И јас сум меѓу тие што препишуваат. Препишувам кога немам научено, а немам затоа што не сум имала време итн...па мора поинаку да се снајдам. Обично препишувам од ливчиња, а некогаш од учебник.
Не знам некој ученик/ студент кој не препишувал Јас нон стоп учам, но скоро секогаш си имам "потсетник" , ако заглавам да си препишам Инаку, математика никогаш не сум препишувала во средно, а во основно да. Хемија никако не ми влегуваше в мозок, и хемија од 5 години што учев, не знам ништо, секогаш препишувалките. И имам среќа, никогаш ме немаат фатено во препишување. А тоа е можеби затоа што сум одлична ученичка, па имаат доверба нека немам препишувано.. Кој знае
Порано бев глупа и учев ко будала ... сега неам гајле, комбинирам, си одредувам предмети кај некои професори кај шо ми е страв да научам, а 1 или 2 у семестар обавезно препис
Најдобро е со мобилката и слушалките..снимај си ги лекциите побавно и остави ги нека вртат цел час..мене никогаш ме немаат фатено со ова..а со ливчиња единствено таа по математика стара стара ама тие очите како на орлите и се све забележува..немав гајле имав уште едно ливче плус пак препишав
Најдобро се препишува во прва клупа. Цел живот сум во прва, па додека професорот ги мерка тие во последните клупи што шушкаат јас комотно си го вадев ливчето и си го ставав на нозе и си препишував или пак се потсетував. Зависи кога како. Најдобар резултат што го памтам од препишување ми беше последниот тест по бизнис. Имав 5ка со сите бода
Воопшто не знам да препишувам. Се случува понекогаш да препрашам некоја другарка, ама да земам листови, мобилни никако! Одма ќе ме фатат. Крајно не ме бидува. Сум препишувала и така, но во основно. Најчесто кај некои наставници што не се строги. Германски немам појма, па секогаш вадев 5ка, а може и 5+ зависи од тоа колку материјал ќе подготвам за препишување( се шалам, не вадев 5+ ). А сега во средно не планирам да препишувам, можеби понатака.
Во средното нонстоп препишував, нонстооооооп, значи махер бре сум била, ама секогаш имав малку страв дека ќе ми ги оптегнат ушите но не ме фатија ни еднаш, се чудам зар толку умешно сум препишувала А на факс сега, препишувам само на есеј, кога ептен не ми се уче, и koга ми е тешко..
Препишувам кога можам особено ко ке ме мрзи да седнам да научам. Сега на крај кога имам уште неколу испити како ме смрзи да учам чудо некое и два имам препишувано со слушалки другарка ке чита а јас ке пишувам шо да правам кога немам време за учењње поготово на ова жештиниве.
Си препишувам секогаш кога ќе можам Не викам не си учам ,ама ме фрустрира кога ќе видам дека некој цел факултет го завршија препишувајки ,така да господ да ги поживи пенкалцата за препишување ...си правам по 2-3 за испит
епа мора некако да се снајдеш.. не сум човек што не учам ама понекогаш и тоа ми се има десено и секогаш сум ѕнаела да се снајдам
Јас никогаш не сум препишувала,најискрено,таква личност сум што и да немам ич научено нема да пепишам барем знам дека за тоа сум заслужила,но од друга страна па не е убаво некој да учел дома и да се трудел а другиот да препише и пак на крајот иста отцена,но добро тука се работи за тоа СНАЈДИСЕ ПА ЖИВЕЈ како што велиме ние. Но сепак јас не сум се осмелила на таков чекор,освен некогаш кога ептен немам научено и не да препишувам од ливчина туку некој другар/другарка да прашам ако знае да ми даде одговор а ако не тоа е тоа ќе си добиеш тоа што си заслужил.
Ретко препишувам пошто бевме во основно малце деца во клас и се се гледа по еден на клупа бевме.. Јас неможам од ливчиња да препишувам туку од мобилен, многу ми е полесно
A како препишувате од мобилен?(ако не е тајна) Бидејќи јас пробав еднаш да препишам со моб ама зошто другата страна што требаше да ми чита не ме слушаше?А јас пак се слушав,и ништо не испадна од моето препишување Препишувачи кажете кај е грешката ми се смачи да учам барем еднаш да препишам и јас
мој совет не на слушалка, туку word документ во телефон и бркаш работа. Се имам снајдено неколку пати со ова, не е лошо да изведиш оцена плус. ретко се осудувам на нула знање на одам на препис. обично ако сум несогурна.
Страв ми е со слушалка да препишувам ама затоа имам техники други многу јаки. На мали ливченца можам цела скрипта да напишам и тоа прво во тетратка пишувам и после тие ги смалувам во фотокопирница. Досега ме немаат фатено ама во последниве 2 години само еднаш ми се случи да препишувам. И ептен среќа имам таман одам на препишување ме седнуваат на убаво место.
Никогаш немам препишувано од ливче, мобилен или слично. Ама затоа постојано си кажуваме меѓусебно, така ни е полесно. Во петто по биологија си вадевме учебници и незнам дали наставничката не приметуваше или намерно попушташе, ама знам немаше оцена подолу од 3. Еднаш па, по македонски имавме прашање за историјата на јазикот и никој не го знаеше од редицата. И некако се нагодивме сите ист одговор (еден грешка сите грешка, како е фер ), а грешка бил. Наставничката како се насмевнуваше, 'под мустаќ'. Инаку, секогаш си учам, ама колку научувам..
Никогаш во животот не сум се потпрела само на ливчиња за препишување. Како одличен ученик, таа варијанта воопшто не ми е сигурна. Инаку знам да си напраам по некое ливче за некој збор што неможам да го запамтам, латински или некој чуден, или па за формули физика или математика. Имам едно ланче во вид на плочка и од назад лепам ливчиња, досега не ми се случило да ме фатат
Иако бев одличен ученик некогаш знаев и да препишам... не дека сум немала научено туку да се потсетам нешто и фала Богу сега некогаш да си напишеш нешто што инаку појма немаш... Не е убаво некој што ништо не знае да извади поубава оценка од вас како што се случи при полагањето државна матура... Вака беше: Една моја соученичка бев труп,ама апсолутно ништо не знаеше, едвај проаѓаше година и на крај со препис си извади две 4-ки по мкд и англиски јазик... ама ајде д не ја осудувам си се снашла, кој ми е мене крив што учев по цели денови нели?! Секако, кој може дс си препише нека препише, кој не може нека си научи... тоа е...