Јас би ви го препорачала acer. Многу сум задоволна од него. Го имам веќе 3 години, ниеднаш ми се нема расипано. Не е ни скап во однос на другите лаптопи, има прифатлива цена.
Може линк од лаптопот ?? Инаку јас овај мислам дека ќе го купам другарка ми има ист и многу е задоволна http://www.amc.mk/ShopDetal.aspx?Articl ... 20&Action=
Луѓе ќе купувам лаптоп,па сакам да ве прашам.Што мислите,подобро е со Windows 8 или со Windows 7...Неможам да одберам а може кој сакам
Јас имам ваков hp pavilion g6 ИСТ и КРШ е. Таа серија што ја направиле е тотално КРШ. Не се залетувајте ваков да купувате во никој случај.
Јас имам ASUS, core i3 процесор, 2,2 GHz, 4 GB меморија, HDD 500 GB, 15,6 инчи екранот и можам да кажам дека сум задоволна, брз е а работам со AutoCAD (проргама за техничко дизајнирање)... Инаку и Lenovo не се лоши, доста се издржливи а цената им е тука некаде...
Јас имам Dell Inspiron 3521 и топло им го препорачувам на сите оние кои сакаат да купат по издржливо лаптопче. Има одлични перформанси,дизајн, се на се е чиста десетка . Цената сега му е околу 28.000ден а јас го земав 30.000.
Јас имав инсталирано осмица на лап топов, ама за брзо време си се вратив на седмицата, затоа што некако организираноста ми е повеќе позната. Осмицата е многу поразлична, треба одново да го учиш самиот оперативен систем и јас искрено не можев да се снајдам. Се чувствував како на ubuntu да работам...
^Е да,и ја ради тоа сакав 7мица зашто на 8мицата нема шанси да се снајдам,па после ако е кај некој лаптопот треба на XP да се вратам зашто сите компјутери (3) ми се на XP,така да попозната ми е и мене седмицата Фала на одговорите
А јас го меркам овој http://set.com.mk/index.php?route=produ ... t_id=37857 за тие пари ми се чини супер, процесор- 2.4GHz ; рам- 6GB ; графичка- 1GB ; хардиск- 750GB итн... засега ми е фаворит бр.1 п.с ако некој го има истиов нека сподели доживувања
Купи тетка ми со Windows 7, Леново е,ама каков Леново врска неам мислам дека G850. Инсталиравме Windows 7 и си супер функционира
Девојки сакам да купувам лаптоп и да ве прашам дали некој го има користено овој на АЦЕР? http://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?Articl ... 01&Action=
Од Аcer како марка сум многу задоволна, јас имам сличен на овој само малку постар модел (Аspire 5346), a другарка ми го има овој, добар е, но само кај нејзе е windows 8, па не можам баш да се снајдам, ама како што гледам она брзо се навикна и нејзе поубаво и е со 8, барем така вика, а инаку од лаптопот е презадоволна, но незнам дали е до рутерот или до лаптопот, во некои соби нема конекција.
Мојот е Дел и искрено и покрај тоа што дадов 30 и кусур илјадарки, не сум нешто воодушевена, да не речам не сум задоволна. Инаку дојдов да ве прашам за препорака за просечен лаптоп, со цена до 15 000ден. Јас и сестра ми си имаме свои, скоро ги купивме, е сега ми треба за мајка ми и татко ми дека овој статичниов сакаме веќе да го менуваме со нов. За моиве не треба ништо посебно да биде лаптопот, затоа мислам дека нема потреба поскап. Они седат на него само пола саат дневно колку да проверат нешто и да се чуеме на скајп, така да не им треба нешто спектакуларно. Гледав во АМЦ, Анхоч, Техномаркет, Нико компјутери.. Да ми препорачате некаде на друго место каде има поволни цени ? Или некој конкретен модел до кај 15 000 да биде? Се мислам меѓу Тошиба, Ацер, Асус и Леново. едит: пред малку во ГТЦ поминав од овие СЕТЕК, пријатно ме изненади изборот а и сега гледам на нет каталогот добри понуди имаат. http://set.com.mk/index.php?route=produ ... th=1003_19 Ако некој сака да ми препорача нешто од овие до цената што ја кажав, јас сум тотално аут кога станува збор за компјутерски перформанси, немам благе везе, ич не ми е поле на интерес
Dell или Lenovo . Мислам дека тие две се најдобри марки за лап топ . Јас имам Dell и сум презадоволна