1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препишување

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 22 декември 2010.

  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Среќа моја никогаш не ме фатиле како препишувам ај сеа да не урочам :D инаку доста често си препишувам скоро секогаш,само англиски и германски не препишувам бидејќи учам и знам не сакам да ризикувам бидејќи тие наставнички ако те фатат директно 1 во дневник и поправање нема,почесто препишувам математика :lol: а за другите предмети зависи што и колку сум учела :D
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Еднаш на тест по англиски имав спремано ливче под клупа,ама ми беше страв да препишувам, а во последна клупа седев.Но, дојде професорката во задните клупи, си зеде столче и седна и сигурно ми го видела ливчето. На тестот ми фалеше еден поен за 5, од кој пола поен ми одземала за некој збор што ми е точен,ама поради ракописот мој, изгледа не го разбрала зборот,а точен ми беше. Не сакав да и’ кажам дека ми одзела пола поен за точен одговор,ќе испадне од кај шута па и бодам.
     
  3. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    убаво ми беше во предходната училна си имав под клупа можев да препишувам колку ми душа сака ама сега во новата училна бидејки неам потклупа тешко со препишување ама се мислам кај ке го стаам физичкото а + 3 девојки сме на една клупа :tmi: изглеа физичкото на глав |( а
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    а кај ти беше микрофонот, стави го некаде поблиску до устата пример облечи ролка и стави го горе на градникот прерамката ме сфаќаш?
    И пред да почне часот преслушај се со нив да видиш дали те слушаат.
     
  5. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Mикрофонот ми беше во ракавот,а тел. во џебот,и кога ќе сакав да го прочитам прашањето ја потпирав раката на клупата и читав но залудно другата страна потполно оглуве :lol: ништо за жал не ме слушаше.А дали има некој други бубици кои помагаат за препишување?
     
  6. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Препишувам кога можам :D Лани ме фати еднаш по физика како имам напишано реферати на клупата и од тогаш повеќе преферирам да си научам одколку да препишувам, али секако понекогаш се случува да не можам се да научам, па доколку е можно си ја отворам книгата и препишувам, али се зависи до професорот/професорката :) ;)
     
  7. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Во суштина и не се класифицирам во оние препишувачи кои се си прават здраво за готово.
    Учам и може да ѕирнам чат-пат доколку ми остане само едно неодговорено прашање од цел тест!

    Додека трошат цел саат и повеќе за да направат минијатурни ливчиња испишани со минијатурен ракопис можат да ги научат истите лекции. :)
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сега на факултет не сум ни помислила, од причина што нема шанси ништо да препишам. А во средно ми се случуваше да препишам некои формули по математика :$
    Во принцип никогаш не оставам нешто на среќа. Ако знам одам да положам. Не спремам ливчиња и не спијам на тоа уво дека ќе препишам нешто.
     
  9. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    2.582
    Ми се случува некогаш да препишувам,кога не сум доволно сигурна,но никогаш не сум отишла на тест скроз неспремна и да се потпирам само на препишување.Досега не ме фатиле иако сум ептееен нервозна кога препишувам,рацете ми се мраз ладни,ми се превртува во стомак,се тресам,се вртам околу мене од страв да не ме видат итн.Во основно најмногу препишувавме математика пошто тестовите ни ги даваше од работни и сега сите ќе ги препишат задачите од некој што е одличен во математика,одиме во фотокопирница,правиме мали ливчиња и ајдее на тест сите опремени :D ..најчесто на математика седев во прва клупа,ливчињата во прибор и ме нема фатено и знам еднаш извадив 5ка со сите бода :lol: .Исто така многу препишував македонски за состави.Ливчето на столче,меѓу нозе и цело време гледам надоле.Кога препишувам најчесто правам мали ливчиња и ги ставам во прибор,пишувам на клупа онака бледо со молив,пишувам на рака,на столчето на тој што седи пред мене и кајјј ќе ми текне :clap:
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ние имавме групно препишување на тестот по географија. Резултат? Само една двојка!! Се останато 4-5.
    Договорот беше јасен: прва клупа го решаваме тестот, се служиме со тетрарки и карти, а потоа се дава предност на тие зад нас. Во клас сме 14 души, ама и професорот не е лош, знае да прогледа низ прсти, мада бевме дискретни.
    Неговиот коментар при давање на тестовите беше „сите се копи пејст“! :D
     
