1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препишување

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 22 декември 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Полесно ми е да земам да научам, отколку да земам да препишам. :D Додуша, стално си правам ливчиња ама речиси никогаш не можам да ги искористам.

    Еднаш земав хемија да правам ливчиња, во осмо одделение. :D Па ме мрзеше да сечкам и земав од тие што се како за белешки оставање. А тие едни портокалови, пиштат вриштат. Флуросцентни беа дури, а јас главна, ќе препишувам со нив. Мајка ми ми влезе во собата, јас ги скрив, да не се налути демек препишувам. Седам така преплашена и чекам да испадне, којзнае во кој џеб успеав да ги пикнам. :D Таа само ладнокрвно ми рече - и да мижи Петрета - така се викаше тој по хемија - ќе ти ги види ливчињата, земи некои понормални направи. :rofl: После ми помогна, и она сечкаше со мене. :lol:

    Проблем ми е кога треба да препишам од некој друг, затоа што не ги носам наочарите редовно и не можам да догледам. |( Сега кога си го враќам филмот, ми текнува дека многупати сум стропала одговор по некоја моја логика, затоа што не сум успеала да препишам. :^)
     
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    1. да напраиш ливче, и да го стаиш на столчето меѓу нозете, и додека си решаваш тестот си глеаш надоле и де во тестот де во ливчето, а коа ке ти се приближи професорот ги спојуваш нозете и нема да види:)
    2. на рака под ракав се разбира
    3. може чудно, ама една другарка на патика си имаше раскажувано, а друга па на фармерки х)
    4. се разбира ако имаш тастатура пред тебе ке си пишеш на неа
    5. некое пошироко ластиче шо додека е истегнато ке напишеш формули, а кога ке го пуштиш се прави како шара. Кога ке го истенеш ете ги реванкитее(ова еднаш на јутјуб го глеав х)
    :)
     
  3. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Мислам дека оваа работа е уметност, некој го бива некој не, треба да имаш талент, озбилно.

    Јас не сум препишувач. Секогаш го учам материјалот. Но се случува некогаш и да немам време да доучам се, па затоа правам ливче во кратки црти за да ме потсети, а секако пред тоа го имам прочитано текстот но не и научено. Понекогаш правам ливчиња, иако ги имам научено лекциите, од страв демек да не се блокирам или да не ми текнува во моментот.. И никогаш не сум ги искористила ливчињата, но важно да си ги имам. :)
     
  4. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Препишувам и мака немам...се кријам пустам штурам ама нема тест без ливчиња...ама веќе ми се досадни овие со ливчиња...некои идеи ако може(реални,да можат да се изведат) :D :D :D :D
     
  5. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Двапати во живот пробав да препишувам.Еднаш во средно и еднаш на факултет.И двата пати ме фатија.
    И така неславно заврши мојата препишувачка кариера.

    Тоа си е талент за препишување,или го имаш или не. :)
     
  6. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Често ми се случува да препишувам, најчесто од мали ливчиња, но повеќе сакам да си седнам и да си го загреам столчето. И да се пофалам во оваа моја поприлично долга кариера ме нема никој фатено :)
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Ретко кога ме фатиле, вешта сум, нема што. :angel:
    Ама тоа го правам само кога полагам математика-си запишувам по некоја формула, а кога ќе имам можност, вадам тетратка и препишувам. :lol:
    Не ги судам тие што препишуваат, кога јас знам дека ЗНАМ повеќе од тој човек.
     
  8. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Па јас најчесто го учам материјалот, така да нема скоро никаква потреба од препишување. Секако, има тука и некои пропусти :!: Прво, Француски, секогаш препишувам. Ги дава тестовите од предходната генерација, а јас бидејќи не сум баш добра со Францускиот, си правам ливчиња од некои прашања и готово. На тестовите по други предмети, ако имам потреба си пишувам нешто на десната рака или си кријам мало ливче на погодно место, во зависност од облеката.
    Иначе, 4 години седам со другарка која е махер во препишување, препишува скоро на секој тест. Секоја година писмените за пишување состави по Македонски ги препишува, од точка до точка и гајле си нема. :|
     
  9. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас лично не сум по препишувањето. Времето кое ќе го потрошам во правење ливчиња ќе го потрошам на учење.
    Се сеќавам во 7 или 8, географија не тераше некои милион реки да ги научиме, што беше многу материјал за тие времиња. Јас си земав онакво пластично подебело венче и од внатрешната страна си залепив ливче. Два три пати го вадам и го ставам венчето, онака ноншалантно и успат си читам од ливчето. Се си препишав тогаш.

    Во средно епте, ептен густо ако беше препишувавме пр. латински деклинации, ама друго не.

    Сега на факултет немам ни некоја потреба, затоа што стварно сакам да го научам материјалот. А другиве препишуваат абе око не им трепнува, извадил тетратка на полагање и си ја листа. Му вика професорот што правиш колега, а овој а еве да се потсетам малку. 8) 8)
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Пред тестови си учам, нема шанси да отидам а да немам пофатено книга, ама лифче обавезно си правам :) , за секој случај. Не сум баш добра во препишување ама испазувам, искористувам ситуации кога ученик ќе го повикне професорот си ѕиркам. Пишувам минијатурно и на мало лифче собирам многу податоци и така си се спасувам :) .
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ужасно лош препишувач сум. Мислам дека можат да се избројат на прсти сите мои препишувања
     
  13. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Кога се дадени прашањата кои ќе бидат на тестот,обавезно откако ќе ги одговорам,ги печатам со големина на фонтот 5 или 4 и така кога ќе ми го дадат тестот веднаш го ставам малото ливче под тестот и почнувам да препишувам :)
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Многу ретко правиме тест, по македонски и англиски само, на македонски никогаш немам препишувано, а на англиски секогаш имам некое ливче под клупата,ама од пусти страв не го ни погледнувам. :lol: И другарката до мене секогаш има ливчиња, па чекам таа да виде од нејзиното па да ми каже. :D
    И во основно ретко имам препишувано, по математика сум имала некое ливче со формули, па многу беа, неможев сите да ги научам.
     
  15. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Препишувам само реченици или зборови што никако неможам да ги запамтам, години, порано формули математички.
    Препишуван на ливчиња мали свиткани, испишани со ситни букви.
    А инаку ептен ме бива за препишување :$ ...ако сакам можам и по цели тестови...но нема смисла...за мене нема да е добро :)
     
  16. Panki.Friik

    Panki.Friik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    12
    Јас препишувам само математички или физички формули и исто така коа праам тестови по француски јазик..!!
     
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    си препишувам секогаш коа ми се нуду прилика махер сум си бе, уште на каков начин не сум препишувала, мислам нормално сеа неможам цел тест да го препишам ама што сум подготвила ми врши работа :)
     
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    кој е како мене за препишување :P...никогаш не немаат фатено нити па сумљаат на мене
     
  19. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    ова откако почнав во средно ми стана навика, кога можам препишувам и ако знам и ако не знам. за секој случај. сигурно си е сигурно. ако препишуваш не мора да значи дека не си учел туку тоа е само еден начин на кој можеш да си помогнеш на тест. за да препишуваш мораш да знаеш барем дел од материјалот (од лично искуство ви кажувам).
     
  20. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Ух на скоро сите тестови имам ливче (освен на англиски) со формули или слично. Имам многу начини на препишување и никогаш не ме фатиле хаха гордосмајли. :) :)