си учев. а кога сме кај препишувањето од такт ме вадеа студенти кој цел факултет го поминаа со хенсфри и познатото ќе ми диктира некој??
Сум препишувала доста, во средно особено, по некои предмети што не сум можела да ги смислам. ( историја, географија ) Најчесто на класичен начин, со ливчиња во ракав или под тестот, или раскажани лекции на мобилен. Ама почесто си имав научено па не ми беше толку потребно препишувањето, иако и тогаш си носев некое ливче за да бидам посигурна, ако случајно заборавам нешто.
Не се сложувам со тебе. Додека бев средно сум диктирала на другарки од други паралелки цели писмени маатематика. Ако можеа да излезат од час излезе и за 5 мин им решев цела писмена, или ми ги пишуваа задачките преку пораки и со договорени ознаки им ги пишував сите или им ги диктирав преку телефон.
Епа вака малце ќе бидам оф-топик. Кога ќе се вратам од школо. (основно сум) ќе си речам: имам време до вечер ехеее. Али, ќе дојде вечер а мене ми се спие, или ќе видам некоја серија, и само 3-4 пати ќе ја прочитам лекцијата и после правам ливчиња од 3-4 фонт, и од едната, и од др. страна.. Али, секогаш пред да препишам, дома ќе си прочитам, никогаш не сум отишла на тест, а да не ја прочитам лекцијата, или малце да ја проучам. Инаку да.. ми се има случувано да препишувам, но само на неколку предмети.. со стари финти.. (ливчиња), како што викаат: Стара финта, нова будала. Еднаш ми се случи.. имавме тест историја (лани) и сега јас од дома си ги прераскажував лекциите на А4 формат, и си ги учев.. Арно ама, пред да почне часот ја си го извадив листот и само нешто на кратко да пофторам, и влезе наставничаката и ја си го скрив листот (огромен со огроомни букви, едно 10 страни имаше, и имаше доста лекции, неколку теми. До тогаш немав препишувано, и искрено немав намера да препишувам) но некако кога влезе, мене ташната ми беше под клупа, и јас некако сум го бутнала листот, но се гледал од далеку.. И овие моиве соученици, се огромни издаици (иако не препишував, кај може да се препишува од 10 страни ) почнаа да викаат.. Она препишува она препишува.. и јас почнав да плачам, се изнервирав. И сега најчесто кога препишувам не кажувам на др. само на двајца, тројца, и кога препишувам гледам да не ме гледааат другите. Затоа што учам со гоолеми издаици.
Можда ќе фатам офф топик, ама сакам да си се искажам пак Јас активно се здобивам со титулата препишувач Абе веќе нема тест, а јас да не препишам. Не бев такво дете, да се разбереме. Туку, имаме еден проф. по музичко, е кај него нема препишување. Влегува во училница и првото нешто му е „Вадете ги ливчињата. Се на катедра.“ Е тек после ни ги дели тестовите. Сме ставале ливчиња во шише со малку сок, во ролетни, горе на сијалици и сегде ги наоѓал. Последно залепивме на хамери и таму ги примети. Чудо е човеков. А вчера на писмената по ммакедонски си имав едно ливче и кај што не ми текнуваше како е реченицата си ѕиркав. Ама не ме фати. За разлика од останатите. Повеќето ги фати За препишување е убаво да седиш на прва. Во нив најмалку се сомневаат дека ќе препишат нешто. Обично трета, четврта и натака клупите им се повеќе на мета.
Moже да ми се случи да препишам ама само за некои предмети кои стварно и да се трудам не ги разбирам. А тоа е само музичко. Навистина не разбирам ништо,а кај сите петки музичко сега помала да имам?! За таков предмет ни срам ни перде не ми е да препишам си препишувам од талентираниве музичари во класов . А за други предмети не препишувам сама се трудам што постигнам постигнам ако сум послаба значи треба повеќе да се трудам. Енџел кај нас пак по музичко слеп ли е глув ли е сите препишуваат како да имаме дозвола од него само гледа низ прозорецот изгледа бара инспирација „талентираниов музички гениј“
Ретко препишувам, но се случува. Последно препишував математика зошто сум тапа и не губев ништо ако ризикувам. препишував вака: додека ги подели професорот листовите на сите ја за тоа време ги сликав сите задачи и ги пратив преку блутут на другарка која беше пред училница и која знае математика. она ги решава задачите ги слика и ми ги праќа. и се утепав од препишување од телефон. дигитронот во рака над дигитронот телефонот и декем рачунам нешто. Теорија никогаш не препишувам.
Не можам и не сакам да препишувам од проста причина што сум трапава и навистина не можам да се снајдам. И навистина мразам и се нервирам кога некој цела година си учи и се труди, а некој ќе си спреми ливчиња за тест и така си вади петки. Сега завршувам основно и на последниот тест на математика, пробав да препишам со ливче под г*з, што беше на другар ми, ама не му требало, па ми го даде. Успеав да препишам само две задачи. Се препотив, почнав да се врткам лево-десно, внимавав да не ме приметат... А имав набубано се’ за тестот, ама на математика едноставно се блокирам. Во седмо одделение пробав да препишувам кај најсмотаната наставничка, по англиски. Не дека не знаев, ама се договоривме со еден другар да му го решам тестот, значи да се смениме со тестовите. Мојот тест цел беше решен, а неговиот само една задача. И ни дојде наставничкава над глава: „да ги видам тестовите“. Јас почнав да се препотувам, ќе се онесвестев... Па после почнав да се правдам, демек ни паднале, па по грешка неговиот сум го зела, а она го гледа другиот тест дека цел беше решен. Колку сум била проста значи..