  11. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Не сум некој препишувач со тапија туку само онака кога нешто стварноо не ми текнува,бидејки никогаш не ми се случило да одам така на тест/писмена без книга фатена пред тоа дома, едноставно не ми дава така душичката :doh:
    Иначе под она дека ми се случува препишвам не се мисли дека јас носам ливчина од дома напишани со фонд во минус влезен туку ако имам можност и не знаам нешто ако имам можност ке препишам од кај некој соученик. :)
     
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Морам да ви напишам што и се случи на другарка ми денес.Имаше некое наставно ливче по хемија, не ги знаела задачите и со спремни ливчиња за препишување си отиде на час.Ама, како што е баксуз, професорката ја фатила како препишува и не само што и го земала ливчето, плус и спуштила еден кец во дневник :o :tmi:
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Сум препишувала, и во средно и на факултет, обично успешно ми било иако не сум препишувала којзнае колку ама едно препишување ќе паметам, на еден колоквиум не планирав да одам ама последен ден ми текна и спремив ливчиња баш за се и ги ставив под мене, ама таа демонстратор што ни беше од фаца ми прочита дека планирам нешто и ми рече да станам и јас јадната станувам а столчето на преклоп па кога испопаѓаа сите ливчиња под мене, ја у земја пропаднав, не ми беше страв од бутање и сл. туку ми беше срам, едвај се соземав да соберам дел од ливчињата и мислам од тогаш ретко ми се случувало да препишувам, не од страв туку од срам.
    А една демонстратор што ме има изнервирано на еден колоквиум, уште ја памтам, јас секој предмет си го спремав во тетратка, си ги раскажував лекциите, си поврзувам со друга литература и сл. значи по мое, убаво средено (дури и други ми ги зимале тетратките да учат од нив :P ) и таа смрдлата пред испит ми ја зема тетратката од под клупа (затворена си беше не планирав препишување) и наместо само да ја тргне кај неа она ги најде страниците кај што беа баш прашањата што беа и ми ги искина и ми ја врати тетратката, ме остави без зборови и со гнев, уништува моја сопственост.
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    леле не научив и не научив да препишувам :$ :$
    ама другарка ми од основно и сеа во средно е со сите 5чиња јас малце послаба сум и секогаш ми помага на тест што нема да знам нешто така да немам потреба од препишување, прво немам храброст да зеам да извадам тоа ливчето, второ ме тресе трема како трофазна :)
     
  15. Poppy

    Poppy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    тежок препишувач сум значи :devil:
    не дека не учам, учам но за време на тест ме здрма некаква трема, ми се блокира мозокот и може и некои прашања и да не ми текнуваат, па така фино лепо си се завртам назад без да ме забележат и си прочитам а исто така , пишувам и лефтерно на клупа или пак не столот на другарчето што седи пред мене или пак на рака. ;) Некои цело средно го поминаа така па што :clap: :angel:
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. s.a.n.y.a

    s.a.n.y.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    16
    ако јас не препишувам незнам кој препишува...
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Па јас за тестови секогаш учам,ама ако не го знам баш добро предметот ќе си напишам нешто на раката или ливчиња ќе си направам...со најверната другарка секогаш седиме заедно па си препишуваме една со друга или ако ни се различни тестовите ќе си се прашаме што е како е...или пак од некој што седи пред мене ќе му речам да го дигне тестот и ќе си препишам нешто...скоро на секој тест препишувам,но да се разбереме не цел тест туку некое прашање :!:

    Инаку и јас се нервирам кога знам дека сум се дупнала од учење и на крај ќе извадам послаба оценка,а некој што цел тест го препишал ќе извади повисока оценка од мене.
     
