Дечки ве молам кажете некој Asus лаптоп со влезни единици од лево и добри перформанси за програмирање и гејминг и цената нека биде макс. 400 евра. Испратете ми линк овде МИ ТРЕБА ХИТНО во најкус можен рок...
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3662496 Еве добар со гаранција. Сличен му купив на внукот пред 1 месец. 22000 денари го платив, барав на оглас тогаш и не најдов, па морав да одам на ново. Овој има пристојна цена вака, па да ми требаше сега, би го земал. Добра заштеда е, ако е се како што пишува.
Дечки ми треба помош. Барав долг период лаптоп, и некако се решив за Аsus TUF Gaming FX505DD/DT/DU меѓутоа го нема веќе и најверојатно подолг период ќе го нема а ми треба лаптоп наскоро да земам. Ми треба лаптоп за работа онлајн, работам веб/графички дизајн и слично, ама да можам и повремено да играм на лаптопов, значи да не ми крашнува одма. Цената што можам да си ја дозволам е до 40000 денари. Би ви била благодарна на совет. Инаку моментално имам аcer не сум баш задоволна, порано имав toshiba мајка ми ја користи и уште е одлична и подобра од acer-oт ама веќе немало да произведуваат лаптопи така да не би да инвестирам во нивни лаптоп.
Ама стар е 2013 или 2014 го имав купено, затоа сакам нов Иначе барам на страната на Setec, зашто нема помали од 15 инчи?
Здраво да ве прашам ако може да ми препорачате добар лаптоп,со солидни перформанси до 26/27.000,главно за факс ми треба и за извршување на слични работни задачи. Фала ви.
https://m.tehnomarket.com.mk/produc...u-8gb256gb-ssd156-fhd-wledgigabit-lan177kgdos Овој го купив пред два месеци од анхоч и сум презадоволна. Добро ме служи досега, 8-9 сати на ден сигурно е уклучен, го користам и за работа. Батеријата без полнач тера 4-5 сати. И-5ка процесор 10та ген, 8гб рам и 256гб ссд м.2. Мислам дека за таа цена е најдобар. Во анхоч беше 26000, ама гледам веќе го немаат на залиха, има ко алва летнато. Го најдов и на техномаркет (линкот погоре), со смарт картичка цената е 27000, мислам дека картичката им е бесплатна.
Некој да ми препорача лаптоп до 13-15.000 денари воглавно за факултет мие потребен. Гледав во Нептун HP 250 G7 22 ама незнам дали во пакет оди и Windows.
Луѓе на лаптопов мој после 2ипол години користење батеријата му е скоро рикната. Прво почна да се исклучува на 20/30%, а сега не функционира ако не е уклучен на полнач. Ако го тргнам од на полнач се гаси скроз, а си стои на 82%. Што да правам? Да купувам нова батерија или да го користам без батерија? Врска немам, ич не се разбирам од овие работи.
Каде можам да најдам лаптоп до 250 - 300 еур, ми треба нешто нај најобично, не ми треба нешто посебно марка. Досега каде што барав се над 30 000 ден., не ми се дава толку, имам статичен за главна работа, само за куцање основни работи и презентации ми треба. Зарем е можно се да е потрошено сега со онлајн наставата? Во продавниците ни викат немало никаде во Мк поефтини се било издигано, мене ми е поверојатно дека сега цените со онлајн наставата се качени а не дека поефтините се продадени.
Немора да значи дека ако студирате на финки дека ви треба што поскап компјутер. За програмирање треба лаптоп кој е во состојба да покрене вижуал студио, код блокс и слично. Сите лаптопи купени од пред 3-4 години имаат такви спецификации и без проблем може да се работи на нив. Тоа студирам и јас па затоа ти кажувам. Ама доколку сепак сакаш поскап од други причини оди во сетек или анхоч и купиго најскапиот, тоест за сумата која си напишала бидејќи факт е дека најскапиот е најдобар. И оној од 20 000 ќе врши работа перфектно. Да не ти се мешам да не ме сфатиш погрешно, твој избор и твое право што ќе купиш и како ќе си ги трошиш парите. Сакав да кажам дека нема потреба за толку скап компјутер ако единствена причина ти е тоа што студираш на финки.
Имаше во анхоч и сетек почнувајќи од 12 000 денари од прилика па нагоре. Но поради ситуацијава цените се покачени бидејќи сме гад народ. Доколку не ти се брза нарачај од интернет. https://www.anhoch.com/category/3003/prenosni-kompjuteri-laptopi Тука гледам има на залиха некои Батерија можеш да смениш доколку ти е мака да влечеш кабел по тебе нон стоп. Доколку со тоа си ок не е проблем и цело време да е на полнач без батерија.