Ви благодарам на сите за одговорите, го купив Dell лаптопот од АМЦ, ќе пишам понатаму како ќе се покаже. Бев во Техномаркет, Нептун, Сетек и Амц и на сите места ми го рекоа истото дека Dell и Lenovo биле најдобри со разлика во тоа што Lenovo не обраќа толку внимание на дизајнот ама дека се доста јаки, издржливи лаптопи. За лаптопите на HP сите ми рекоа не, како добри се ама демек биле послаби од останатите во изборот. За она што го барам и за цена до 20000 ден. лаптопите на Dell баш тие што сум ги гледала биле најдобри за она што јас го барам. И на крај сите рекоа дека небитно која и да е марка се зависи колку среќа ќе имате да ви се погоди. Иначе имам лошо искуство со статичен компјутер на Асус па нив затоа не ни ги гледав. На секој 7/8 месеци обавезно се расипува, секоја божја година на поправки го носам, најредовен муштерија сум. А и Ацер се исти ранг со Асус.
Највеќе ти го препорачав Dell баш затоа што ги знам како најдобри. Јас сега имам HP ама за брзо време ќе купувам нов и знам дека ќе биде Dell или Lenovo. Плус двата Dell што ги постираше ти беа и со најдобри перформанси што значи дека минимум 2 години ќе ти е мирна главата А тоа дека треба да ти се погоди, точно е Ако слушаш поединечни мислења ќе испадне дека ниедна марка не е квалитетна.
Dell N5110 дали го има низ продавнициве во Скопје? Барав преку интернет ама не можев да го најдам... Спојлер може и некоја препорака за друг Dell модел со слични перформанси
Девојки ми пукна екранот на лаптопот, дел е. Имам и гаранција само не знам дали ќе може да ја искористам за пукнат екран и дали воопшто може да се поправи и колку тоа би коштало?
Јас се мислам помеѓу овие два лаптопа Dell Inspiron Notebook 3531 и Acer E1-510P-2671.Што мислите кој е подобар?Инаку ми треба за секојдневно користење, правење проекти, гледање филмови и серии, играње по некоја игра од типот на Симс... ништо комплицирано.
Dell inspiron 13 7000 series 2-in-1 Машина ипол само толку ќе кажам. Кратко го имам ама презадоволна од изборот поготово за тие пари, 8 гига Рам, и5 процесор со појачување до 2.6 херци и 500 гига хард диск меморија. Плус има преелегантен изглед, екран на допир и е 2 во едно - и лаптоп и таблет. Стилусот мене ми е одличен додаток, да не го гребам и замачкувам екранот, барем делумно ќе го зачувам и заштитам. Тежина му е само недостаток, кило и 600 грама, има каде каде полесни лаптопи што не го прави идеален за патување. Виндоус 8ца исто ми емалку комплициран ама ќе го уходам. Препорачувам.
Луѓе јас не знам κаде да пушам за пρоблемот што го имам ама се надевам дема неκој ќе знае да ми помогне.Пρед два дена зедов Dell ρаботев неκое вρем и се исκлучи, го ставив на полнач, поκажува деκа е plugged in и деκа полни, а батеρијата не се полни, по неκое вρеме поκажа деκа е 100 % ама не беше полна, го исκлучив и за пола саатпаκ се исκлучи и паκ исто поκажува.Што може да е пρоблемот , дали да говρаќам или има спас. Инаκу пρоцесоρот му е i5 и има супеρ пеρфоρманси.Толκу со душа го чеκав, сега фали да не во ρед.Помагајте
Не е добра батеријата , и јас си имав таков проблем . Ако ти е под гаранција однеси го во сервисот што е овластен и ќе ти ја сменат
Јас имав случен проблем и испадна дека полначот не е океј. Однеси го на сервис, ќе видат најдобро што е проблемот
И јас земав Dell лани,после 2 месеци батеријата ми цркна,изгледа до нив е работата,а го полнев само кога се празнеше,а на 100% одма го вадев полначот. Штом скоро си го зела,имаш гаранција,оди на сервис,мада ќе си почекаш бајаги,посебно ако е некој покомплициран проблем,и ќе мора да одиш после празниците. И ме интересира,колку траат овие гаранциите за лаптоп? Пошто мислев една година,ама стариот лаптоп Fijutsu имаше 3 години,не знам дали зависи од фирмата каде што сме го купиле...
Мојот е сп тρи години гаρанција и осигуρување, ама џабе испаничив денес си беше полн и дρжеше 4 часа со ρабота на него.Фала ви сепаκ на одговоρите.