Се депилирам со топол восок, и би сакала да ми препорачате некое место од каде што сте задоволни. Жената што ме депилира почна да прави пропусти, па би сакала да пробам на други места.
Јас редовно одам во козметички салон „Бети“, така се вика и газдарицата т.е. жената што депилира, многу сум задоволна. 600 цели нозе, 300 раце, 100 чупање, 100 надусници. Восокот ѝ е секогаш чист, еднаш го употребува и многу е фина, плус квалитетен е не кубе како некои восоци. Има околу 40 години ама како девојка е, секакви муабети си правиме, те опушта скроз не ни мислиш на депилацијата. И средува доста од интимниот дел за цена на нозете. Му доаѓа позади Универзална сала, кој сака нека ми пише ЛП за бројче.
Незнам каде да се обратам,па решив овде.Женски колку чини депилацијата во Силуете?И дали добро депилираат?Бидејќи оваа каде што до сега одев ми оставаше доста влакна т.е. не ме додепилирваше.
А зашто да одиш во Силуете? Сигурно е прескапо, сигурна сум дека мајка ти што е возрасна и заработува не се депилира таму. Не мора да значи дека ако претходната не те депилирала убаво дека само ако платиш дебело ќе бидеш убаво издепилирана. Има еден куп евтини салони што работат преубаво. Крај краева, јас на 20 години не се замарам да сум совршено мазна, плус и дечко имам. Ако сакаш бројче од добар салон со пристапна цена, пиши ми ЛП.
Таа доби вредносен ваучер од 10евра,па ми го даде мене да го искористам По Богу,не сум будалетинка секој 3 недели да одам Силуете и да трошам куп пари,туку да го искористам ваучерот. Океј и да кажете некој добар салон овде во Битола
Немој да те терал ѓаволот да купуваш,жива лажга е. Јас така се зезнав лани додека бев во Хрватска го видов во Story Book рекламираа истиов сет,само на Depil Farma и ми се виде евтино и трк до Дм па го немаше таму па го праќав мм, од еден крај градот на друг и на крај кога го пробав ми се идеше да си го акнам од глава. И тоа го купив околу 2800. Ама што ти прави добра реклама- ти продава пола производ И евего само го преместувам од едно место на друго,да не го гледам,зошто нема никаква функција,едно влакно не ми извади. У суштина тоа ти е лепенка во поблага форма на шмиргла а од кристали ни К. Ќе ти го дадам бакшиш само да не го гледам дома
Јас одам во Аеродром кај Цеце, МАРГО се вика козметичко-фризерскoто студио се наоѓа кај Три бисери позади Зегин ако го интересира некој нека ми прати ЛП...поздрав
A знаете во Охрид така некој подобар козметички салон? И нормално да нудат целосна интимна депилација?
Ај и мене да ми препорачате некоја добра,планирам интимна депилација ама сакам постара жена да ме депилира со повеќе искуство што е
Женски дали има во близина на Универзална сала некој салон или козметички центар и од прилика колку земаат за раце и нозе ?
Пупи, исконтактирај ја Lovely93 за бројче ако ти одговараат цените, пишала на претходната страница за салон на таа локација.
И јас да прашам... Бил ли некој во Дерма Плус? Некако преефтино ми е за разлика од останатите... Како би прошла таму?
Поздрав девојки. Дали некој имал искуство со апаратов да сподели? http://www.neptun.mk/index.php?route=news/news&news_id=103