  18. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Оваа година како ми тргна на сите тестови до сега што ги правевме и на најстрогите професори успеав да препишам :P До лани мн ретко се случуваше да препишам нешто али сега надоканадувам за порано :D
    Финтата кај нас е што професорите многу не ги гледаат оние одличните ученици туку повеќе внимание обрнуваат на оние со послаби оценки на немирните. Они мислат ние се знаеме и немаме потреба да препишуваме, не сметаат за мирнички, наивни, дома се си научиле :geek: ... |(
    И фала богу што мислат така, оти благодарение на таквиот „углед“ сега препишувам без гајле 8)
    Плус си седнам на прва клупа а таму е најлесно за препишевање, сите гледаат на назад во последните клупи а на првата „растураме“ :D
    Или пак седнам на некоја масичка до ѕид-от и на на него позади куќиштето се си напишам формули дефинициии и сл.
    И да не го заборам мобилниот, во drafts можам да ги најдам сите дефиниции од темата. (му ја вадам душата на телефонот додека искуцам цела тема)
    Пу пу да не се урочам да ме фатат во вторник :wasntme:
     
  19. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    Иако многу ретко ги користам секогаш си носам ливчиња за препишување. Така се чувствувам посигурно. Дур учам дома си запишувам некои поважни работи и со тие ливчиња се појавувам на час. Не ми е срам да препишам ако не се сетам, затоа и немам трема.
     
    На PetraPanka3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Еве една многу убава и поучна статија за преписите од Венко Андоновски универзитетски професор и писател.
    Пред некој ден влегов во една фотокопирница близу еден технички факултет. Пред мене, неколку студенти ја молеа девојката што фотокопира да го намали фотокопираното уште еднаш. Од љубопитност погледнав: стануваше збор за страница А4-формат, која фотокопирот успеал да ја смали до големина на една лична карта, да речеме. На оригиналот стоеја решенија на некакви задачи. Ги прашав – како воопшто можат да прочитаат нешто од тоа? Се насмеаја и рекоа – кога си во зорт, ќе читаш. Значи, фотокопираа нешто што лесно ќе можат да го скријат, за да го препишат.

    Препишувањето постоело од светот и векот, ама за да се пренесе знаењето натаму. Пред Гутенберг постоеле и препишувачки, скрипторски центри. И денес постојат. По факултетите. Ете, оние момчиња, ќе препишат решенија на задачи за некој колоквиум. Ќе го измамат професорот, факултетот, системот. Ќе дојдат до диплома. И потоа?

    На дело е тука онаа филозофија – да постигнеш сé, а да не вложиш напор. Тоа се вика – да го добиеш незаслуженото. Од каде таа идеја? Таа идеја може да дојде само од недостиг на морално воспитание. Но таа идеја се сврзува и со една друга – ако го добиваш незаслуженото, тогаш ти го добиваш туѓото, а тоа се вика кражба. Со други зборови, ти му го земаш резултатот, а со тоа и местото во општеството на некој што го заслужува. Тоа значи – како неспособен, елиминираш способен. Без да учиш, стануваш учен: тој што учи постигнува колку тебе, или дури и помалку. Таа идеја имплицира пак трета – тој што учи е будала, погледнато со очите на тој што не учи. Тој можеби ќе знае многу (затоа што учел), но во ова општество на „смалено знаење“ не ќе има шанса да го покаже знаењето, затоа што овој што препишувал, навикнат да ги добива работите со измама, по пократок пат или преку врска, сигурно ќе му го земе и работното место на тој што учел.

    Затоа не одиме и нема да одиме напред. Знаењето не е ни сила, ни моќ, колку и да сакаме така да биде. Снаодливоста, врските и системот „услуга за услуга“ се сила и моќ, за жал. Да се купат компјутери по училиштата е убав гест и предуслов за квалитетно учење, ама тоа не значи по автоматизам да се унапреди образованието. Причина? Па и компјутерите, наместо да се користат за учење, најчесто се користат за препишување. Недостига повторно моралниот аспект на оној што се служи со компјутерот. Се препишуваат цели статии, семинарски, дипломски од Интернет. Има сега, дал Господ – отчукаш зборче на „срч“ и добиваш цели електронски фермани, дефиниции. И сé на кратко РАСКАЖАНО. Со компјутерот имаш и една предност – не мораш да препишуваш. Не ти треба раката. Само даваш команди – „кат“ и „пејст“.

