Имав Fujitsu Siemens 7 години, па сеа пред некој месец го заменав со нов Fujutsu(made in germany)...презадоволна сум..оште ова остана квалитетно и Dell, па јас би ти го препорачала
^ Јас имам сони. 1200 евра е купен мојот. Не препорачувам сони. Деловите се прескапи, и не може да се најдат тука, ѓавол и пол иди цената за одржување и купување.
Добра марка на лаптопи се МСИ. Не се многу скапи, мегу поефтините се и деловите за нив се многу ефтини. Џабе многу скап компјутер кога чаша вода несакајки да ти се истури деловите се поскапи и од самиот компјутер. Јас после нова година имам во план да земам лап-топ и ке земам МСИ дефинитивно.
Јас имам еден E-machines или како и да се пишува, ама не сум задоволна. Од самиот почеток не беше нај нај, ама тера убави 3 години.Тој уште си е океј, до сега само еднаш е форматиран, одржан е многу, ама не знам, некако...има и подобри. Сега скоро купив Asus и е многу подобар од другиот. Значи од Asus-ов сум задоволна сега за сега. И да, Dell се истотака добри.
Се извинувам за офф топик, ама стварно незнаев кај да го поставам прашањево а итно ми е зашто неможам да си го пуштам компјутерот,од кај сестра ми сум . Значи направив акаунт и ставив лозинка за да не може никој да се пушти кај мене на пц и сеа кога да ја пишам лозинката гледам македонски фонт е ,а лозинката ми е на латиница и неможам да се пушта зашто незнам дали можам да го сменам фонтот .. Ај помагајте ве молам
Не да не сум задоволна.... не знам дали јас сум толкав баксуз или што е работава.. Океј е за брзина додека работиш, за изглед, но некако бавно ми стартува. И не знам од што може да биде, лаптопот повеќе пати сам си се рестартира. Пишува нешто на сина позадина, но кратко време и не стасувам да прочитам што го мачи.. ќе го носам од каде што го зедов, ќе се жалам малку, па сега брзо го зедов, можеби нема ни еден месец. Туу смотана една, избрзав бидејќи ми го фалеа (гранка на Acer) а и поефтин е од сите други.. јас не го препорачувам. Сепак кога се работи за технологија што постојано ти е потребна, вреди да се даде некое илјадарче фазла.
Имам Компак Пресарио и задоволна сум.Оваа марка кај нас не е позната за разлика од Австралија и Америка.Скептик бев на почетокот но бргу ми се смени мислењето. Спојлер Инаку пред некое време несакајќи истурив вода на Тач-падот ( тоа за прст што е ) и некогаш работи некогаш не па морам да користам маус. Прашањето ми е дали знаете околу колко би чинела поправката и каде во Скопје има сервис ( во мојот град највероватно нема ) ?
Јас имам Lenovo и сум препрепремногу задоволна,па татко ми купи уште еден. Тоа ти препорачувам. Lenovo е една од најквалитетните марки за лап топ ко што имам слушнато,а исто така имаш и finger print со што можеш само ти со твој допир со прст да се приклучиш на компјутерот. Па, сега твој избор:]
Си земав јас Дел, е сега сакам да ве потпрашам околу користење, пазење, чување и слични работи. Досега сум немала сопствен лапто , статичен си имав па некој совет не е на одмет. Демек не било убаво на таква подлога, на ваква подлога. Ми рекоа кога сум во можност секогаш да ми биде уклучен на струјата кога го користам барем кога сум во можност да гледам. Таман е ова или ? Друго батерија тие работи колку ве издржува отприлика без паузи да седите на интернет. Сите други корисни совети се добредојдени..
^^Јас имам Dell лаптоп скоро 3 години. Соленка беше цената кога го купував, но во ниеден момент не зажалив. Искрено, ова за подлогава првпат слушам , најчесто за мојот јас сум подлога-цело време седам на кревет со лаптопот во скут. Дури и кога гледам филм или серија. Го гледам и дечко ми нон стоп така, сигурно ќе ме опоменеше да имаше нешто врска тоа Батеријата не сум сигурна колку ми држи кога е исклучен од струја, отприлика повеќе од 2 саати, ама не ме фаќај за збор, стварно немам заприметено колку точно држи. Иако мене ми е скоро цело време уклучен, а кога ќе го исклучам го оставам да се испразни батеријата па да го уклучам. (е ова е по препорака на дечко ми , стручен си е он во оваа област, па имам причина за ова безрезервно да му верувам ) Не сум имала до сега баш никаков проблем со лаптопот, никогаш не се укочил, никогаш не бил спор, не бил однесен на сервис, еднаш само дечко ми го форматираше, и тоа зашто сакав нов оперативен систем, не дека имав некаков проблем со лаптопот Dell се прилично квалитетна марка на компјутери општо ( десктоп и лаптоп ), на работа до пред некое време користевме само Dell и одлично се покажаа, за разлика од оние што ги имаме сега Нема некои посебни совети за одржување-гледај да не истуриш течност на тастатура Со среќа да си го користиш, се надевам добро ќе те служи и нема да си имаш проблем со него
Со среќа да си го користиш. За подлогите нема да се сложам со Гринајс, значи Каринче ако седиш долго на интернет или гледаш филмови, или играш, значи подолого од 4-5 саат пази да е на тврда подлога, или да ти е во скут. Зошто кај лаптопите најчесто кулерите и отворите за циркулација на воздух се долу, па доколку ти е на пример на кревет или ќебе, од недотаток на воздух да се лади хард дискот може многу да ти загрее да не речам прегрее. Ако осетиш дека е многу топол, сврти го со тастаурата нагоре, за да има воздух да се олади. Исто не се сложувам со Гринајс за празнењето на батеријата, значи кога не е на полнач, не го оставај скрос да се испразни никако, Петко еднаш ме караше за ова. Батерија при активно користење би требало да издржи до кај 2-3 часа.
Јас би препорачала Dell на сите според мене се најдобри ,дечко ми има дел веќе 2ипол год ,јас и брат ми си земавме дел пред 2 месеци и сме презадоволна од него .
Не знам за болдираново, многу ретко сум повеќе од 2 саати без паузи на компјутер, така да не можам да знам. А кога сум била, мене лично не ми прегреал, ниту пак загреал повеќе од вообичаеното....Јас си кажав од искуство. За батеријата повеќе луѓе (не само дечко ми) ми кажале дека не било добро да се испразни пример до пола, па да го уклучиш, туку да се испразни скоро до крај (ама да не се исклучи лаптопот ) па да го уклучиш. Го спомнав дечко ми зашто него го слушам за се во врска со компјутери, инаку повеќе луѓе ми го кажале ова. Сепак, не сум стручна во тој поглед, па може ме излажале, не велам не. А за подлогата-па сигурно не би можела да издржи повеќе од 5 саати да е на неа лаптопот-тежок е бре за толку време да стои на тебе Кога пишав за подлогата, мислев на тоа дека не мора нон стоп на маса да стои, може и некое време во скут да го држи, не да си се завитка со него во ќебенце
Грин јас се извињавам, сум згрешила. Сега го прашав Петко што и како, и во право си, меѓутоа не да се чека лап-топот скроз да се испразни т.е. исклучи, туку кога батеријата ќе биде ептен при крај тогаш полнење, така по долговечна и потрајна ќебила батеријата. Тој ме карал мене зошто лап-топот се исклучил скроз а тоа не било добро за оперативниот систем.