До лани не препишував на тестови .. Годинава како што ми има тргнато со тоа , чудо некое ... Најуспешно препишување досега ми е годишниот тест по физика каде што ни даваше три лекции. Успешно го заменив ливчето во потполност со тоа што го имав во тешната .. На вистинското ливче си пишував кај сум родена , како ми се вика кучето ,што добива за појадок, дека има жален поглед и уши како радари ! Па ми се смеачи веќе јас да учам а некој да ужива , ќе се смениме малку ! ..
Во сите овие години на училиште/факултет, ниту еднаш не сум препишувала ... Не знам да препишувам, едноставно не ме бидува Претпоставувам дека ќе се вртам во столчето како да седам на игли, ќе менувам бои како семафор и најверојатно ќе ме фатат Од друга страна пак, глупаво ми е да седнам и да правам „помагала“ на цел материјал (најчесто колоквиумите се над 150 страни)! За тоа време барем 3 пати ќе го прочитам материјалот. Поважно ми е да го научам нештото, отколку само да го положам испитот колку да се рече дека поминав. Понекогаш со колешките си кажуваме по некое зборче, колку да се потсетиме која беше лекцијата или што треба да се пишува или по некоја ставка доколку има набројување и тоа е.
Зависи кај кој професор. Листот под клупа и препишувам негде, другото си учам, само тоа што нема да ми треба во животов и сметам дека е непотребно го препишувам.
обично јас важам за бубалицата во друштвото така да препишување НЕЕЕ !!! Си седнувам здраво,недела дена пред испит и си учам Досега во мојата студентска кариера имам препишувано на 2 испити од кои едниот беше правен предмет(а скарана сум со правото) а другиот го полагав 6 пати и квадрирав поради него(ми се закануваше куб на година па немав избор)не дека не го научив ама сакаше од збор до збор.На двата предмети имам препишувано со handsfree и беше успешно,ама пред тоа лексилиумче за смирување иначе немаше шанса да се осмелам
Слабо ми оди препишување. Во основното и средното, постојано седам со иста другарка и она е махер за препишување. Секогаш така сме поделени, јас имам научено и решавам и за неа и за мене, а таа е задолжена ако случајно нешто не ми текне да ѕирне и да ми каже Ма она ќе препише и на најсторогиот професор, без никој да ја примети. Така правевме и во основно, а и сеуште така правиме. Никогаш не би се осудила да одам без ништо научено и да кажам се ќе препишам. Еве се случува професор кој секогаш дава да се препишува, да му текне на некоја писмена строг да биде и повеќе да гледа, а јас никогаш не сум сакала да играм на жими мајка. Што си е сигурно сигурно си е. Се случува само понекогаш мал дел од материјалот, најчесто одредени детали да не сум ги научила добро или да не сум сигурна па да си ги напишам на малечко ливче и ако ми притреба да препишам нешто. Инаку да земам цел материјал да го пишувам на малечки ливчиња не ми е исплатливо, за тоа време ќе седнам и ќе научам Ама сега нови финти има, си ги намалуваат скриптите или раскажаните лекции на минијатурни ливчиња, така да не се потрудуваат ниту сами да направат ливчиња. Далеку од тоа да сум некоја бубалица, имам толку многу обврски што немам баш време за учење, ама успевам да најдам време и се организирам да секаде пристигнам. Како и да е не сум против препишувањето воопшто, само што никогаш не сум го применувала нешто поинтензивно.
Ако за нешто не ме бивало тоа било за препишување...Мајка ми ме научи да правам ливчиња како хармоника, не знам да ги објаснам, ама никогаш не ми успеало да ги користам (каква мајка имам а Во средно се сеќавам на писмена по математика, проф. ни даваше задачи од збирка, обавезно паѓаа истите. Проблемот беше што многу ги имаше и неможеш сите да ги научиш на памет. Ние така што помалку не биваше за математика, посложените задачи ги препишувавме во тетратка...и јас талент на сред писмена тетратката ми падна од под клупа доле и ме фатијаа...после морав да правам поправна..супер беше професорката, не ни ставаше кецови за препишување туку поправна ни даваше На факс препишувањето ми беше само со шепкање...колку некој да ме потсети ако се блокирам во моментот..Решив да не препишувам од ливчиња затоа што почнував да се потам и да црвенеам и ми се познаваше на фаца дека нешто мутам..Ми се случило на клупата нешто да потшкртнам, некоја дата или кратенка, ама од ливчиња се откажав...кога не ме бива -не ме бива Поискусните препишуваа и со хендс-фри слушалки...ама и тоа ни го открија па не тераа косите да ги врзуваме во репче
Препишување кај нас е многу често тоа.Кога сите препишуваат зошто јас да не? Пробав оваа година и никој досега не ме е забележал имам препиишано цел текст за писмена
Порано не препишував-сега условите се сменија и од време на време, морам...Ама ретко го правам тоа.И кога сум препишувала, никогаш не ме фатиле, изгледа дека знам добро да ги скријам работите...На лице никогаш нема да ми се прочита дека не знам или дека планирам да препишувам, само ставам „маска“ и никој ништо не приметува
Еднаш се обидов и никад повеќе ,не ми се верува ме виде како гледам на мојата рака бидејќи ги имав напишано моите одговори,и ми вика професорката ај доле ракавчето ќе се убиев добро што не ми го зема тестот бидејќи беше при крај на часот.А мојата другарка до мене на се препишува,а ја не можам не е фер