    Значи, колку нам и да ни се чини далечно времето на средновековните препишувачки центри, тоа е наш – современик. Ние живееме во време на електронски скрипторски центри. Електронски преписи. По однос на тоа, средновековно време, ние сме супериорни според количеството на знаењето што можеме да го препишеме и според брзината на препишувањето. Со едно притискање на копчето на тастатурата ние можеме да „препишеме“ од Википедија (на пример) статија за тоа кој бил Алберт Ајнштајн – во должина од 7, 10, 100 страници. На еден класичен средновековен препишувач за тоа би му биле потребни месеци.
    Но изгледа дека тука престанува списокот на нашите предности. И почнува списокот на нашите маани.

    И кога ќе фатам студент како препишува, на часовите за кои јас одговарам, јас не го бркам од училницата. Само на глас велам: „Колега, гледам дека препишувате. Ве молам, само – запомнете го тоа што го препишувате. Токму тоа ќе ве прашам на устен испит. Препишувањето е најдобар начин на учење“. И потоа, ако моралот му дозволува по таа епизода да дојде на устен испит, го проверувам темелно. Што сакам со ова да кажам? Па дека класичното препишување (дури и да е на испит, каде што е забрането), вреди повеќе од електронското „препишување“. Сето она што рачно е препишано (без разлика дали е со ракопис или со тастатура) останува во мозокот – она другото, „кат“ и „пејст“ – фрли го во ветер. Со други зборови, кога студентите што земаат готов текст од Википедија потем барем би го прочитале (да не говориме кога би морале да го пречукаат) – тогаш тоа веќе би било учење. Не можете да учите со мозокот настрана од процесот на учење.

    Кога малку пошироко ќе се погледне, ќе може да се најдат повеќе можни оправдувања за оние момчиња што на фотокопир од големото прават мало, од макрокосмосот на знаењето – микрокосмос на незнаењето. Прво: можеби имаат професор што им всадил толкава аверзија кон материјалот, што немаат друг начин да го положат испитот. Има такви професори: и од искуство како студент знам дека кога некој не знае, а ти е професор, ти нанесува двојна штета – ајде што и ти нема да знаеш, туку и ќе се исфрустрираш и искомплексираш. Тоа е таканаречената емотивна штета на ученикот од незнаењето на професорот. И кога по многу години, ако некој успее да ти го отстрани емотивниот блок од таа наука, и да ти објасни колку едноставно било тоа нешто, ќе сфатиш колку човекот што не знаел те уништил тебе, кој си МОЖЕЛ да знаеш.

    Второ, можеби се служат со таа измама затоа што сфаќаат дека и знаењето и незнаењето подеднакво вредат во ваква „матна“ средина. Учел, не учел – важно е да го фатиш вистинскиот политички ветер во своите едра. Работа и онака нема, ќе мора да ја бараш преку врска.

    Трето – живееме во цивилизација на преписи. Се препишуваат закони од Европа, се дисциплинираат непослушните народи и култури со тоа што им се задава задача да ги препишат кодексите и законите на големите сили, се унифицира и глобализира сé. Сé станува едно исто. Сите идентитети треба да станат препис на оригиналот, на најсилниот што го владее светот. Се бришат разликите, се нагласуваат сличностите. Во таков свет на преписи, бесмислено е да се бориш за оригиналот.

    Е тука е проблемот. Оригиналот е човекот. Нема друга дефиниција за него, затоа што никој од нас нема свој препис, ни генотипски ни фенотипски. Во сета ова приказна за препишувањето го нема човекот.
    Но кому му е грижа?
     
    На Doozy и PetraPanka3 им се допаѓа ова.