Не го боли сигурно, кенка и напнува можеби од грчеви, ама од папочната кила не е. Моето исто имаше, му се појави поради напрегање и плачење, и ништо не ставав. За 2 месеци отприлика само се среди се, се повлече скроз.
Мислам дека синко кој има три години има кила на десниот препон досега никогаш не сум забележала предмалку кога мочкаше од десната страна над к*рето ми се виде отечено и го допирав да не речам стегав не го болеше ама мислам како да правеше звук кога стегав, сега повторно го соблеков нема ништо. Се загрижив да го носам сега на матичен ќе може да види или тоа на ехо се гледа? На кој доктор да го носам?
Препонска кила кај син ми се гледаше само кога беше напнат, плачеше и сл. Ако сакаш со сигурност да видиш, треба на детски хирург на ехо да види или со палпација.
Имала ли некоја мама искуство со операција на препонска кила? После колку време од операцијата се враќа тестисот во нормална големина? Син ми се оперираше, но сеуште едниот тестис кајшто беше килата е поголем.
Zdravo vidov na postot deka i vie ste imale problem si kila nie imame kerka sedum meseci i go ima istiot problem dvapati i se vklesti i bevme na hirurgija i go vratija dali ke sakas da kazes koi vezbi si gi pravela za da znam mozebi ke pomognat oti imame zakazano na detska hirurgija za pregled
Zdravo majki. Bebeto mi ima kila na desnata strana nad ku*eto kako oteceno mu e no nekogas mu se povlekuva pretezno mu se pojavuva koga ke napnuva ima i nekoi zvuci. Me interesira dali nekoja imala iskustvo da spodeli mozno li e samo da se povleci zosto stvarno mi e vo misla a bebeto ima samo eden mesec.
Ние бевме на хирург он има папочна и баш кажа ако се појави таму топче да го носиме пак заради вклештување Најдобро кај твојот педијатар уште подобро на детски хирург на преглед
Детски хирург ке потврди дали има шанси да се повлече или не. Кај моите за жал и двајцата се оперирани, големиот на година и пол, малиот на две. И з двајцата хирургот рече дека сама нема да се повлече, а прв пат ја забележав на возраста кога се оперирани. Претходно немале ништо.
Ставај паричка или се продаваат појаси, јас ставав паричка и ни се повлече за недела дена,а беше доста испакнато папочето.
Да, 5 денарка. Јас ја ставив во бинт и така стоеше на папчето со самопрајски појас од подебел ластик, битно е само да е убаво стегнато. Ја вадев само за спиење.
Здраво мајки моето девојче има препонска кила има еден месец, ја носевме на хирург и го намести, а овие денови само се повлекува и малку го масираме. Ме интересира како ги бањате вашите бебиња сега ми е страв да ја бањам затоа што последен пат многу плачеше при бањањето и не сака ич да е гола, и веднаш и се појави топче од плачење.